Следете не

Македонија

(ФОТО) СВР Охрид со кампања за заштита на граѓаните и туристите од кражби

Објавено пред

на

СВР Охрид со кампања за заштита на граѓаните и туристите од кражби
Отсекот за превенција при СВР Охрид, деновиве спроведува превентивно едукативни активности со цел, заштита на граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид, од сторители на кражби, џебни кражби и други имотни деликти.

Полициски службеници од отсекот за превенција, на повеќе локации во градот, остваруваат кратки средби со граѓани и туристите кои престојуваат во Охрид и ги посетуваат туристичките комплекси на подрачјето и, низ кратки разговори, ги потсетуваат на потребата од поголема грижа за паричниците и другите лични и вредни предмети што ги имаат, да не ги оставаат необезбедени со што стануваат лесно достапни до сторителите и се предмет на кражби и џепни кражби.

Притоа, прецизно им се укажува на можните форми и начини на вршење на овие кривични дела, како и за неопходните основни мерки за заштита од сторителите на имотните и други деликти. На граѓаните и туристите, им се делат едукативни флаери со низа практични совети, со цел поефикасна заштита на нивните вредни предмети и друга лична сопственост, како и  зголемување на нивната безбедносна култура.

Оваа проектна активност е во рамките на концептот „Полициско работење во заедницата“, кое подразбира градење посилен партнерски однос помеѓу полицијата и граѓаните во спречување, намалување, откривање и решавање на безбедносните проблеми и предизвици, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Македонија

Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато

Како дел од работните активности на Министерството за внатрешни работи, заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денес оствари работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато.

Во рамки на посетата, заменик министерот Исени се запозна со тековните активности, со предизвиците со кои се соочуваат службите, како и со начинот на нивно надминување.

На средбата се разговараше и за актуелната безбедносна состојба во регионот, при што беа презентирани најновите трендови на криминалитетот и мерките што се преземаат за негово спречување и навремено откривање.

„Безбедноста и владеењето на правото остануваат врвен приоритет на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата,“ истакна заменик министерот Исени.

Со оваа посета, МВР уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон унапредување на безбедносните стандарди, поддршка на локалните полициски структури и континуирана работа на терен за поголема заштита на граѓаните и јавниот ред и мир, истакна МВР на социјалните мрежи.

Прочитај повеќе...

Македонија

АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин

Објавено пред

на

На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради излетано тешко моторно возило на патот, сообраќајот е во прекин, известува АМСМ.

Прочитај повеќе...

Македонија

Во недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Lucian Alexe

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира граѓаните дека, согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од 28 март 2025 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето за оваа година ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.

Со прекинот на летното сметање, во недела наутро, точно во 03:00 часот, часовниците ќе треба да се вратат еден час наназад, така што времето 03:00 ќе се смета како 02:00 часот.

Оваа одлука е донесена во согласност со редовната годишна процедура за прилагодување на сметањето на времето и е во насока на усогласување со стандардите и регулативите што важат во земјите од Европската Унија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп6 часа

Хороскоп за среда (29 октомври)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Фото: Salvador Rios @ unsplash Фото: Salvador Rios @ unsplash
Магазин18 часа

Илон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia

Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа новата онлајн енциклопедија Grokipedia, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин18 часа

WhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица

Сè повеќе постари лица стануваат мета на онлајн измами, а „Мета“ конечно презема чекори за да го намали овој растечки...

Фото: Liliana Drew @ pexels Фото: Liliana Drew @ pexels
Lifestyle18 часа

Како да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии

Ако мислевте дека чистењето на решетката од рерната е невозможна мисија, време е да го промените мислењето! Постојат домашни трикови...

На денешен ден19 часа

Светот на денешен ден (28 октомври)

1492 – Кристофер Колумбо ја открил Куба за време на своето прво патување преку Атлантскиот океан и ја прогласил за...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (28 октомври)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин2 дена

One UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите

Новата функција „Приоритизирај ги известувањата“ во Samsung One UI 8.5 ќе им помогне на корисниците да ги задржат најважните известувања...

Фото: Shutter Speed @ unsplash Фото: Shutter Speed @ unsplash
Магазин2 дена

Instagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа

Многу корисници долго време ја бараа, а Instagram конечно ја воведува – новата функција „Watch History“ која овозможува да ги...

Фото: Jonas Leupe @ unsplash Фото: Jonas Leupe @ unsplash
Магазин2 дена

Како да го смените фонтот на вашиот Android телефон

Една од најголемите предности на Android е тоа што овозможува целосна персонализација на изгледот на телефонот – од теми и...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин2 дена

Meta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp

„Meta “ ја ажурираше својата политика за WhatsApp Business API, со која ќе ги забрани четботовите со вештачка интелигенција за...

НАЈЧИТАНИ