Спорт
Фудбалската федерација на Македонија учествуваше на годишната УЕФА работилница во Белград
Фудбалската федерација на Македонија со свои претставници учествуваше на годишната работилница за клупско лиценцирање во Белград организирана од УЕФА.
Системите за лиценцирање клубови и финансиска одржливост се еден од важните сегменти во европскиот фудбал. Нивната цел е дополнително да го промовираат и континуирано да го подигаат стандардот на фудбалот, не само од аспект на играта. Исто така, битна е заштитата и долгорочната одржливост на клупскиот фудбал во машка и женска конкуренција.
Како дел од тековната поддршка на УЕФА за имплементација на лиценцирање на клубови и финансиска одржливост, оваа година, годишната конференција на УЕФА за лиценцирање клубови и финансиска одржливост се одржа во Белград.
Фудбалската федерација на Македонија на годишната конференција на УЕФА беше претставувана од Горанчо Костовски – лиценцен менаџер, Александра Ѓурчиновска – заменик лиценцен менаџер, Александар Спасовски – експерт по финансиски критериуми и Александар Најдовски – претседател на Комисија за лиценцирање, известуваат од ФФМ.
Спорт
Едоардо Бове фудбалерот од Фиорентина кој колабираше на терен, постои можност неговата професионална кариера да ја заврши
Целиот фудбалски свет е обединет во молитвите за здравјето на фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове, откако тој колабираше во 17. минута од натпреварот против Интер минатиот викенд. По брзата реакција на Брзата помош и играчите на теренот, Бове бил пренесен во болница, а набрзо се појавила добрата вест дека 22-годишниот фудбалер е свесен и ориентиран, што ги отфрли и најмрачните сомнежи.
Бове веднаш изрази желба да се врати на тренинзите, но италијанските медиуми се прашуваат дали такво нешто би било можно.
Весникот „La Nacione“ пишува дека Бове е префрлен од одделот за интензивна нега на кардиологија и дека ќе биде спроведена нова рунда тестови за да се утврди точната дијагноза.
Доколку наодите покажат дека срцевиот удар е предизвикан од неправилна форма на срцето, ќе му биде вграден кардиовертер дефибрилатор (ICD, уред сличен на пејсмејкер), што би значело дека нема да може да игра фудбал, на барем не во Италија.
Причината се упатствата за спортска медицина и кардиологија во таа земја, во кои е забрането учество на спортски натпревари за оние кои имаат вградено модификации на срцето.
Инаку Бове во Фиорентина пристигна како позајмен играч од Рома, а во досегашната сезона забележа многу добри партии на 14 настапи во сите натпреварувања, а постигна еден гол со четири асистенции.
/sportske.net
Спорт
Македонската репрезентација до 19 години во трка со Португалија, Белгија и Естонија за квалификации на ЕП
Македонија до 19 години по излегкувањето во Швајцарија, Нион ги доби противниците за пласманот во Елитната фаза на квалификации за ЕП во Португалија. Инаку противниците од групата 11 за пласман на ЕП за нашата селекција до 19 год се Португалија, Белгија и Естонија, додека квалификацискиот турнир ќе се одигра од 12. до 18. ноември 2025 година.
Спорт
ФФМ упати покана за клубско лиценцирање за фудбалските клубови од прва, втора и трета лига
Фудбалската Федерација на Македонија преку своето одделение за лиценцирање упатува покана до клубовите од Прва, Втора и Трета МФЛ, како и клубовите од Прва ЖФЛ за доставување на пријава за клупско лиценцирање за сезона 2025/2026.
Клубовите од Прва МФЛ можат да прикачат пријава за лиценцирање на Мукомет за натпреварување во организација на УЕФА, која автоматски важи и за натпреварувањата на ФФМ. Клубовите од Втора МФЛ (исток и запад) можат да прикачат пријава на Мукомет за лиценцирање за натпреварување во Прва МФЛ или Втора МФЛ, клубовите од Трета МФЛ може да достават пријава само за лиценцирање за натпреварувања само во Втора МФЛ.
Клубовите од Прва ЖФЛ можат да прикачат пријава за лиценцирање на Мукомет за натпреварување во организација на УЕФА, која автоматски важи и за ФФМ натпреварувањата.
Пријавите за лиценцирање за УЕФА натпреварување (мажи) да се прикачат на Мукомет најдоцна до 20.12.2024 (петок) со прилог уплатена такса од 500,оо евра во денарска противвредност.
Пријавите за лиценцирање за УЕФА натпреварување (жени) да се прикачат на Мукомет најдоцна до 20.12.2024 (петок) со прилог уплатена такса од 300,оо евра во денарска противвредност
Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Прва МФЛ да се прикачат на Мукомет најдоцна до 20.12.2024 (петок) со прилог уплатена такса од 350,оо евра во денарска противвредност.
Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Втора МФЛ да се прикачат на Мукомет најдоцна до 20.12.2024 (петок ) со прилог уплатена такса од 200,оо евра во денарска противвредност
Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Прва ЖФЛ да се прикачат на Мукомет најдоцна до 20.12.2024 (петок ).
Клубовите своите пријави уредно пополнети, потпишани и заверени треба да ги прикачат во наведениот рок на МуКомет платформата. По доставувањето на пријавите, Одделението за лиценцирање на сите клубови, соодветно на пријавата, ќе им ги достави потребните информации околу понатамошниот тек на лиценцирањето.
Уплатата на соодветните такси се врши на следната сметка:
300000001599760 Комерцијална Банка
Примач: ФФМ – Скопје
Цел на дознака: за Клупско лиценцирање за сезона 2025/2026 за (соодветното натпреварување).
FFM QT 1030-61 Пријава за лиценцирање v9.doc
FFM QT 1030-59 Временска табела за сезона 2025-2026.doc
Извор: ФФМ
-
Кичево5 часа
(ФОТО) Одрон на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, потточно кај кичевското село Белица
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (5 декември)
-
Култура2 дена
Помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава домаќини, за многу години!
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за петок (6 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Најава за пообилни врнежи од дожд во западниот регион од државата
-
Занимливости1 ден
Новиот универзум е тука, зад аголот е откриена ѕвезда три пати потопла од Сонцето
-
На денешен ден24 часа
На денешен ден – 5 декември
-
Автомобили11 часа
Вистина или мит: Дали е штетно полнењето гориво додека работи моторот на автомобилот?