Следете не

Македонија

(ФОТО) СВР Охрид спроведе активност ,,Користи зимска опрема“ за зголемување на безбедноста во сообраќајот

Објавено пред

на

Министерство за внатрешни работи

Од почеток на годинава, СВР Охрид и РСБСП, отпочнаа со реализација на проектни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Притоа, полициски службеници од отсекот за превенција, во рамки на кампањите ,,Користи зимска опрема“ ,,,Биди одговорен -не пиј додека возиш“, низ непосредна комуникација со возачите на моторни возила во сообраќајот им укажуваат на неопходноста од внимателно возење спрема условите и состојбите на патот, на можните последици од неприлагодената брзина како и на придржување до законската обврска за носење и соодветна употреба на зимската опрема.

Полициските службеници, на возачите им поделија едукативни летоци со корисни сообраќајни совети, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Македонија

Полицијата приведе дебарчани кои биле затекнати на незаконит лов

Објавено пред

на

На 16.02.2024, полициски службеници од Полициската станица Дебар ги лишиле од слобода Ќ.М.(42) од с.Мал Папрадник, општина Центар Жупа, Ј.Р.(42) од с.Броштица, општина Центар Жупа и Б.А.(50) од с.Житинени, општина Центар Жупа.

Околу 14.30 часот на ловиште „Канео Стогово“ тие биле затекнати од ловочувар при извршување на незаконит лов. Кај нив биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бенели“, повеќе ловечки патрони од различен калибар, усмртено диво животно и други предмети кои ги употребиле при вршење на делото.

Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

(ВИДЕО) МВР: Кривична за примање поткуп на ГП Ќафасан

Објавено пред

на

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал и корупција, поднесе кривична пријава против К.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 и против Г.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршување кривично дело“ по член 365 од Кривичниот законик.

Првопријавениот К.М., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, на 04.01.2023 од тројца државјани на Република Албанија примил пари за да не изврши службено дејствие.

Додека, второпријавениот Г.Б., полициски службеник во истата полициска станица, дејствијата извршени од првопријавениот ги сокрил, односно му помогнал да не биде откриен.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за двајцата полициски службеници ќе поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР со важно известување до граѓаните

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Република Северна Македонија, дека согласно Правилникот за изменување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ на 12.02.2024 година, рокот за замена на регистарските таблици кои ја содржат ознаката „МК“ и на регистарските таблици кои немаат никаква ознака или ставање на налепница на која е испишана ознаката „НМК“ се продолжува најдоцна до 31 декември 2024 година.

Исто така, ги информираме оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името “Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт3 часа

Фудбалската федерација на Македонија одржа работилница со лицата задолжени за односи со медиумите на клубовите од македонската фудбалска лига

Фудбалската федерација на Македонија организираше работилница наменета за лицата во клубовите од Прва и Втора МФЛ и Прва женска фудбалска...

Хороскоп8 часа

Хороскоп за петок (23 февруари)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Спорт15 часа

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на зимски камп во Кичево до 25 февруари

Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2008 година), моментално се наоѓа во Кичево на зимски тренинг камп,...

Автомобили19 часа

Што значат бројките и буквите на гумите?

На гумите има многу различни ознаки, секоја од нив има специфична функција, односно секој е важен на свој начин. За...

Магазин19 часа

Нов закон на ЕУ за батерии: Наскоро секоја ќе мора да има „пасош“

Од 18 февруари почна да се применува Регулативата на Европскиот парламент и Советот на ЕУ за батериите. Целиот животен циклус...

Магазин19 часа

Можете ли да го исушите вашиот мобилен телефон во ориз? Еве што вели Apple

Сигурно сте слушнале дека ако ви се намокри мобилниот, треба да го ставите во ориз. Сепак, и покрај популарноста на...

Магазин19 часа

ChatGPT добива „меморија“

Разговорот со чет-бот со вештачка интелигенција по некое време може да се чувствува како Ден на громот, бидејќи по којзнае...

Магазин19 часа

iMessage добива шифрирање што дури ни квантните компјутери не можат да го пробијат

Apple успеа да создаде систем отпорен на квантни технологии Apple неодамна објави дека ќе воведе нов стандард за шифрирање, познат...

Магазин19 часа

Излезе првата листа на уреди на Samsung кои добиваат Galaxy AI на крајот на март

Galaxy AI беше ексклузивен за новата серија на телефони Galaxy S24, но тоа ќе се промени бидејќи ќе излезе првата...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (22 февруари)

ОВЕН Иако вашите очекувања не се преголеми, денес е неповолен ден за вас, па тешко дека ќе успеете да остварите...

НАЈЧИТАНИ