Спорт
Фудбалерите на Украина супериорно ја победија Шкотска и обезбедија бараж за Светското првенство!

Гостите поведоа во 33. минута преку Андреј Јармоленко. Ја искористи одличната асистенција на Руслан Малиновски и го лобуваше голманот Крег Гордон. Резултатот во 49. минута го зголеми Роман Јаремчук, откако со глава го совлада голманот на домашната екипа.
Стрелец на единствениот гол за Шкотска беше Калум Мекгрегор во 79. минута, по грешката на украинскиот голман Георги Бушан.
Конечниот резултат го постави Артем Довбик во петтата минута од продолжението.
Натпреварот меѓу Шкотска и Украина требаше да се одигра во март, но беше одложен поради воената интервенција на Русија во Украина.
На 5 јуни Украина ќе гостува во Велс во финалето од баражот за Светското првенство. Победник од тој меч ќе биде последниот претставник на Европа во Катар, а ќе игра во групата Б со селекциите на Англија, Иран и САД.
Спорт
Младиот штопер Џовани Леони доби дозвола да отпатува за Ливерпул

Во средата навечер беше постигнат договор, според кој Ливерпул ќе ѝ плати на Парма 26 милиони фунти плус бонуси за 18-годишниот Џовани Леони. Играчот доби дозвола да отпатува во Ливерпул во четврток, каде што ќе ги договори личните услови и ќе ги изврши задолжителните медицински прегледи.
Планот е Леони веднаш да се приклучи на првиот тим, без намера за негова позајмица – барем засега, според првичните информации. Ливерпул активно бара нов централен дефанзивец, со оглед на тоа што Ибрахима Конате влегува во последната година од својот договор.
Леони се приклучи на Парма минатото лето, кога пристигна од Сампдорија за 4,8 милиони евра. Во Серија А има 17 настапи и еден постигнат гол за Парма.
Спорт
Македонската фудбалска репрезентација во Чешка ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија во рамки на ФИФА терминот

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Саудиска Арабија на 4 септември, во рамки на официјалниот ФИФА термин. Средбата ќе се одржи на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток од 17:00 часот.
Ова ќе биде трет дуел помеѓу двете селекции. Првиот се одигра во август 2001 година во Ријад и заврши без победник (1:1), додека вториот, кој се одигра во октомври 2022 година во Абу Даби, заврши со минимална победа на Саудиска Арабија од 1:0. На тој натпревар за Македонија настапија играчи исклучиво од домашното првенство.
Контролниот меч во Прага ќе послужи како важна подготовка за селекторот Благоја Милевски и националниот тим пред продолжението на квалификациите за Светското првенство 2026. Само три дена подоцна, на 7 септември, Македонија ќе го одигра следниот официјален натпревар, на домашен терен против Лихтенштајн, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, информираат од ФФМ.
Спорт
Одлични вести: ВАР системот стана реалност во македонскиот фудбал

Во „Куќата на фудбалот“ официјално беше претставен ВАР системот, кој првпат ќе се користи во историјата на македонскиот фудбал, почнувајќи од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (Прва МФЛ).
Изградени се три ВАР соби, сервер и контролна просторија, сè според стандардите на ФИФА. Деталите за примената на системот ги презентираа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ВАР проект-лидерот Дејан Јакимовски и Јосип Бартон, претседател на комисијата за делегирање судии.
Покрај ВАР технологијата, Фудбалската федерација на Македонија набави и специјално репортажно возило, кое ќе се користи за телевизиски пренос на натпреварите.
Повеќе прочитајте на официјалниот линк од ФФМ, ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (14 август)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за петок (15 август)
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата
-
Македонија2 дена
Возач во Македонска Каменица, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил малолетничка и го напуштил местото
-
Спорт2 дена
Македонската фудбалска репрезентација во Чешка ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија во рамки на ФИФА терминот
-
Временска прогноза22 часа
Сончево и топло, локално можна дестабилизација на времето проследена со краткотраен пороен дожд
-
Технологија2 дена
„Google“ објави нови месечни ажурирања за својот систем за „Android“ уреди, еве што е ново
-
Македонија16 часа
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило