Следете не

Македонија

(ФОТО) СВР Охрид спроведе едукативна кампања за дечиња „Мојот пријател полицаец“

Објавено пред

на

Вчера (03.10.2024) Отсекот за превенција при СВР Охрид, почна со реализација на едукативната кампања наменета за најмладите „Мојот пријател полицаец“. Притоа, полициски службеници, ја посетија детската градинка „Росица“ и низ интерактивен пристап, на 65 дечиња од предшколска возраст, им одржаа едукативни предавања со посебен акцент на областа безбедност во сообраќајот, а им поделија и соодветен едукативен материјал со низа практични совети од областа на сообраќајот.

Целта на оваа активност е запознавање на децата со улогата на полицаецот и запознавање со основните правила и прописи во сообраќајот, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.

Македонија

Од утре започнува законската одредба за поседување зимска опрема

Објавено пред

на

Од петок – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година).

Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:

· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала ( 4×4 ) се подразбира:

· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:

· зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

· пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала

· автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Прочитај повеќе...

Македонија

СВР Охрид вчера одржа состанок со надлежни субјекти по повод зимската сезона

Објавено пред

на

©porta.mk

Во врска со престојната зимска сезона 2024/2025 година, СВР Охрид вчера (12.11.2024 година), одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работаат на изградба на автопатот Охрид-Кичево.

Целта на состанок е координација  и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови.

Притоа, беа ажурирани работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона и прецизно се дефинираа задачите и обврските на сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика.

На работниот состанок беа утврдени материјално техничките средства и човечките ресурси со кои располагаат надлежните јавни претпријатија за одржување на патиштата и улиците, нивната подготвеност за преземање на мерки за зимско одржување на патиштата, навремено известување и координација за состојбата на патиштата.

Работниот состанок значи уште еден обид за синхронизирање и координирање на мерките на сите субјекти поврзани со зачувување на употребната вредност на патиштата и високо ниво на функционална состојба што треба да овозможи непречен и безбеден сообраќај во зимски услови, за Порта.мк денес истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Што дишам? Од денес повторно активен графичкиот приказ за квалитет на воздух застапен во Кичево, во „ПМ10 и ПМ2,5“ честички

Објавено пред

на

Овој период од годината секогаш загаденоста преовладува, а таа промена речиси и да нема човек кој не ја чувствува. Токму од денес го активиравме визуелниот „widget“ или „графички приказ“ за квалитет на воздухот кој „realtime“ односно автоматизиран секој час ќе дава нови резултати базирани, астапени во нашиот град Кичево во мерна единица „ПМ10 и ПМ2,5“, но и „NO2“, „SO2“. Повторно на ваше барање за полесно и подостапно информирање околу квалитетот на воздухот – благодарение овој пат на достапноста од „Аqicn.org“ и мерните станици под Министерството за животна средина и просторно планирање, кои даваат информаци и истите се јавно достапни за сите.

Графичкиот приказ ќе го најдете во било кој натпис поставен на нашиот медиум, во средината, како во примерот:

Инаку, индексот за квалитет на воздух се користи за опис на квалитетот на воздухот на едноставен начин преку лесно разбирлива колор шема. Се заснова на средни часовни вредности на концентрациите на загадувачките супстанции, и дава карактеризација на квалитетот на воздухот.

Колор шемата соодветствува со нивоата на концентрација.

Индексот ги зема во предвид концентрациите на сулфур диоксид (SO2), азот диоксид (NO2), суспендирани честички (PM10), фини честички (PM2,5), озон (O3) и јаглерод моноксид (CO). Измерените концентрации се споредуваат со постојните упатства за квалитет на воздухот.

Кога сме кај „ПМ10 и ПМ2,5“ честичките, ви презентираме неколку работи кои треба да ги знаете:

Зошто се ПМ 10 честичките толку лоши?

Со самото дишење на ПМ 10 честичките, кои во неколку наши градови ги има и по пет пати над дозволените количини, сте сè поблиску до некоја од следниве последици:

  • Прерана смрт
  • Смрт како последица на дишење воздух со премногу честички
  • Проблеми со дишењето
  • Астма
  • Силно кашлање
  • Болки при дишењето
  • Хроничен бронхитис
  • Намалена функција на белите дробови
  • Проблем да се земе здив
  • Зголемување на ризикот од срцев удар
  • Зголемување на ризикот од заболување од рак
  • Зголемување на ризикот од аномалии кај новороденчињата

Кој е изложен на најголем ризик?

Фактот што смртноста е многу поголема во загадените подрачја кажува дека сите се изложени на ризик, но најчувствителни на него се децата, постарите лица и лицата кои веќе имаат срцеви или респираторни болести.

  • Децата страдаат поради тоа што нивните бели дробови сè уште се развиваат и им е потребен повеќе воздух отколку на возрасен човек. Кога кревкиот детски организам е изложен на ПМ 10 честичките, кај него почесто се појавуваат детски болести и што е најстрашно, белите дробови може да не се развијат како што би можеле кога воздухот би бил чист. Ваквиот воздух им ја намалува нивната функција уште додека се мали и потоа е доцна за подобрување на ситуацијата. Со тоа расте и ризикот за заболување од астма.
  • Постарите луѓе страдаат од загадениот воздух на начин што умираат порано. Пред да се соочат со смртта како последица од загадувањето, тие почесто ќе го посетуваат лекарот.
  • Луѓето кои имаат проблеми со респираторни или срцеви заболувања имаат потреба од исклучително здрав остаток од животот, но загадениот воздух не им го овозможува тоа. Тој предизвикува симптомите на нивната болест да се засилат и да им ја влошат состојбата.

Што се тоа ПМ2,5 честички?

Овие воздушни честички се категоризирани согласно големината, и во исто време, се еден од главните причини за намалената видливост. Честичките со големина на дијаметарот помала од 50 микрометри се класифицирани како вкупни суспендирани честички (TSP). PM2.5 се таканаречените фини честички со големина помала или еднаква на 2,5 микрометри.

PM2.5 директно потекнуваат од емисијата на примарни честички, или се создаваат преку секундарни реакции кои вклучуваат емисии на VOCs, SO2 и NOX од индустриски и енергетски постројки, автомобили (особено камиони и автобуси кои користат дизел горива) и останати извори на согорување.

Kонцентрациите на PM2.5 во зимскиот период се повисоки споредено со нивните  концентрациите во текот на останатите временски сезони. Исто како и кај PM10 тоа е предизвикано од разните типови на емисија од производствените процеси, сообраќајот, согорувањето на дрва за греење во домаќинствата, согорувањето на земјоделски отпад итн. во комбинација со непогодните метеоролошки услови. PM2.5 како најлесни честички најдолго остануваат во воздухот и како резултат на воздушните струења (хоризонтални и вертикални) носени од ветерот, иако генерирани во една држава може да влијаат на нивоата на PM2.5 во областите од други држави кои се наоѓаат во насоката на воздушните струења.

1. Големина на ПМ-10 честичките

ПМ-10 честичките се именувани според нивната големина – тие имаат помалку од 10 микрометри. За споредба, човечкото влакно од коса е широко околу 100 микрометри. Додека поголемите честички се спречени на патот до нашиот респираторен систем, на пример во носот, овие честички продираат дури до белите дробови.

2. Состав на честичките

ПМ-10 честичките можат да бидат со различен состав, заедничка им е само големината. Тие се мешавина од чад, саѓи, прашина и киселини со тешки метали.

3. Квалитет на воздухот

Кога концентрацијата на овие честички во воздухот е помеѓу 0 и 20 микрограми на метар кубен, ние велиме дека квалитетот на воздухот е одличен и добар е додека не надмине 40 микрограми. До 50 микрограми е прифатлив, а доколку се надмине 50 можеме да кажеме дека воздухот е загаден. Ако концентрацијата на честички е над 100 микрограми, што често се случува кај нас, велиме дека воздухот е многу загаден.

4. Здравствени проблеми

Долга е листата на здравствени проблеми што може да бидат предизвикани од вдишување ПМ-10 честички. Може да се појави навлегување на отровни материи во крвта, алергиски реакции, бактериски и габични инфекции, фиброза, респираторни проблеми…

5. Хируршката маска не помага

Хируршката маска не е корисна во борбата против ПМ-10 честичките, а корисни се нано маските. Но, нано маските кај нас не се во продажба.

6. Извори на загадување

Постојат бројни извори од кои се појавуваат овие честички – од термоцентралите до автомобилите. Секако, тука се и природните извори, како шумските пожари, па дури и пудрата за лице може да биде еден од загадувачите.

Извор на текст: air.moepp.gov.mk

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

Од утре започнува законската одредба за поседување зимска опрема

Од петок – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот...

Временска прогноза7 часа

Започнаа врнежи од дожд, на повисоките места истото ќе премине во снег, ова се денешните детали

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, која е во склоп со висинскиот циклонски систем кој се...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за четврток (14 ноември)

ОВЕН Not seeing a widget? ( More info ) Решението на ситуацијата која ве мачи може да биде многу добро...

Спорт16 часа

Милевски и Димитриевски со позитивна енергија го дочекуваат утрешниот меч против Летонија

Во пресрет на утрешниот натпревар против Летонија од 5. коло во групата од Лига на нации, прес-конференција одржаа селекторот на...

Македонија19 часа

СВР Охрид вчера одржа состанок со надлежни субјекти по повод зимската сезона

Во врска со престојната зимска сезона 2024/2025 година, СВР Охрид вчера (12.11.2024 година), одржа работен состанок со надлежните субјекти од...

Спорт23 часа

Македонската женска репрезентација ги доби противниците од групата 6 и Ц лигата во рамките на Лигата на нации

Македонската женска А репрезентација на извлекување во УЕФА за новото издание на Лигата на нации за противници ги доби селекциите...

Магазин1 ден

Notepad нема да биде ист повторно: Програмата што постои од 1983 година добива голема промена

Microsoft продолжува да ја проширува употребата на вештачка интелигенција во своите алатки, овој пат вклучувајќи го и Notepad. Овој текст-уредувач,...

Свет1 ден

Википедија под зголемена контрола во Индија

Судските постапки против Википедија во Индија продолжуваат, бидејќи земјата се стреми кон поголема контрола врз содржините на платформата. Министерството за...

Магазин1 ден

5 работи што треба да ги проверите пред да купите паметен часовник

Паметните часовници повеќе не се само додаток за љубителите на технологијата – тие станаа клучна алатка за продуктивност, лично здравје...

Хроника1 ден

Трагедија во Охрид: Во сообраќајка ноќеска загина тинејџер, додека неговиот сопатник е тешко повреден

На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат  Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил...

НАЈЧИТАНИ