Македонија
(ФОТО) Во два одвоени случаи лишени од слобода три лица во Кочани и кочанско, пронајдена дрога
На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22) од Кочани. На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Исто така, на 18.08.2025 во 22:00 часот во Грдовци, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Г.П.(32) и А.А.(29), двајцaта од Виница. Полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал Г.П., а сопатник бил А.А., при што забележале дека сопатникот од возилото фрлил пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено. Додека, при преглед во возилото биле
пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и грендер.
Лицата биле задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.
Македонија
СВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори. Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.
Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица.
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување и документирање на ваквите пријавени настани, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Македонија
Од 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици
Од следниот викенд, односно сабота – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година).
Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:
· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала ( 4×4 ) се подразбира:
· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;
· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:
· зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.
· пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала
· автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.
Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.
Македонија
Лишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
Вчера (06.11.2025) во попладневните часови полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК и истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК лишија од слобода пет лица поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот Џ.Н.(77) сторил продолжено кривично дело „давање поткуп“ и кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, додека три лица А.Ф.(44), Ј.К.(35) и И.С.(57) како посредници сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Ф.Ф.(47) сторил продолжено кривично дело „примање поткуп“.
Првоосомничениот – управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ. Останатите тројца осомничени од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајки го своето реално влијание и службената положба побарале и го поттикнале директорот на агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Имено, иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите предвидени во Јавниот повик бр.01/24 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, директорот по применото ветување за подарок од значителна вредност во износ од 50 000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и притоа примил дел од паричните средства во износ од 400 евра кои при претрес се пронајдени и одземени.
При извршени претреси на други локации пронајдени се парични средства во значителна вредност, информира МВР
-
Кичево9 часаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Хороскоп24 часаХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (7 ноември)
-
Култура1 денУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Македонија1 денСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Спорт1 часКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Временска прогноза2 денаОд денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
-
Македонија1 денЛишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
