Следете не

Спорт

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 денеска ги стартува подготовките за Косово, Ангелов верува дека ќе ја оправдаат довербата од селекторот Канатларовски

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 21 година (фудбалери родени 2004 и 2005 година) денеска во хотел „Парк” го имаше првиот собир во пресрет на двата контролни натпревари со соодветната селекција на Косово.

Контролните мечеви ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје,  на 14 ноември со почеток во 13. часот и 17 ноември во 12. часот.

Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Матеј Ангелов даде свое видување и коментар за новата генерација на млади фудбалери, како и за претстојните натпревари со Косово.

 За овие контролни натпревари повикани сме поголем број на фудбалери. На дуелите со Косово ќе треба да го покажеме нашиот квалитет и да ја ооправдаме довербата на селекторот. Мислам дека оваа нова генерација има квалитет и потенцијал за да оствари позитивни резултатит. Неколку фудбалери, а меѓу нив и јас имавме можност да бидеме дел и од претходната генерација, а тоа за нас претставуваше едно големо и драгоцено искуство, кое верувам дека ќе има позитивно влијание.

– Двата контролни натпревари со Косово ќе ни послужат што е можно подобро да се подготвиме и воиграме за претсојните предизвици што не очекуваат во следниот квалификациски циклус. Ние како фудбалери максимално се ставаме на располагање на селекторот и стручниот тим, подготвени сме позитивно да одговориме на тоа што ќе се побара од нас на теренот. Сакаме да дадеме се од себе на следните натпревари со Косово, за да го потврдиме нашиот квалитет.

-Од новата генерација може да се очекува голема сплотеност,натпреварувачки дух и желба за докажување. Сакаме да покажеме голема борба, желба и мотивација на секој натпревар, без разлика на противникот, тоа е единствениот начин како треба да се претставува репрезентативниот дрес.

Репрезентацијата на Македонија предводена од Драги Канатларовски денеска во 17 и 30. часот официјално ќе ги започне подготовките за контролните дуели со Косово, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.

Спорт

ФФМ и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјално партнери, Јандреоски: „Навистина ни е драго што го формализираме ова партнерство со хотел кој веќе е важен дел од нашите репрезентативни активности“

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјализираа своето ново партнерство кое претставува значаен чекор во унапредувањето на условите и поддршката за македонските фудбалски репрезентации.

Договорот за соработка постигнат од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и сопственикот на Double Tree by Hilton – Skopje, Ајдован Адемоски го потпишаа генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски и генералниот директор на DoubleTree by Hilton Skopje, Ѓоре Велковски, потврдувајќи ја заедничката посветеност на градење долгорочна и продуктивна соработка.

Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

Младата женска репрезентација на Македонија во фудбал до 16 години ја победи Бугарија во пенал рулетот, избраничките на Милеска со тоа остварија прва победа!

Објавено пред

на

©ФФМ

Женската репрезентација на Македонија до 16 години оствари победа над соодветната селекција на Бугарија по подобро изведување на пенали (4:2) во првото коло од Уефа развојниот турнир што се одржува во Албанија.

Натпреварот заврши 1:1, а во пенал серијата избраничките на селекторот Катерина Милеска беа многу посигурни и на крајот се радуваа на првата победа на развојниот турнир.

Селекцијата на Бугарија имаше предност од 1:0 во 47. минута, благодарение на голот на Емма Варбанов. Ана Марија Цветковска во 86. минута го израмни резултатот на 1:1.

Во пенал серијата, во нашата репрезентација погодија Розита Пецева, Ана Марија Цветковска, Тамара Лазеска и Елена Наумовска. Во селекцијата на Бугарија, прецизни од белата точка беа Зорнитса Коева и Јоанна Георгиева.

Вториот дуел од развојниот турнир го играме на 15. април против Грузија, во истиот термин, од 11:30 часот.

Македонија: Евгенија Велјановска, Лина Мицовска, Бесарта Фида, Розита Пецева, Елена Наумовска, Ана Марија Цветковска, Блехана Алиевска, Марија Велиновска, Елиза Ибрахими, Ема Наневска, Сара Димитровска

Селектор: Катерина Милеска

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Фудбалската федерација на Македонија го истакна својот најнов партнер и соработник

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со гордост го најавува најновото партнерство со еден од најпрепознатливите домашни брендови – Витаминка Прилеп. Соработката претставува поврзување на нашиот фудбал со компанија која претставува составен дел од животите на неколку генерации.

Витаминка ќе обезбеди финансиска поддршка за ФФМ за активности насочени пред се кон младинскиот фудбал и Детска лига. Визијата е заедничка: поддршка на младинскиот развој и здравиот начин на живот.

Производите на Витаминка, особено оние наменети за деца, ќе бидат дел од промотивните активности на ФФМ, со посебен фокус на ФФМ Детската лига – најголемата платформа за младински фудбал во државата, која инспирира илјадници деца да го следат својот спортски сон.

– „Чест ни е да ја претставиме Витаминка како нов член на фудбалското семејство на ФФМ. Како компанија која има долгогодишна традиција и грижа за здравјето на децата, Витаминка е идеален партнер во нашата мисија за поттикнување на детскиот фудбал и поддршка за младинскиот спорт. Заедно ќе создаваме услови за здрав раст и спортски развој на идните генерации.“ – истакна првиот човек на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ

Повеќе прочитајте на официјалниот натпис на ФФМ во продолжение ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија30 минути

Возел мотор без возачка и со сообраќајна од друг мотор со измината важност

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на...

Скопје53 минути

МВР со посебен режим на сообраќај за утре во Скопје

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” утре (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен...

Култура1 час

„Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..

Секој ден од оваа недела која е најтешка од велигденскиот пост има посебно значење и посебни обичаи. Денес е големиот...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за петок (18 април)

ОВЕН Ги решавате проблемите кои настанале поради туѓа вина и не ви е драго поради тоа. Можеби имате додворувач кој...

Македонија19 часа

Во прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна

На 16.04.2025 во 13.16 часот во СВР Битола, О.С. од Прилеп пријавил дека на место викано „Сакира“ пронашол две неексплодирани...

Хроника23 часа

Уште еден пациент на 24 години подлегна на повредите од кочанската катастрофа

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите...

Кичево23 часа

Св.Петар и Павле – Кичево, распоред на богослужби за Страсната и Светлата седмица (Велигден)

Распоред на богослужбите за време на Страсната и Светлата седмица (Велигден) во кичевската црква Св.Апостоли Петар и Павле

Македонија1 ден

МВР информира за работното време на Управните служби за претстојните Велигденски празници

Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници, ја информира јавноста дека утре (18.04.) сите Отсеци за управни...

Македонија2 дена

Од денес времена измена на сообраќај на автопат „А1“ делница Демир Капија – Смоквица, ова се информациите

„АМСМ“ известува дека се отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од денес 17.4.2025...

Тајната Вечера, Детаљ од Бигорскиот иконостас, 19 век Тајната Вечера, Детаљ од Бигорскиот иконостас, 19 век
Култура2 дена

„Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој наш голем ден

На Велики Четврток ние славиме четири (4) настани од последните денови на Христовиот живот, а тоа се: миењето на апостолските...

НАЈЧИТАНИ