Следете не

Спорт

Франција е голем фаворит, но со нетрпение го очекуваме денешниот меч, силно мотивирани со единствена цел – победа!

Објавено пред

на

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски со нетрпение го очекува денешниот натпревар, вели дека сите негови фудбалери се максимално подготвени и со нетрпение го очекуваат утрешниот мечот против триколорите.

-Франција е апсолутен фаворит во оваа група, силна репрезентација која располага со голем фонд на играчи кои имаат голем потенцијал и настапуваат во најсилните лиги низ Европа. Првиот натпревар против нив таму го загубивме убедливо со 3:0, но на претходните четири натпревари успеавме да останеме непоразени. Се надеваме дека серијата без пораз ќе ја продолжиме и против Франција. Играме на домашен терен, пред домашна публика, сите со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Момците имаат голема желба, подготвени сме и физички и психички за голема борба во сите 90. минути. Одработивме одлични подготовки, напредуваме од меч во меч, а тоа се виде и на дуелот со незгодната селекција на Украина. Оваа репрезентација е подготвена да се надигрува и натпреварува со секоја селекција.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски, во досегашниот тек од квалификациите имаат забележано една победа, три нерешени средби и еден пораз. Да им посакаме среќа!

Мечот е закажан од 18:30 часот

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!

Спорт

Милевски: Посакувам да играме само со доверба и уживање во играта, убеден сум дека вистинскиот одговор потоа ќе следи и ќе ја постигнеме нашата цел

Објавено пред

на

©porta.mk

Македонската фудбалска селекција вечерва од 20:45 часот со директен пренос на македонската телевизија ќе го одигра последниот меч од квалификациите за Светското првенство 2026. На гостински терен во Кардиф против Велс, на нашиот тим му е доволен и бод за да го задржи второто место во групата, што би значело поповолна позиција и потенцијално полесен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот.

Селекторот Благоја Милевски верува дека избраниците се подготвени да одговорат на предизвикот и да ја исполнат поставената цел.

„Спремни сме за она што доаѓа. Не очекува натпревар со голема тежина, но мојата порака до играчите е да излезат на терен со самодоверба и да уживаат во играта. Велс има силен состав и одличен селектор, но и двете репрезентации остануваат речиси непроменети во однос на првиот дуел во Скопје. Убеден сум дека ќе дадеме вистински одговор и ќе ја постигнеме нашата цел“, изјави Милевски на прес-конференцијата која се одржа во рамки на вчерашниот ден, пренесува Фудбалската федерација на Македонија.

Посакуваме среќа!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!

Прочитај повеќе...

Спорт

Важен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф

Објавено пред

на

©porta.mk (архива)

Македонската фудбалска репрезентација утре во Кардиф ќе настапи против Велс во дуел што ќе ја одреди екипата која ќе ја освои втората позиција во квалификациската група и ќе обезбеди пласман во баражот за Светското првенство.

Бидејќи натпреварот има директно елиминациско значење, УЕФА одлучи да испрати врвен судиски тим. Главна улога ќе има Холанѓанецот Дани Макеле, кому ќе му асистираат Хесел Стегстра и Јан де Фрис, додека четврти судија е Марк Нагтегал. Вар-центарот ќе го раководи Пол ван Бокел како главен ВАР-судија и помошникот Рихард Мартенс од Холандија, исто така врвни професионалци.

Макеле, 42-годишен полициски службеник од Дордрехт, е носител на ФИФА-беџ од 2011 година. Тој беше дел од судискиот тим на Светското првенство во Катар 2022 и учествуваше на последните две европски првенства. Меѓу неговите најистакнати назначувања се финалето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Баерн пред пет години, како и финалето во Лига Европа помеѓу Севилја и Интер.

Инаку Макеле три пати ја делел правдата на македонската репрезентација, имено во 2016 година во Скопје против Италија (пораз 3:2), во 2019 година на дуелот со Словенија кога славевме со 2:1, како и во 2021 година против Германија на арената „Тодор Проески“, кога гостите победија со 4:0, а ние ја имавме честа да направиме една одлична галерија од тој величествен натпревар, иако резултатот беше на наша негатива.

Тој важи за еден од најискусните европски арбитри, со богато портфолио од околу 750 натпревари. Во оваа бројка се вклучени 362 меча од холандскиот шампионат, 54 натпревари во Лигата на шампионите, 18 во Лига Европа, како и 31 квалификациски дуел за Европските и Светските првенства.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица

Објавено пред

на

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби на домашен терен во Струмица од своите врсници со резултат 0:2. Резултатот гостите го отворија уште во 6-тата минута, додека вториот погодот беше реализиран во второто полувреме во финишот на мечот, односно во 80-тата минута од натпреварот.

– Селекторот Влатко Колев може да биде задоволен од прикажаната игра, иако пријателскиот меч беше со негативен резултат, затоа што од она што го видовме на терен момците покажаа карактер и верба, се разбира и мотив, додека пријателските контролни мечеви се токму еден тест за големите очекувања.

Претходниот контролен меч кој се играше пред 2 дена во Турново, заврши со резултат 1:1, каде стрелец на единствениот гол од слободен удар беше охриѓанецот Давид Лиотоски

Да потсетиме, нашето момче од Кичево, Стефан Војчески кој ги брани боите на „АП Брера“ од Струмица одигра одлични 45 минути, исто така беше дел и од претходниот меч.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили5 минути

(ВИДЕО) BMW „M340i xDrive 50 Jahre Edition“ одбележува 50 годишнина од почеток на продажбата

BMW ја одбележува 50-годишнината од почетокот на продажбата на својата легендарна Серија 3 со специјално издание на моделот M340i xDrive,...

Спорт58 минути

Милевски: Посакувам да играме само со доверба и уживање во играта, убеден сум дека вистинскиот одговор потоа ќе следи и ќе ја постигнеме нашата цел

Македонската фудбалска селекција вечерва од 20:45 часот со директен пренос на македонската телевизија ќе го одигра последниот меч од квалификациите...

Временска прогноза2 часа

Во овој момент се формира влажен бран кој носи обилен дожд и невреме!

Под влијание на серија на големи влажни воздушни бранови од запад  и истите се поврзани со циклонски систем со центар...

На денешен ден11 часа

Светот на денешен ден (18 ноември)

Среден век и големи откритија 1477 – Основан е рускиот град Екатеринбург. 1493 – Кристофер Колумбо за првпат го здогледува...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за вторник (18 ноември)

Овен Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може...

Македонија20 часа

МВР: Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти, поднесена кривична пријава

На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор...

Култура20 часа

(ФОТО) Празничната убавина во чест на Христовиот војвода во славниот манастир на свети Георгиј во Рајчица

Денес во славниот манастир на свети Георгиј во Рајчица, каде што, во храмот на Победоносецот беше отслужена серадосна Божествена Евхаристија....

Македонија20 часа

Поскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Скопје21 час

Во СВР Скопје пријавено дека починат во својот дом бил пронајден 55-годишник од Драчево

На 16.11.2025 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат...

Македонија22 часа

Нелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација

На 16.11.2025 во 21:00 часот во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово...

НАЈЧИТАНИ