Следете не

Спорт

Фудбалската федерација на Македонија учествуваше на годишната УЕФА работилница во Белград

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија со свои претставници учествуваше на годишната работилница за клупско лиценцирање во Белград организирана од УЕФА.

Системите за лиценцирање клубови и финансиска одржливост се еден од важните сегменти во европскиот фудбал. Нивната цел е дополнително да го промовираат и континуирано да го подигаат стандардот на фудбалот, не само од аспект на играта. Исто така, битна е заштитата и долгорочната одржливост  на клупскиот фудбал во машка и женска конкуренција.

Како дел од тековната поддршка на УЕФА за имплементација на лиценцирање на клубови и финансиска одржливост, оваа година, годишната конференција на УЕФА за лиценцирање клубови и финансиска одржливост се одржа во Белград.

На настанот присуствуваа даватели на лиценца од сите 55. национални асоцијации и други фудбалски соработници. Годишната конференција е одлична платформа за размена на искуства  и дискусија, адресирајќи ги најновите промени во регулаторната рамка, обезбедувајќи ажурирања на системот и нудејќи можност за споделување на најдобрите практики и информации поврзани со европскиот клупски фудбал.
Како дел од темите кои се дискутираа беа: финансиска одржливост, клупски мониторинг, женски фудбал, таленти и натпреварувања, комуникации, солидарна шема за клубови кои не се дел од натпреварувањата, социјална одговорност и одржливост.

Фудбалската федерација на Македонија на годишната конференција на УЕФА беше претставувана од Горанчо Костовски – лиценцен менаџер, Александра Ѓурчиновска – заменик лиценцен менаџер, Александар Спасовски – експерт по финансиски критериуми и Александар Најдовски – претседател на Комисија за лиценцирање, известуваат од ФФМ.

Спорт

Важен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф

Објавено пред

на

©porta.mk (архива)

Македонската фудбалска репрезентација утре во Кардиф ќе настапи против Велс во дуел што ќе ја одреди екипата која ќе ја освои втората позиција во квалификациската група и ќе обезбеди пласман во баражот за Светското првенство.

Бидејќи натпреварот има директно елиминациско значење, УЕФА одлучи да испрати врвен судиски тим. Главна улога ќе има Холанѓанецот Дани Макеле, кому ќе му асистираат Хесел Стегстра и Јан де Фрис, додека четврти судија е Марк Нагтегал. Вар-центарот ќе го раководи Пол ван Бокел како главен ВАР-судија и помошникот Рихард Мартенс од Холандија, исто така врвни професионалци.

Макеле, 42-годишен полициски службеник од Дордрехт, е носител на ФИФА-беџ од 2011 година. Тој беше дел од судискиот тим на Светското првенство во Катар 2022 и учествуваше на последните две европски првенства. Меѓу неговите најистакнати назначувања се финалето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Баерн пред пет години, како и финалето во Лига Европа помеѓу Севилја и Интер.

Инаку Макеле три пати ја делел правдата на македонската репрезентација, имено во 2016 година во Скопје против Италија (пораз 3:2), во 2019 година на дуелот со Словенија кога славевме со 2:1, како и во 2021 година против Германија на арената „Тодор Проески“, кога гостите победија со 4:0, а ние ја имавме честа да направиме една одлична галерија од тој величествен натпревар, иако резултатот беше на наша негатива.

Тој важи за еден од најискусните европски арбитри, со богато портфолио од околу 750 натпревари. Во оваа бројка се вклучени 362 меча од холандскиот шампионат, 54 натпревари во Лигата на шампионите, 18 во Лига Европа, како и 31 квалификациски дуел за Европските и Светските првенства.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица

Објавено пред

на

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби на домашен терен во Струмица од своите врсници со резултат 0:2. Резултатот гостите го отворија уште во 6-тата минута, додека вториот погодот беше реализиран во второто полувреме во финишот на мечот, односно во 80-тата минута од натпреварот.

– Селекторот Влатко Колев може да биде задоволен од прикажаната игра, иако пријателскиот меч беше со негативен резултат, затоа што од она што го видовме на терен момците покажаа карактер и верба, се разбира и мотив, додека пријателските контролни мечеви се токму еден тест за големите очекувања.

Претходниот контролен меч кој се играше пред 2 дена во Турново, заврши со резултат 1:1, каде стрелец на единствениот гол од слободен удар беше охриѓанецот Давид Лиотоски

Да потсетиме, нашето момче од Кичево, Стефан Војчески кој ги брани боите на „АП Брера“ од Струмица одигра одлични 45 минути, исто така беше дел и од претходниот меч.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години од 12ч го игра својот втор контролен меч против Русија.

Првиот меч заврши без победник, односно 1:1. Стрелец на голот за нашата селекција беше одличниот Давид Лиотоски, додека нашиот кичевчанец Стефан Војчески одлично се покажа. Поради тој факт, денес сме присутни и очекуваме уште подобра подготвеност.

Натпреварот во живо проследете го во продолжение:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден2 часа

Светот на денешен ден (18 ноември)

Среден век и големи откритија 1477 – Основан е рускиот град Екатеринбург. 1493 – Кристофер Колумбо за првпат го здогледува...

Хороскоп3 часа

Хороскоп за вторник (18 ноември)

Овен Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може...

Македонија11 часа

МВР: Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти, поднесена кривична пријава

На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор...

Култура11 часа

(ФОТО) Празничната убавина во чест на Христовиот војвода во славниот манастир на свети Георгиј во Рајчица

Денес во славниот манастир на свети Георгиј во Рајчица, каде што, во храмот на Победоносецот беше отслужена серадосна Божествена Евхаристија....

Македонија12 часа

Поскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Скопје13 часа

Во СВР Скопје пријавено дека починат во својот дом бил пронајден 55-годишник од Драчево

На 16.11.2025 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат...

Македонија14 часа

Нелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација

На 16.11.2025 во 21:00 часот во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово...

Спорт15 часа

Важен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф

Македонската фудбалска репрезентација утре во Кардиф ќе настапи против Велс во дуел што ќе ја одреди екипата која ќе ја...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин15 часа

Голем број нови функции доаѓаат во One UI 8.5, вклучувајќи го и App Lock

One UI 8.5 носи значајни подобрувања, меѓу кои се враќањето на Smart Manager Center, воведувањето на App Lock, нови алатки...

ФОТО: Unsplash.com @ Babak Habibi ФОТО: Unsplash.com @ Babak Habibi
Магазин15 часа

Samsung планира 310 милијарди долари за вештачка интелигенција

Компанијата Samsung планира да инвестира 310 милијарди долари во технологија за развој на вештачка интелигенција во следните пет години, со...

НАЈЧИТАНИ