Следете не

Спорт

Фудбалски топки за македонските клубовите од сите натпреварувања, Сејдини истакна дека ФФМ и во иднина ќе продолжи да им ја дава целосната поддршка на клубовите

Објавено пред

на

©ФФМ

За 12 клубови од 1 МФЛ се распределуваат 600 фудбалски топки (Triton – FIFA), a 16 клубови од 2 МФЛ ќе добијат вкупно 640 фудбалски топки. 18 клубови од Женската лига (Прва и Втора) ќе добијат 560 фудбалски топки (Reposta).

7040 фудбалски топки (Mission IMS) се наменети за клубовите од Трета лига, лигите организирани од Општинските фудбалски Сојузи и младинските конкуренции.

Eкипите од ФФМ Детска лига ќе добијат вкупно 3000 фудбалски топки. 200 топки се наменети за тимовите од Прва и Втора футсал лига. Останатите ќе бидат на располагање за сите наши Национални тимови.

Фудбалските топки произведени по највисоките стандарди на ФИФА се со дизајн на ФФМ.

„Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ и нашите национални тимови, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ. Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои придонесуваат за развој на фудбалот во Македонија, „Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои придонесуваат за развој на фудбалот во Македонија“

– Фудбалската федерација на Македонија им донира, а веќе е започната распределбата на вкупно 13.800 фудбалски топки (FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ (1 МФЛ, 2 МФЛ, Трети лиги, младински конкуренции, Женска фудбалска лига, футсал натпреварувања и Национални тимови).“, за медиумите истакна Муамед Сејдини – претседателот на Фудбалската федерација на Македонија

Спорт

Судиите од првата македонска фудбалска лига супериорно ја завршиле работата на мечевите од 16-то коло

Објавено пред

на

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 16 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот Фк.Шкендија-Фк. Работнички одигран на 29.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 45+1 и 90+2 минута.

“Главен судија: Александар Грујоски.Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.

45+1минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Центрирана топка пред 16-сетникот на домашната екипа, играч на гостинската екипа ја удри топката со глава која удри во раката на домашен играч кој се наоѓаше во својот 16-сетник.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки раката на играчот на домакините беше во природна положба, спуштена близу  телото.

Главниот судија беше одлично поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата.

90+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:0)

Играч на гостинската екипа центрираше топка странично од голот на домакините, играч на домашната екипа кој беше на линијата на 16-сетникот  скокна да ја блокира топката и таа го удри во рака која при скокот беше во природна положба, близу телото.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејки рака на домашниот играч кога топката го удри во рака се наоѓаше во природна положба, близу телото.

И во оваа ситуација главниот судија беше одлично поставен,имаше јасна прегледност на ситуацијата и донесе исправна одлука.

На натпреварот  Фк.Воска-Фк.Тиквеш одигран на 29.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 13 и 45+2минута.

“Главенсудија:Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Бранко Путилин.

13 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Во 16-сетникот на домашната екипа играч на гостите беше во посед на топката, во моментот кога се спремаше да упати удар кон голот на домакините, играч на домашната екипа од позади грб му ја изби топката, дојде до минимален контакт со телата и играчот на гостите падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејки играчот на домашната екипа ја изби топката на коректен начин без контакт со ногата на противникот.

Главниот судија одлично беше поставен и имаше одлична прегледност на ситуацијата и донесе исправна одлука.

45+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен ЦРВЕН картон на играч на домашната екипа,при резултат 0:1)

Играч на домашната екипа во борба за топка со противнички играч во свој 16-сетник странично од голот ја освои топката, гостински играч го влечеше за тело, во моментот кога главниот судија досуди слободен удар за домашната екипа, играчот на домакините на недозволен и неспортски начин го удри противничкиот играч со рака (тупаница) во пределот на главата (лицето).

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон за домашниот играч за недозволен и неспортски старт,намерен удар со рака (тупаница) во пределот на главата (лицето) на противнички играч.

На натпреварот Фк.Вардар-Фк.Струга Трим Лум одигран на 29.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 7,32 и 44 минута.

“Главенсудија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески.

7 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Центрирана топка во 16-сетникот на домашната екипа, играч на гостите со глава ја удри топката и играч на домашната екипа со закаснет старт направи недозволен старт со телото над играчот на гостите (во телото).

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа поради недозволен старт, закаснет старт на домашен играч со телото над противнички играч (во телото).

32 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:2)

Центрирана топка во 16-сетникот на гостинската екипа, играч на гостите со глава ја одби топката која потоа удри во раката (високо подигната од телото и неприродна положба)  на свој соиграч.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволена игра со рака (високо подигната од телото и неприродна положба) на гостински играч во свој 16-сетник.

44 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:2)

Центрирана топка во 16-сетник на гостинската екипа, двајца противнички играчи беа еден до друг со телата (кратка дистанца), топка помина преку играчот на домакините и удри во раката (природна положба за тој скок) на гостинскиот играч, која беше до самото тело на противничкиот играч.

Исправна проценка на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки растојанието помеѓу играчите беше премногу кратко и раката на играчот за тој скок се наоѓаше во природна позиција (до самото тело на противнички играч).

Одлична поставеност на главниот судија со јасна прегледност на ситуацијата и донесе исправна одлука.

На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Прочитај повеќе...

Спорт

Изов го истакна списокот на фудбалери за натпреварот против Бугарија

Објавено пред

на

©ФФМ

Женската македонска А репрезентација на 5. декември во Софија ќе го одигра натпреварот од 4. коло во Лига на нации против домашната Бугарија. Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов за мечот против нашиот источен сосед ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Ведрана Комненова (Скопје)

Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје), Драгана Костова (Каменица Саса), Кристина Мојсоска (АС Јунајтед), Катерина Петкова (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана)

Среден ред: Симона Мејер (Макаби Хадера, Израел), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Елена Петровска (Љуботен), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Оливера Цоклеска (АС Јунајтед)

Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје), Рабија Дервиши (Скопје), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Илза Максути (АС Јунајтед);

Натпреварот меѓу женските репрезентации на Бугарија и Македонија ќе се одигра на стадионот на Левски во Софија.

Собирот на нашата најдобра женска селекција е закажан за 3. декември во Скопје.

Прочитај повеќе...

Спорт

Одложените натпревари помеѓу Силекс и Вардар, односно Струга Трим Лум и Воска ќе се одиграат на 6 декември

Објавено пред

на

Поради снежни врнежи во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ , Комисијата за натпревари на ФФМ ги одложи натпреварите од 15 коло во Прва МФЛ во Кратово и Струга, односно натпреварите ФК Силекс – ФК Вардар и ФК Струга Трим Лум – ФК Воска Спорт.

Мечевите се пренасочени да се одиграат на 06.12.2023 година (среда) со почеток од 13.00 час.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за сабота (2 декември)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

Култура6 часа

Сеноќно молитвено бдение во нашиот манастир „Св. Богородица – Пречиста“ по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица

Почитувани возљубени, со особена радост ве информираме дека на 3 декември, во 21 часот ќе се случува сеноќното молитвено бдение во...

Спорт13 часа

Судиите од првата македонска фудбалска лига супериорно ја завршиле работата на мечевите од 16-то коло

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 16 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:  На натпреварот Фк.Шкендија-Фк. Работнички одигран...

Автомобили15 часа

Револуција или најгрдиот автомобил во историјата? Cybertruck пристигна (ФОТО+ВИДЕО)

Елон Маск конечно ја претстави својата визија за американскиот симбол – (pick-up truck). Тоа е многу грдо возило. Но, можеби...

Магазин15 часа

Google од денеска брише неактивни сметки! Сепак, постои начин да се зачуваат податоци

Технолошкиот гигант Google од денеска брише неактивни сметки. Компанијата претходно го најави овој потег за да ја зголеми безбедноста на...

Магазин15 часа

Сопственикот на TikTok, ByteDance, најави отпуштања

ByteDance , мајка на ТикТок, укинува стотици работни места во својот оддел за игри, изјави за CNBC лице запознаено со...

Хороскоп1 ден

Месечен Хороскоп (декември)

ОВЕН Љубов: На почетокот на месец декември сте поканети на забава со вашите драги пријатели, но не сте во можност...

Временска прогноза2 дена

Краткотрајно топло време, но голема разлика во температури, проследете ја најновата метео анализа

Во следниот период, односно до самиот крај на оваа седмица Балканот го очекува голем температурен шок (огромна разлика на температурите...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (30 ноември)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Македонија2 дена

МВР демантира дека изгубеното девојче е пронајдено во соседна држава и апелира да ме се шират невистини!

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на порталот „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец...

НАЈЧИТАНИ