Македонија
(ФОТО) СВР Охрид и ИПА денес подаруваа цвеќе за 8-ми март на припадничките од понежниот пол
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/03/cveke-2.jpg)
По повод Меѓународниот празник на жената 8. март, денеска припадници на Интернационалната полициска асоцијација ИПА Охрид, од отсекот за превенција и полициската станица за безбедност во сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Охрид, во соработка со РСБСП, на припадничките на понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија цвеќе, торбица со логото „Вози одговорно“ и едуативни флаери со совети за безбедно управување моторни возила.
Со ова, на сите припаднички на понежниот пол, им го честитаме 8 март, искажуваме почит кон жените учеснички во сообраќајот и е во знак на наше приклучување во одбележувањето на овој меѓународен празник.
Ги потсетуваме жените возачи да внимаваат при управувањето со моторните возила и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за Порта истакна првиот човек на ИПА Охрид и портпарол на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/07/fb_img_1721923959742.jpg)
Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Крушево, поради што истиот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани, за доаѓање на манифестација во Крушево на ден 01 и 02.08.2024 година треба да се користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево, известуваат од МВР.
Македонија
Од ноќеска нова намалена цена на горивата
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2020/10/lukoil-kicevo2020_portamk.jpeg)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2024 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,50 ден/лит.
Македонија
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2020/03/mvr_yeti.jpg)
На подрачјето на СВР Скопје изминатиов период регистрирани се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша женски глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи и СВР Скопје ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани веднаш да пријават во полиција, истакнаа од МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (26 јули)
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за сабота (27 јули)
-
Временска прогноза2 дена
Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои
-
Македонија1 ден
МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево
-
Спорт1 ден
Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига
-
Балкан6 часа
Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола
-
Технологија1 ден
Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?