Следете не

Свет

„G7“: Русија ќе се соочи со последици доколку ја нападне Украина

Објавено пред

на

Министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7) на најиндустриски развиените земји во светот денеска ја повикаа Русија да ја деескалира кризата на границата со Украина, велејќи дека Москва може да очекува огромни последици и тежок удар врз економијата доколку оди во офанзива.

Украина ја обвинува Русија за распоредување на десетици илјади војници долж границата, во случај на офанзива.

Во заедничката изјава министрите го осудија военото зајакнување на границата и агресивната реторика на Русија кон Украина.

Г7 ја повика Русија на деескалација, да се врати на решавање на проблемот преку дипломатија, почитувајќи ја меѓународната обврска за транспарентност на нејзините воени дејствија. Тие, исто така, ја пофалија воздржаноста на Украина.

„Секоја употреба на сила за промена на границите е строго забранета со меѓународното право. „Русија не треба да се сомнева дека натамошната воена агресија против Украина би имала огромни последици и скапо би ја чинела“, се вели во соопштението.

Министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7) на најиндустриски развиените земји во светот се собраа во Ливерпул на северот на Англија за да го покажат своето единство против „светските агресори“, осудувајќи ги дејствијата на Русија на украинската граница.

Извор: danas.rs
Фото: Wiki

Свет

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/nagix.github.io/X/WorldEQLocator

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.

Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.

Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.

Прочитај повеќе...

Свет

(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Фудбалерите на Ливерпул сè уште ја прославуваат титулата која ја обезбедија уште пред крајот на сезоната. Во неделата, тие официјално го подигнаа трофејот пред своите навивачи.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ја одбележат победата, како што и се очекуваше.

Меѓутоа, прославата беше засенета од еден немил настан.

Невообичаена и вознемирувачка ситуација настана кога непознат возач со автомобил влета меѓу навивачите кои славеа.

– Предмалку полицијата во Велика Британија соопшти дека еден маж е приведен во Ливерпул, северна Англија, по пријавите дека автомобил се судрил со пешаци.

„Моментално се справуваме со пријави за сообраќајна несреќа во центарот на Ливерпул“, соопшти полицијата од Мерсисајд на X во понеделник. „Бевме контактирани веднаш по 18 часот денес, понеделник, 26 мај, по пријавите дека автомобил се судрил со голем број пешаци на улицата Вотер. Автомобилот застанал на местото на настанот и еден маж е приведен“, се додава во соопштението.

Прочитај повеќе...

Свет

Трамп упати закана до „Apple“ дека ќе воведе повисок данок за „iPhone“ мобилните уреди

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Доналд Трамп му се закани на технолошкиот гигант „Apple“ дека ќе воведе данок од најмалку 25% на „iPhone“ мобилните уреди, ако компанијата не го врати производството во САД.

– Преку својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп изјави дека одамна му кажал на извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, дека очекува „iPhone“ уредите што се продаваат во Америка да се произведуваат токму таму, а не во Индија или други земји. Тој предупреди дека ако ова не се промени, „Apple“ ќе се соочи со високи увозни давачки.

Оваа изјава доаѓа по објавата на „Apple“ дека планира дел од производството на американските „iPhone“ телефони да го префрли во Индија, каде компанијата ќе вложи 1,5 милијарди долари во изградба на фабрика. Ова наводно довело до недоразбирање меѓу Трамп и Кук.

Инаку, Индија има основен увозен данок од 10%, додека во Кина тој изнесува 30%. Иако уредите на „Apple“ досега беа ослободени од многу даноци, иднината околу тие олеснувања е неизвесна.

Иако „Apple“ вети инвестиции од 500 милијарди долари во САД во следните четири години, засега производството на нивните уреди во Америка сè уште не се гледа како реална опција.

Извор: theverge.com / Truth Social
ФОТО: Unsplash.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп13 часа

Хороскоп за вторник (3 јуни)

ОВЕН Учествувајте во она што се случува околу вас, во спротивно ќе бидете изоставени кога станува збор за донесување одлуки...

Спорт16 часа

Хамилтон се искритикува себеси по трката во Шпанија, по завршувањето на шесто место

Возачот на Ферари имаше тешка трка на Големата награда на Шпанија и заврши на шестото место, а вината за слабата...

Македонија21 час

Малолетници вчера биле тешко повредени откако паднале од мотор, апел за големо внимание!

На 01.06.2025 во 19.58 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионален пат во с.Будаково, општина Могила, мотоцикл „хамачи“...

Македонија1 ден

Алармантно: Дури 21.178 сообраќајни прекршоци во текот на месец мај санкционирани во Македонија!

Во рамки на континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, во текот на минатиот месец полициските службеници во сите сектори...

Македонија1 ден

Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми

Денеска (01.06.2025) во 16.20  часот на бул. “Борис Трајковски” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР...

Кичево2 дена

ТППЕ Кичево вечерва спречи поголем пожар на дива депонија помеѓу кичевските села Мидинци и Зајас

Пожар избувнал во 19:08 часот на дива депонија помеѓу селата Мидинци и Зајас (општина Кичево), што предизвикал ширење на оганот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (2 јуни)

ОВЕН Учествувајте во она што се случува околу вас, во спротивно ќе бидете изоставени кога станува збор за донесување одлуки...

Спорт2 дена

(ФОТО) „Градско дерби“, фудбалско надигрување, многу голови и фер плеј – Фудбалот е најубавиот спорт на светот!

Во рамки на денешниот ден генерацијата 2014/2015 од ФК Кичево одигра пријателски натпревар со врсниците исто така од Кичево, екипата...

Македонија2 дена

Регионалниот центар Запад во содејство со СВР Охрид во охридско кабаре приведоа странски државјанки, злоупотребиле туристички престој

Денеска (01.06) година во 01.00 часот, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар...

Македонија2 дена

На место каде е дозволено 60 км/ч, службеници од БПС Гостивар на радар сопреле возач кој „летал“ со 145 км/ч

Денеска (01.06.) како и вчера во осум одвоени случаи полициски службеници од сообраќај остраниле и ги лишиле од слобода лицата...

НАЈЧИТАНИ