Следете не

Култура

(ФОТО) Вчера се одржа Светата Литургија во Долнодримколскиот Манастир на Св. Арх. Гавриил

Објавено пред

на

Bigorski.org.mk

Благодатта на неискажливите Божји Таинства е таа која ги обновува Христовите луѓе и им дава да го победуваат овој свет. Без благодатта никој не би се спасил. Светиот Апостол Павле вели: „Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – Божји дар е“ (Ефес. 2,9). А пак, за да дојде благодатта во нашиот живот и во нас, потребно е наше содејство, наша соработка, та да  направиме од себеси сад кој ќе може да ја задржи благодатта. Најдостојнот, најчистиот, најприемчивиот сад кој се удостои во себе да го смести целото Божествено Битие е Пресветата Дева Богородица Марија. Тој најголем настан во историјата се случи со посредство на Великиот Архистратиг, Архангел Гавриил, чијшто Собор денес го прославуваме. Светиот Архангел Гавриил кој многупати се јавувал во историјата, секогаш носејќи блага вест од Бога, и денес ни донесе благовест и благодат, да се израдуваме на заживувањето на неговиот некогаш славен Манастир.

Имено, во негова чест е изграден древниот Долнодримколски Манастир, за чиешто оживување, по желбата и молитвите на нашиот почитуван архипастир, Митрополитот г. Тимотеј, нашите монашки заедници, на чело со возљубениот ни Старец, Епископот г. Партениј, со особена љубов и жртва се посветија за негово заживување. Имено, денес, по цели осумдесет години запустеност, манастирот на Светиот Архангел Гавриил во Долни Дримкол заживеа со Света и Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше нашиот Преосветениот Антаниски. Нему му сослужуваа браќата архимандрити, јеромонаси и јероѓакони од Бигорски и на нашата голема радост и благоговејните свештеници: о. Ристе Наумоски од Враништа, о. Миле Ангелковски од Дебар, о. Павел Крцоски од Охрид, како и почитуваниот протоѓакон на нашиот драг Митрополит, г. Николче Ѓурѓиноски.

Пред почетокот на Божествената Литургијата, на нашиот Старец му беше подарен надбедреник со претстава на Светиот Архангел Гавриил од страна на г. Томе Пеев, во знак на благодарност за неговите заложби за Манастирот и во спомен на првата богослужба по 80 години. Историската богослужба во тој храм воскресна во душите наши спомен за славните предци со голема вера и љубов за Бога.

По читањето на Светото Евангелие, Преосветениот Епископ г. Партениј, им се обрати на присутните со душеполезна беседа која всади благодарност и љубов кон бестелесните Божји служители.

Денешната Божествена Литургија отслужена во Долнодримколскиот беше навистина како една песна на благодарност и славословие, подигната до небесата од нашите срца, заради тоа што нашиот Господ ги отвори небесните двери и ја излеа Својата благодат врз нас, дозволувајќи ни да се собереме во овој свештен храм, посветен на Светиот Архангел Гавриил, по цели осум десетлетија.

Се радуваме за воскреснувањето на оваа Светиња, сведок на нашата историја и нашата душевна врска со Бога. Нека ова свето место, кое повторно оживува, биде наше прибежиште и извор на духовна сила. Нека ни служи како потсетник дека, со Божја милост, секоја разрушена душа може повторно да се обнови и секое срце, со вера и покајание, може да се наполни со Божествена светлина, истакнаа од Бигорскиот Манастир.

Мал дел фотогалерија, додека повеќе ќе најдете на официјалниот линк ТУКА

Култура

Утре е Св. Ѓорѓија, заштитник на сиромашните, лекар на немоќните – за многу години слава и именден!

Објавено пред

на

Утре верниците со православна вероисповед го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава и се чекаат гости денес и утре, овој голем ден се празнува и како именден и како слава на цели села и градови. „Како ослободител на плениците и заштитник на сиромашните, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души“.

Овие стихови пред векови му беа посветени на празникот кој се одбележува денес за Свети великомаченик Георгиј Победоносец

Во жестоката борба меѓу доброто и злото, издржал надчовечки мачења и станал Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се. На иконата Св. Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. Приказот на свети Ѓорѓија како ја убива ламјата е заснован на попууларна легенда во христијанската митологија.

Според легендата Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета. Во 494. тој е прогласен за светец.

Во Македонија постојат многу цркви посветени на Св.Ѓорѓија, од кој најстара е онаа во преспанскиот регион, близу до живописното село Курбиново, во пазувите на планината Пелистер.  Според времето на живописување, забележано на натписот на северната страна со грчка сигнатура, се претпоставува дека црквата била подигната во годината 1191.

Она што импресионира и восхитува во оваа црква е нејзиниот живопис, што заедно со оној од црквата Свети Пантелејмон крај Скопје, претставува едно врвно и оригинално остварување од периодот на Комненската уметност во Македонија.

Прочитај повеќе...

Култура

Помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава домаќини, за многу години!

Објавено пред

на

©porta.mk

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.

Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

Епископ Г. Партениј Антаниски

Епископ Г. Партениј Антаниски

Инаку да потсетиме, од вчера вечер во нашиот преубав кичевски Манастир Св.Богоридица Пречиста, во чест и по повод празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста до рано утрово се реализира сеноќно Бдение кое започна од вчера 22:00ч, каде чиноначалствуваше нашиот духовен татко, Епископ Г. Партениј Антаниски.

За многу години домаќини!

Прочитај повеќе...

Култура

Викарниот Епископ на ДКЕ – Партениј, отслужи Заупокоена Света Литургија во чест на блаженоупокоениот г. Тимотеј

Објавено пред

на

bigorski.org.mk

Во духот на длабоката почит и љубов кон својот архипастир, викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Преосвештениот г. Партениј, отслужи Заупокоена Света Литургија во чест на блаженоупокоениот митрополит г. Тимотеј. Литургијата се одржа во храмот „Св. Климент Охридски“ на Плаошник, Охрид, соборувајќи бројни свештенослужители, монаштво и верен народ, кои се собраа да го испратат својот сакан архијереј со молитви за неговиот вечен покој.

Викарниот епископ г. Партениј, кој со години служејќи во рамките на Дебарско-кичевската епархија беше духовно и пастирски поврзан со митрополитот Тимотеј, го предводеше богослужението заедно со архимандрити, свештеници и ѓакони од епархијата. Чесните мошти на митрополитот Тимотеј беа изложени во центарот на храмот, каде што верниците изразија својата почит и благодарност за животот и делото на својот архипастир.

Дебарско-кичевската епархија, како дел од која се наоѓаат многу цркви и манастири, беше под духовната грижа на митрополитот Тимотеј, чиј архипастирски труд овозможи не само обновување, туку и силен духовен раст на монаштвото и свештенството. Викарниот епископ г. Партениј, како негов најблизок соработник, со посебна љубов и послушание ги следеше пастирските начела на својот архиереј, сведочејќи за единството и посветеноста во служењето на Црквата, а во текот на службата ја истакна големината на љубовта и пожртвуваноста на митрополитот Тимотеј, кој со своите благословени раце замонаши и ракоположи многу од сегашните монаси, јероѓакони, свештеници, јеромонаси и архимандрити.

Оваа заедничка грижа и духовно раководство во епархијата продолжуваат да бидат сведоштво за длабокото наследство што митрополитот Тимотеј го остави зад себе. Народот, свештенството и монаштвото на Дебарско-кичевската епархија се соединуваат во молитвата и надежта дека Бог ќе го прими својот верен слуга во вечната радост на Небесното Царство.

Светиот архијерејски синод на МПЦ–ОА одреди датумот за погребението на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе се одржат во четврток, на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот, под началство на Архиепископот г.г. Стефан и надлежните архијереи.

Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир, каде што ќе почиваат моштите на саканиот архиереј.

Царство небесно и вечен спомен на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј!

Галерија од настанот – ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт3 минути

Две македонски судијки добија ФИФА знак, додека македонската „А“ футсал репрезентација ќе одигра два натпревари против Холандија и Андора

Уште едно големо признание од страна на ФИФА доби судиската организација при Фудбалската федерација на Македонија. Две наши судијки официјално...

Магазин9 минути

Експертите објаснуваат дека Биткоинот соборува рекорди поради фактори кои не се поврзани со Трамп

Причината за тоа првенствено треба да се бара во фактот што инвеститорите сметаат на поголема политичка и регулаторна поддршка од...

Магазин7 часа

Телефонот ненадејно се исклучува на студ: Совети за заштита на батеријата во зима

Ниските зимски температури може значително да влијаат врз работата на вашиот паметен телефон. Производителите предупредуваат дека долгото изложување на студ...

Хороскоп21 час

Хороскоп за среда (11 декември)

ОВЕН Ви доаѓаат непријатни вести. Идејата што ја имавте, а се однесува на вашето семејство, станува неизводлива со овој пресврт....

Кичево23 часа

Ивана од Кичево и оваа година изработи новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно

Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како и ланската година ТУКА, продолжува и оваа...

Македонија1 ден

МВР денес спроведе акција со обвинители на ГОКК во Битола, Неготино, Кичево, Велес и Скопје

Денеска (10.12.2024) беше спроведена координирана полициска акција под директно раководство на двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење...

Спорт1 ден

Познати 1/4 финалните парови за Купот на Македонија во фудбал, додека Комисијата за натпревари изрече службена победа за гостинска екипа

Денеска на „Куќата на фудбалот“ беа извлечени четвртфиналните парови за најмасовното натпреварување во нашата земја, Купот на Македонија. Осум екипи...

Lifestyle1 ден

Кое сирење е најдобро за здравјето на срцето?

Одржувањето на здраво срце зависи од многу фактори, а исхраната игра клучна улога. Диететичарите предупредуваат дека изборот на сирење може...

Lifestyle1 ден

7 намирници кои помагаат во намалување на крвниот притисок

Високиот крвен притисок, или хипертензија, е значаен здравствен проблем кој може да доведе до сериозни компликации. Но, исхраната богата со...

Магазин1 ден

iPhone SE 4 пристигнува наскоро со камера од 48 MP и 2x оптички зум

Apple планира да го претстави iPhone SE 4 во март 2025 година, со значителни надградби кои ветуваат дека ќе го...

НАЈЧИТАНИ