Македонија
(ФОТО) СВР Охрид одржа свеченост по повод 7-ми мај „Денот на Полицијата“
Денеска во СВР Охрид, се одржа свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција. Во името на началникот на СВР Охрид, Игор Смилески, честитки до припадниците на СВР Охрид, упати портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
– Безбедносната состојба е стабилна и поволна на подрачјето на СВР Охрид а своите работни задачи, на безбедносен план, полициските службеници ги извршуваат законски, крајно професионално, неселективно и посветено, истакна во своето поздравно обраќање, портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.

– „СВР Охрид е легитимен фактор во одржувањето на безбедноста и во справувањето со безбедносните проблеми и предизвици, за заштита на личната сигурност на граѓаните и нивните материјални добра“, рече Димоски посочувајќи дека, во првите 4 месеци од оваа година, на подрачјето на Охрид, регистрирани се 184 кривични дела што е намалување во однос на цела 2024 година, кога биле пријавени 240 кривични дела.
Ефикасноста во расветлувањето на кривичните дела во првите 4 месеци од 2025 е 48 проценти а за цела измината 2024 била 51 процент.
Од областа не економскиот криминалитет, поднесени се 28 кривични пријави во првиот квартал од 2025 а за цела 2024 имало 20 кривични пријави.
Во областа на јавниот ред и мир, од почеток на годинава регистрирани се 56 прекршоци а во цела 2024 вкупно 110.

Претседателот на Советот на општина Охрид, Перчо Божиноски, го честиташе денот на македонската полиција на сите полициски службеници на СВР Охрид и им порача дека, тие се суштински факторот за одржување на поволната состојба на безбедносен план во Охрид и дека само со професионална, етичка и неселективна полиција, ќе се зачува сигурноста на граѓаните и туристите во Охрид.
Тој нагласи дека одлична е соработката на СВР Охрид со локалната самоуправа и дека тие се подготвени да работаат за понатамошно подигнување на безбедноста и сигурноста подржувајќи ги сите активности на охридската полиција што водат кон таа насока.

– Димитрија Стојчески, пензионираниот милицаец од времето на СФРЈ, со милициска униформа и присуство, и даде посебен белег на свеченоста. Кратко тој им го честиташе 7 мај на неговите колеги полицајци, им посака добро здравје и успешна работа.
– Денеска, по повод 7 мај – Денот на македонската полиција, во просториите не поранешната касарна во Охрид, свечен прием за припадниците на охридската полиција, организираше организацијата на ветерани од безбедноста и одбраната од Охрид, за Порта.мк информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Хороскоп22 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Кичево2 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Временска прогноза1 денСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Здравје и убавина1 денКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина3 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
