Македонија
(ФОТО) СВР Охрид реализираше едукативно-превентивна кампања „Не пиј кога возиш“, додека ОВР Кичево ја спроведе „Паркирај совесно, паркирај одговорно” за сите учесниците во сообраќајот

Изминатиов викенд, Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, ја реализираше едукативно-превентивната кампања – „Не пиј кога возиш“. Целта на кампањата е насочена кон подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот а пред се кај возачите на моторни и други возила што треба да придонесе за повисока безбедност во сообраќајот.
Притоа, полициските службеници од Отсекот за превенција, во соработка со полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид и со Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата, на повеќе пунктови во градот и во приградските населби, на возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот, низ непосредна комуникација им укажуваа на доследно придржување кон правилата и прописите во сообраќајот, почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација, исклучиво придржување кон дозволената брзина на движење со моторни возила и некористење мобилни телефони во текот на возењето.
Посебно беше посочено дека, управување моторно возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано и дека законските санкции, во такви случаи, ќе бидат доследно и неселективно применувани. На возачите на моторни возила, им беа поделени летоци и друг едукативен материјал со низа практични совети кои водат кон јакнење на личната, но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Истовремено и полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при ОВР Кичево, на подрачје на Кичево ја спроведоа едукативно-превентивната кампања „Паркирај совесно, паркирај одговорно”. Полициските службеници во непосредните контакти со возачите на моторни возила како учесници во сообраќајот, укажуваа на потребата и законската обврска за одговорно придржување до законските одредби за безбедност во сообраќајот. Воедно, на возачите им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП, известува Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение

Продолжува лекувањето на пациентите во земјава и во странство. Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти.
На Клиника за пластична хирургија во моментот се хопитализирани – 10 пациенти,
На Клиника за токсикологија – 10
На Торакална – 4
на трауматологија – 2,
на Детска хирургија – 4,
на КАРИЛ – 13,
На Клиника за пулмологија – 2
Во ОБ Штип – 2
Во ГОБ 8 септември -17
Во Хируршката клиника „Св Наум Охридски“ -11
Според информациите од медицинските центри во Австрија, од шест пациенти, пет се на интензивно лекување во стабилна состојба, додека еден е префрлен на интерно одделение.
Во Литванија – четири пациенти се на интензивно лекување во стабилна состојба.
Петтемина пациенти повредени во пожарот во Кочани кои беа испратени на лекување во Анкара, Турција, од денес дишат самостојно.
Во Србија во моментот се лекуваат 30 пациенти, кои се на интензивно лекување во стабилна состојба.
Во здравствени установи во Бугарија се лекуваат 14 пациенти, од кои седум се на интензивна нега, а останатите се со помал процент на изгореници и самостојно дишат.
Во Грција се лекуваат осум пациенти, кои се стабилни и има подобрување на состојбата од претходниот ден.
Во текот на ноќта се очекува пациенти да бидат упатени во европски центри, за што Министерството за здравство изразува благодарност за поддршката која ни се пружа од првиот момент од нашите меѓународни партнери.
Македонија
Агенцијата за цивилно воздухопловство и МВР со важно известување за корисниците на воздухоплови без екипаж „дронови“ за територија Кочани и Штип

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на градовите Кочани и Штип.
Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја.
Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство.
Апелираме до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, истите да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата.
Македонија
Јанев: Со натчовечки сили работиме да ги подобриме безбедносните стандарди да таквите несреќи повеќе не се повторат, нема да има поколебливост во одлучноста за правдата без исклучок!

Со длабока тага, сочувство и присебност ги следиме трагичните настани што го потресоа нашиот град Кочани. Од име на Бирото за јавна безбедност, изразуваме најдлабоко и искрено сочувство до семејствата и пријателите на сите оние кои ги загубија своите сакани во оваа катастрофална трагедија. На сите повредени им посакуваме брзо и успешно закрепнување.
Како прв човек и директор на БЈБ, можам да ве уверам дека ќе направиме сè што е во наша моќ, знаење и капацитет за темелно да ги истражиме причините за оваа трагедија и да ги донесеме одговорните пред лицето на правдата без исклучок за кого се работи.
Од првиот ден на моето назначување со тимот околу мене, нашата постојана посветеност е да го демонтираме и уништиме монструмот кој е раширен како канцер низ целиот институционален систем, монструмот што е создаван и растен со децении во нашата Македонија.
Лично јас, од првиот ден кога сум вработен во МВР, а и кај секој еден чесен професионалец на полицијата, немало и нема да има поколебливост во одлучноста и решителноста да ги извојуваме битките кои водат кон успех и победа над овој институционален криминал.
Верувајте, работиме со натчовечки сили да ги подобриме безбедносните стандарди и да се осигураме дека таквите несреќи нема да се повторат.
Во овие тешки моменти, ние како заедница треба да се сплотиме и да се поддржуваме едни со други. Како и претходно, и сега ја повикуваме целата јавност, сите општествени и чесни институционални чинители да ни се приклучат во уништување на монструмот.
Заедно, ние ќе го надминеме ова искушение и ќе го истрасираме и изградиме патот кон побезбедна иднина за сите нас, истакна директорот на БЈБ, Александар Јанев на својата социјална мрежа.
-
Кичево14 часа
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Балкан1 ден
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
-
Кичево1 ден
Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани
-
Македонија5 часа
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение
-
Македонија1 ден
Поради снег предмалку воведена забрана за ТТВ на Стража, Маврово-Дебар
-
Македонија12 часа
Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!
-
Временска прогноза22 часа
Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме
-
Македонија2 дена
Градоначалникот на Кочани поднесе оставка, „Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот“