Македонија
(ФОТО) СВР Охрид одржа свеченост по повод 7-ми мај „Денот на Полицијата“

Денеска во СВР Охрид, се одржа свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција. Во името на началникот на СВР Охрид, Игор Смилески, честитки до припадниците на СВР Охрид, упати портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
– Безбедносната состојба е стабилна и поволна на подрачјето на СВР Охрид а своите работни задачи, на безбедносен план, полициските службеници ги извршуваат законски, крајно професионално, неселективно и посветено, истакна во своето поздравно обраќање, портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.
– „СВР Охрид е легитимен фактор во одржувањето на безбедноста и во справувањето со безбедносните проблеми и предизвици, за заштита на личната сигурност на граѓаните и нивните материјални добра“, рече Димоски посочувајќи дека, во првите 4 месеци од оваа година, на подрачјето на Охрид, регистрирани се 184 кривични дела што е намалување во однос на цела 2024 година, кога биле пријавени 240 кривични дела.
Ефикасноста во расветлувањето на кривичните дела во првите 4 месеци од 2025 е 48 проценти а за цела измината 2024 била 51 процент.
Од областа не економскиот криминалитет, поднесени се 28 кривични пријави во првиот квартал од 2025 а за цела 2024 имало 20 кривични пријави.
Во областа на јавниот ред и мир, од почеток на годинава регистрирани се 56 прекршоци а во цела 2024 вкупно 110.
Претседателот на Советот на општина Охрид, Перчо Божиноски, го честиташе денот на македонската полиција на сите полициски службеници на СВР Охрид и им порача дека, тие се суштински факторот за одржување на поволната состојба на безбедносен план во Охрид и дека само со професионална, етичка и неселективна полиција, ќе се зачува сигурноста на граѓаните и туристите во Охрид.
Тој нагласи дека одлична е соработката на СВР Охрид со локалната самоуправа и дека тие се подготвени да работаат за понатамошно подигнување на безбедноста и сигурноста подржувајќи ги сите активности на охридската полиција што водат кон таа насока.
– Димитрија Стојчески, пензионираниот милицаец од времето на СФРЈ, со милициска униформа и присуство, и даде посебен белег на свеченоста. Кратко тој им го честиташе 7 мај на неговите колеги полицајци, им посака добро здравје и успешна работа.
– Денеска, по повод 7 мај – Денот на македонската полиција, во просториите не поранешната касарна во Охрид, свечен прием за припадниците на охридската полиција, организираше организацијата на ветерани од безбедноста и одбраната од Охрид, за Порта.мк информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скооје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект глисер кој бил во водите на Охридското езеро, кај каналот „Студенчишта“, марка „Aquaviva 23“, сопственост на Н.С.(47) од Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема а предизвикана е материјална штета на глисерот како и на други два глисери кои биле закотвени во негова близина.
Врз запалениот пловен објект, веднаш интервенирале припадниците на езерската полиција, на сообраќајната полиција како и припадници на армискиот центар за обука на вода кои, од глисерот го отстраниле К.П.(24) од Охрид и со соодветна опрема за гасење, отпочнале со гасење на пожарот. Набрзо им се придружиле и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Охрид со што е спречено натамошно ширење на пожарот а повикана е медицинска екипа од Итната медицинска помош.
По насоки на јавен обвинител, на местото извршен е увид во присуство на полициски службеници, претставници од охридската капетанија на пристаништа.
Глисерот е одземен за понатамошни вештачења, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
СВР Охрид со засилени контроли во патниот сообраќај, изречени низа санкции

На 29.08.2025 година од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници извршиле контрола на 87 моторни возила, во Охрид ззатекнале 55 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената (22 надвор од населено место, 17 во населено место) како и 9 возачи кои на места каде со сообраќаен знак е забрането, извршиле престигнување на други возила (Кичево-06, Дебар-03). Против овие возачи, поднесени се соодветни платни налози.
Апелираме до возачите на моторни возила, крајно внимателно да ги управуваат своите моторни возила, да ги почитуваат сообраќајните знаци и другата вертикална и хоризонтална сигнализација.
– Воедно, упатуваме апел и до пешаците, велосипедистите и моторциклистите како учесници во сообраќајот, да бидат совесни и одговорни, пешаците да ги користат обележаните пешачки премини за премин на коловозите а велосипедистите и моторциклистите да користат заштитни кациги и друга неопходна опрема.
Секое спротивно однесување како и зборување на мобилен телефон при управувањето со возилата, ќе биде санкционирано согласно одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија4 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника2 дена
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!
-
Lifestyle2 дена
Три начини на кои тестенините можат да ви помогнат да ослабете