Следете не

Магазин

Galaxy Z Flip 4 и Z Fold 4 доаѓаат со подобри опции за складирање?

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Samsung се подготвува да ја објави новата генерација на флексибилни смартфони, кои се очекува да пристигнат во наредните месеци. Уредите треба да пристигнат под имињата Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4.

Иако не делат уште неколку месеци од официјалното објавување, протекоа неколку вести и извештаи кои открија некои клучни информации за претстојните телефони. Сега, нов извештај открива информации за внатрешна меморија за Galaxy Z Fold 4 и Z Flip 4.

Се известува дека Samsung Galaxy Z Fold 4 ќе пристигне со до 1 TB внатрешна меморија додека Z Flip 4 ќе има опции до 512 GB. Причината за ова е веројатно тоа што не се очекува уредите да имаат поддршка за microSD картичка.

Ова нема да биде првиот паметен телефон на Samsung што ќе има 1 TB внатрешна меморија. Galaxy S22 Ultra доаѓа и со опција за складирање од 1 TB, но толку голем капацитет за складирање првпат беше понуден во моделот Galaxy S10 Plus.

Јужнокорејскиот гигант ќе продолжи да нуди опции за складирање податоци од 256 GB и 512 GB, а ќе биде додадена и опција за складирање од 1 TB. Во тој случај уредот би можел да чини околу 2000 долари, со оглед на тоа дека моделот со 512 GB простор чини 1899 долари. Додека Z Flip 4 ќе пристигнува во опции од 128 до 512 GB, а доколку цената остане иста како претходната генерација, ќе има цена од 999 до 1099 долари.

Се очекува Samsung Galaxy Z Fold 4 да ги има истите големини на екранот како неговиот претходник, со внатрешен екран од 7,6 инчи и надворешен екран од 6,2 инчи. Но, се предлага телефонот да има помала и полесна шарка, потесни рамки и поширок сооднос.

Најверојатно ќе се напојува со процесор Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 и ќе има сензор за главната камера од 50 мегапиксели на задната страна, заедно со подобар телефото објектив со поддршка за зумирање 3x.

Се посочува дека телефоните од самиот почеток се напојуваат со оперативен систем Android 12, заедно со корисничкиот интерфејс One UI на Samsung.

/b92.net/

Хороскоп

Хороскоп за недела (28 мај)

Објавено пред

на

ОВЕН

Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да се сомнева во вашата верност. Можни се проблеми со алергиската реакција.

БИК

Незадоволни сте со ситуацијата на деловно поле поради ненадејните проблеми и трошоци. Нее поволен ден за нова врска, може да бидете прилично разочарани. Бидете воздржани уште некое време. Зајакнете го имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Сѐ уште не сте задоволни со ситуацијата на деловно поле. Како ништо да не оди во склад со вашите очекувања. Водите инат. Ни вие ни партнерот не сте подготвени да попуштите. Не претерувајте. Без поголеми проблеми.

РАК

Внимавајте како ги бирате соработниците за да не се каете подоцна. За тоа е потребна трпеливост и упорност. Осамени сте. Потребен ви е некој да ја подобри атмосферата. Болки во долниот предел на стомакот.

ЛАВ

На финансиско поле нема место за нови грешки. Можна е шанса за добивање хонорарна работа. Ако сакате да го задржите моменталниот партнер, потребно е да бидете спремни и на жртвување. Многу е важно да ја подобрите кондицијата.

ДЕВИЦА

Сѐ уште не сте доволно прилагодени на промените кои се случиле на работа. Мора да се опуштите и да прифатите дека немате контрола над туѓите одлуки. Минливи болки во грлото. Пијте чаеви.

ВАГА

Наскоро би можеле да добиете поволни вести од страна на фирмата во која сте конкурирале. Сепак, бидете внимателни. Не може да дочекате од партнерот да го слушнете неговото мислење во врска со вашите идеи. Внимавајте во сообраќајот.

ШКОРПИЈА

Новата работа не ви ги донесе резултатите кои ги очекувавте. Тоа ви носи дополнителна нервоза во животот. Не е во ред секаде и на секое место место отворено да флертувате. Повлечете рачна кочница. Проблеми со белите дробови.

СТРЕЛЕЦ

Ако сакате да постигнете успех на деловно поле потребно е да бидете максимално фокусирани. Бројните искушенија кои ги имате само ќе послужат да ја тестираат вашата посветеност кон моменталниот партнер. Проблеми со бубрезите.

ЈАРЕЦ

Иако моментално од некои работи немате преголема корист, профитот ќе дојде кога најмалку се надевате. Не го притискајте партнерот дополнително бидејќи и без тоа е нерасположен. Чувствителен нервен систем. Обидете се да се опуштите.

ВОДОЛИЈА

Секоја дополнителна задача за вас претставува нов предизвик со кој сте подготвени да се соочите. Покрај себе имате партнер кој ве разбира и добро ја познава вашата природа. Лошо расположение, иако немате причина за тоа.

РИБИ

Упорно се обидувате со нови потези и тактики, но како ништо да не дава резултати. Потребна ви е личност која ќе разбере низ што поминувате на деловно поле и која ќе ви даде поддршка. Во добра форма сте.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Ние сме во опасност: Зголемувањето на температурите може да доведе до катастрофа

Објавено пред

на

Една нова студија открива дека до крајот на векот, поради глобалното затоплување, земјата би можела да има најголема популација погодена од екстремни температури.

Ако продолжи сегашното темпо на глобалното затоплување, милијарди луѓе ќе останат надвор од „климатската ниша“ во опасно топли услови, се вели во студијата објавена во понеделникот во списанието Nature Sustainability, објави Си-Ен-Ен.

Се проценува дека такво влијание врз луѓето би имало доколку светот продолжи по својата проектирана траекторија и се загрее за 2,7 степени Целзиусови до крајот на векот во споредба со температурите пред индустриската револуција. Земајќи ги предвид и очекуваното глобално затоплување и растот на населението, студијата покажа дека до 2030 година, околу две милијарди луѓе ќе бидат надвор од „климатската ниша“ и ќе се соочат со просечни температури од 29 степени Целзиусови или повеќе, а до 2090 година тој број ќе изнесува околу 3,7 милијарди луѓе.

еден од двајцата главни автори на студијата, Тимоти Лентон, рече дека една третина од светската популација може да живее во овие климатски услови.

„Тоа е длабоко преобликување на способноста за живеење на површината на планетата и потенцијално може да доведе до голема реорганизација на местото каде што живеат луѓето“, рече Лентон, кој е и директор на Институтот за глобални системи на Универзитетот во Ексетер.

/B92

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за сабота (27 мај)

Објавено пред

на

ОВЕН

Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага по нова врска, можеби ќе запознаете токму денес нова личност. Водете сметка за здравата исхрана.

БИК

Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи кон партнерот и неговата искреност кон вас. Одлично се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Ќе ви се укаже можност да остварите дополнителни приходи, но се двоумите дали да ја прифатите бидејќи сте загрижени околу многубројните обврски кои доаѓаат со неа. Во еден момент можеби ќе почувствувате силно чувство на осаменост. Немате проблеми со здравјето.

РАК

Доколку сега покажете максимална посветеност, наредниот период ќе во донесе напредок во кариерата каков што не сте очекувале. Многу ви пречи неспособноста на вашиот партнер да прави компромис. Помали проблеми со грлото.

ЛАВ

Денешниот ден ви носи многу предизвици и препреки во остварувањето на целите. Не заборавајте дека само со трпение може да ги надминете. Во вашето блиско опкружување постои личност која е вљубена во вас. Потребен ви е одмор.

ДЕВИЦА

Периодот на стагнација во кој бевте досега конечно завршува и уште денес ќе чувствувате голем ентузијазам да го дадете својот максимум. Саканата личност ве повреди многу и не можете да и простите. Можни се проблеми со видот.

ВАГА

Доколку сте планирале напредок на работното место, сега е вистинско време да се посветите на неговото остварување. Воодушевени сте од подготвеноста на саканата личност за нејзиниот труд и посветување на вашата врска. Добро се чувствувате и здравјето е солидно.

ШКОРПИЈА

Денешниот ден ќе ви донесе комплицирана ситуација за чиј резултат ќе одлучи некој ваш претпоставен или соработник. Ве очекува интересен разговор со личноста која ви се допаѓа. Добро ќе ви дојде некоја рекреација во природа.

СТРЕЛЕЦ

Полека се сложуваат сите коцки и сфаќате дека досегашните искуства ви послужиле на некој начин. Имате чувство дека саканата личност крие нешто од вас, но се плашите да си го признаете тоа. Проблеми со здравјето поради стрес.

ЈАРЕЦ

Денес и мал пад на концентрацијата или немарност може да има долготрајни последици. Внимавајте добро на секоја ваша постапка. Можна е кавга поради различните ставови со партнерот во врска со некое важно прашање. Склони сте кон настинки.

ВОДОЛИЈА

Ги избегнувате обврските бидејќи чувствувате дека немате сила на сите полиња да го дадете својот максимум. Би сакале да остварите некоја нова врска, но не можете да најдете личност која ви одговара. Мал пад на имунитет.

РИБИ

Сѐ појасно ви е дека условите на моменталното работно место се многу неповолни за вас и подготвени сте да побарате подобра перспектива. Денешниот ден ви носи некаква бурна расправа со партнерот. Водете сметка за стомакот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп16 минути

Хороскоп за недела (28 мај)

ОВЕН Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да...

Временска прогноза5 часа

Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..

Нашата територија се наоѓа под влијание на ГОЛЕМА ВЛАЖНА и нестабилна воздушна маса од Медитеранот. И во следните 10-тина денови од пладневните...

Спорт5 часа

ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија

Утре од 17:00 часот се играат бараж натпреварите во третата Македонска фудбалска лига за влез во Втората лига, додека распоредот...

Спорт9 часа

Фудбалската федерација на Македонија го одржа редовното генерално собрание пред претставници на ФИФА и УЕФА

Фудбалската федерација на Македонија го одржа Редовното Генерално Собрание. На Редовното Генерално Собрание во Скопје, присутните делегати го усвоија извештајот на...

Lifestyle13 часа

Ние сме во опасност: Зголемувањето на температурите може да доведе до катастрофа

Една нова студија открива дека до крајот на векот, поради глобалното затоплување, земјата би можела да има најголема популација погодена...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (27 мај)

ОВЕН Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага...

Кичево1 ден

Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..

Во Кичево започнува со работа мобилна амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените кои живеат на територијата...

Скопје1 ден

Во недела во Скопје поради ревијална трка на велосипеди и ролерки ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.05.2023 (недела) со почеток во 11.00 часот поради одржување на ревијална...

Спорт1 ден

Македонија до 18 поразена од Србија во Стара Пазова

Младата репрезентација на Македонија до 18 години го одигра предвидениот контролен натпревар против соодветната селекција на Србија. На натпреварот кој...

Lifestyle1 ден

Neuralink на Маск доби дозвола да тестира мозочни импланти на луѓе

Стартапот на Илон Маск, Neuralink, објави дека добил одобрение од американските регулатори за тестирање на нивните мозочни импланти на луѓе,...

НАЈЧИТАНИ