Кичево
(ФОТО) Сообраќајна несреќа се случила предмалку на магистралниот пат во Кичево

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат во Кичево, во близина на бензинските пумпи. Во несреќата од неофицијални извори ПМВ „БМВ“ со македонски регистарски ознаки од за сега непознати причини изгубило контрола и се забило во бетонската столб-ограда каде има поставено метални улични осветлувања, направена е материјална штета.
ОВР Кичево се излезени на терен и се врши увид, додека сообраќајот се движи непречено по една коловозна лента.
Повеќе информации за тоа колку лица имало и видот на повредите очекуваме од СВР Охрид во текот на денот
Апелираме за поголемо внимание и прилагодување на брзината според поставената патна и сообраќајна сигнализација.
ФОТО: аматерска фотографија/случајни минувачи
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
Кичево
АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево
Заштеди веднаш, само во АТВА Маркети!
Кичево
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

-
Кичево2 дена
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево17 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника2 дена
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Македонија23 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија2 дена
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хроника22 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот