Следете не

Македонија

(ФОТО+ВИДЕО) МВР со Хеликоптер ја пронајде жената од бродско која беше пријавена за исчезната

Објавено пред

на

Министерство за внатрешни работи

Денеска (04.01.2023) полициски службеници од Одделот за воздухопловни единици при МВР во координација со СВР Битола во реонот на с. Требовлје ја пронајдоа и безбедно ја пренесоа В.Н. (55) од с.Косово, Македонски Брод, за која од страна на нејзиниот брат Б.Н.(50) на 01.01.2024 во ОВР Македонски Брод беше пријавено дека се оддалечила од домот. В.Н. е предадена на медицинскиот персонал во Клинички центар “Мајка Тереза”. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето и В.Н. денеска е пронајдена.

Македонија

СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски

Објавено пред

на

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои деновиве, преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, лажно претставувајќи се, вршат измами за случени сообраќајни незгоди во кои, наводно, жртви или тешко повредени биле членови на нивните семејствата или други нивни роднини.

Со тоа создаваат огромна вознемиреност кај граѓаните, а целта на овие измами е да изнудат пари за наводна помош при понатамошната постапка.

– Апелираме до граѓаните, да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 112 или лично во најблиската полициска станица, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење

Објавено пред

на

1-ви мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата.

Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права,  всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.

Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.

Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.

За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата.

Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.

Прочитај повеќе...

Македонија

Грк понудил поткуп на „Табановце“ па експресно бил лишен од слобода

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

На 29.04.2024 во 12.40 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(49) од Република Грција, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При пасошка и гранична контрола на возилото „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп.

Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, известуваат од МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура3 часа

„Велика Сабота“ – денот меѓу смртта и воскресението, денот што ги спојува распнувањето и радоста, последни подготовки пред најголемиот празник „Велигден“

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник....

Магазин3 часа

Најновите бета верзии на WhatsApp за Android откриваат две нови функции кои доаѓаат во апликацијата

Новата бета верзија на WhatsApp беше објавена на 24.04, давајќи ни увид на некои нови функции кои доаѓаат во апликацијата....

Магазин3 часа

Кина започна нова мисија на темната страна на Месечината

Кина започна нова мисија на далечната „темна страна“ на Месечината, прва од трите планирани мисии во наредните години со цел...

Магазин3 часа

Steam ќе престане со рефундирање ако играте два часа пред датумот на објавување на играта

Пред осум години, Valve почна да нуди поврат на средства без прашања за која било игра што ја купувате на...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за сабота (4 мај)

ОВЕН Ќе бидете активни во барањето на сродна душа ако сте уште сами. Нема да ви биде тешко да отидете...

Култура1 ден

Денеска е голем ден, „Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..

Секој ден од оваа недела која е најтешка од велигденскиот пост има посебно значење и посебни обичаи. Денес е големиот...

Технологија1 ден

Сте се запрашале како функционираат сензорите за отисокот на прст, односно „fingerprints“, еве неколку типа на скенери за отпечатоци..

Она што некогаш беше резервирано за филмските екрани сега е во нашите џебови, означувајќи го неговото присуство на уредите од...

Спорт1 ден

Судиска анализа на 30-тото коло од првата фудбалска македонска лига, забележана погрешна проценка на мечот „ФК Гостивар и ФК Шкупи“

Фудбалската федерација на Македонија денес ја истакна својата судиска анализа, од судиската комисија која ги разгледа спорните моменти од 30....

Скопје1 ден

Следните делници во Скопје за утре ќе имаат посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (3 мај)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

НАЈЧИТАНИ