Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Фудбалерите од „ФК Кичево“ се враќаат со победнички пехар од „Пандев Куп 2020“


Екипа ФК Кичево / Пандев Куп 2020
Кичево како град под „Илиница“ секогаш имал таленти во фудбал, така и овие млади дечиња од 2011 генерација можеби ни ветуваат дека конечно спортот ќе заживее во нашиот град повторно.
Под раководство на главниот тренер г-дин Игор Николаевски и тренерот на голманите Александар Трајаноски и секако безрезервната поддршка од своите неуморни родители екипата на „ФК Кичево“ го освои првото место на „Пандев Куп 2020“ победувајќи ги своите врсници.
Турнирот „Пандев Куп 2020“ кој е со поддршка на Општина Струмица, Агенцијата за млади и спорт и Фудбалската Федерација на Македонија. На мечевите се натпреваруваат над 1200 млади фудбалери од генерациите 2006, 2007, 2008, 2009, 2010 и 2011 и помлади од околу 70 фудбалски клубови од пет држави.
Секоја чест фудбалеришта!

Александар Трајаноски (лево), Игор Николаевски (десно)

Грујоски / ФК Кичево
ФОТО: Ekipa.mk
Кичево
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани

Денес во Општина Кичево, се одржа комеморативна седница во проширен состав за кобната несреќа во Кочани.
Со едногласна одлука советот изгласа одобрување на финансиски средства од 600,000 денари за финансиска помош за трагичниот настан.
Сочувство до семејствата на настраданите и лесно закрепнување на повредените.
Господ на помош на сите, стои во интегралното соопштение на советник кој истото го истакна на социјалните мрежи.
Кичево
В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани

Поради смртта на трагично загинатите во пожарот во Кочани, во сабота ќе се богослужи Заупокоена Литургија со почеток од 08:00 часот во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ во Кичево.
Сите треба молитвено да земеме учество и во мир да се помолиме за упокоение на душите на починатите, а за здравје на оние кои се лекуваат, затоа што само така се покажува христијанскиот мир и свесноста за преумување, истакнаа од кичевската парохија.
Кичево
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета

Предмалку спречена поголема огнена катастрофа во кичевското село Лазоровци. Имено од за сега нејасни причини избувнал пожар во плевна и гаража со автомобил. По добиената информација од терен – Порта.мк веднаш стапи во контакт со службените лица од Територијалната противпожарна единица од Кичево кои ни ја потврдија информацијата за точна.
– Избувнатиот пожар е ставен под контрола, причинета е за среќа само материјална штета. На терен дејствувавме со 3 камиони и 15 пожарникари, нема простор за паника, за Порта.мк истакнаа од ТППЕ Кичево.
Повеќе очекуваме утре во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.
-
Македонија11 часа
Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика
-
Кичево2 дена
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани
-
Македонија1 ден
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот
-
Временска прогноза1 ден
Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд
-
Култура15 часа
Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови
-
Спорт1 ден
Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати
-
Lifestyle1 ден
Оревите за појадок – тајната за здравје и брзо слабеење
-
Магазин1 ден
Рецепт од нашите баби: Како да направите домашно кисело млеко?