Македонија
(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани и „Car Club – Кичево“ денес се на хуманитарната изложба на автомобили за Виктор Петрески од Прилеп

Денес 20.06.2021 година недела се одржа хуманитарна изложба на автомобили која имаше една единствена цел – дека собраните финансиски средства на влез ќе бидат директно наменети за лекување на младиот Виктор Петрески кој боледува од тешка болест.
Кичевчани секогаш сплотени даваат поддршка на ваквиот тип на хуманитарни настани, така и овој не беше исклучок!
Упатуваме благодарност до сите учесници и хуманитарци, воедно благодарност за поканата на „Car Club – Прилеп“ и топлиот пречек.
Во прилог галерија од настанот:
[Best_Wordpress_Gallery id=”46″ gal_title=”Прилеп / Хуманитарна акција”]
Македонија
Возел мотор без возачка и со сообраќајна од друг мотор со измината важност

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Полициски службеници го затекнале пријавениот во Дебар како управувал мотоцикл без да поседува соодветна категорија за управување на мотоцикл, додека сообраќајната дозвола била со измината важност од друг мотоцикл, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Во прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна

На 16.04.2025 во 13.16 часот во СВР Битола, О.С. од Прилеп пријавил дека на место викано „Сакира“ пронашол две неексплодирани гранати.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнал гранатите, при што на местото дополнително биле пронајдени уште 14 артилериски гранати калибар 105 мм. кои потекнуваат од Првата светска војна.
Македонија
МВР информира за работното време на Управните служби за претстојните Велигденски празници

Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници, ја информира јавноста дека утре (18.04.) сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје ќе работат во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици утре (18.04) ќе работат со следниот временски распоред:
Пункт Пролет – двосменски од 07.30 до 19.30 часот; Пункт МТВ – двосменски од 07.30 до 19.30 часот, а со истиот распоред ќе работат и пунктовите во Беко и во Ѓорче Петров;
Пунктовите Драчево и Бутел ќе работат во една смена во периодот од 10.00 до 18.00 часот.
Притоа, ги известуваме граѓаните дека фотографирањето за лични документи ќе се врши без закажување на термин, а издавањето на документите ќе се одвива тековно.
Задутре пак (сабота 19.04.) ќе работат само шалтерите за издавање на лични документи во МТВ и Беко од 08:00 до 16:00 часот.
-
Кичево19 часа
Трагична сообраќајка со жртви кај кичевската месност „Сеферов бунар“
-
Кичево20 часа
Сообраќајна несреќа предмалку се случила на магистрален пат Кичево-Гостивар во близина на с.Зајас
-
Кичево6 часа
СВР Охрид со детали за стравичната сообраќајка во Кичево која одзеде три животи
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (18 април)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за сабота (19 април)
-
Култура1 ден
„Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..
-
Македонија1 ден
Возел мотор без возачка и со сообраќајна од друг мотор со измината важност
-
Македонија2 дена
Во прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна