Спорт
Фудбалската федерација на Македонија објави конкурс за „УЕФА А“ курс
Фудбалската федерација на Македонија објави конкурс за УЕФА „А“ курс. Имено курсот за УЕФА „А“ диплома – генерација 16 ќе стартува во месец април. Истиот ќе во три модули.
Модул 1 ќе се одржи во во период 07-12.04.2024 (Недела – Петок);
Модул 2 во период 3-8.06.2024 (Понеделник – Сабота) во хотел Истатов, Дојран.
За Модул 3 следи договор на лице место со примените кандидати при Модул 2, а истиот ќе се одржи на есен 2024.
За таа цел, секој заинтересиран кандидат е неопходно да го пополни онлајн прашалникот кој е отворен 5 дена. По овој датум, прашалникот автоматски станува неактивен и конкурсот завршен, а понатамошната комуникација во врска со курсевите ќе продолжи единствено по е-маил и единствено со кандидатите кои уредно го пополниле прашалникот.
ЦЕ на ФФМ го задржува правото за затворање на конкурсот и пред истекот на наведениот рок доколку максималниот број на предвидени места биде пополнет со апликанти кои ги усполнуваат основните критериуми за учество на УЕФА А курс во организација на ЦЕ на ФФМ.
Ненавремено и неуредно пополнувањето на прашалникот ќе значи неможност кандидат да биде земен во предвид за учество на претстојниот УЕФА А курс. Така што како основи за учество на УЕФА А курсот кој е во организација на ЦЕ на ФФМ се земаат следните следните критериуми кои може да ги проследите ТУКА
За можни нејаснотии или дополнителни прашања пред апликација, можете да се обратите на следниот е-маил од Бојан Марковски – [email protected]
Пред пополнување на пријавата, ФФМ апелира добро да се погледнат критериумите за учество на УЕФА А курс објавени во детали во документот погоре, како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Хроника5 часаЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево1 денНоќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Хороскоп17 часаХороскоп за понеделник (24 ноември)
-
Македонија4 часа16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Македонија6 часаСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
