Следете не

Спорт

(ГАЛЕРИЈА) Македонија Ѓорче Петров и Лапи ремизираа на кичевскиот стадион

Објавено пред

на

Предмалку на кичевскиот стадион заврши пријателскиот меч помеѓу ФК Македонија Ѓорче Петров и гостинската екипа од Косово – КФ Лапи. Се играше одличен меч со многу шанси и шутеви. Резултатот се отвори во вториот дел на натпреварот, потточно гостите поведоа со 0:1 во 71-вата минута, додека „лавовите“ го изедначија резултатот во 77-та минута од натпреварот.

Инаку да потсетиме Македонија Ѓорче Петров има ново засилување во пресрет на новата сезона, вкупно петтото за освојувачот на Купот, дојде 25-годишниот Џон Еди Мена Перез од редовите на Ренова.

Натпреварот преку нашиот објектив:

 

Спорт

Безбедност, заштита на интегритетот на натпреварувањата како и борба против местење фудбалски натпревари тема на денешниот семинар

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, денеска во хотел „Хилтон”, во Скопје го одржа редовниот семинар со делегатите на натпреварите од Првата МФЛ и Втората МФЛ.

На денешниот редовен  работен состанок со делегатите, главни тема беа безбедноста, заштита на интегритетот на натпреварувањето, како и промената на одредени точки во Пропозициите на натпреварите во Прва и Втора МФЛ.

Исто така на состанокот беше одржано предавање од страна на одделот за безбедност и интегритет на ФФМ на тема „Борба против местење на фудбалски натпревари”. Делегатите беа запознаени со начинот на кој треба да го штитат интегритетот на фудбалската игра на територијата на државата.

Прочитај повеќе...

Спорт

Реализирана „Судиска анализа“ на натпреварите од првото коло во првата македонска фудбалска лига, ова се констатациите од натпреварите

Објавено пред

на

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 1 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  Фк.Струга Трим Лум – Фк.Победа одигран на 06.08.2022 година, анализирани се ситуациите од 3, 15 и 52 минута.

“Главен судија”: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.

3 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Во шеснаесетникот на Победа, играч од нападот на Струга беше во посед на топка странично од голот на Победа и со грб свртен према голот. На него стартуваше играч од одбраната на Победа туркајки го играчот од нападот на Струга, оваа ситуација е во граница на судиското убедување, интензитетот не беше многу јак и и напаѓечот беше со грб свртен спрема голот, близу близу гол-аут линијата.  Се поддржува  одлуката на главниот судија играта да продолжи, контактот и ситуацијата беше недоволен  за удар од 11 метри.

15. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (  НЕ досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка  во шеснаесетникот (петерецот) на Победа , топката го удри одбранбениот играч на Победа во телото(колкот) а рацете му беа во природна положба. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, немаше елементи за да  се досуди удар од 11 метри.

52. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (  НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Победа беше во посед на топка и во напад пред самата линија на 16 сетникот на Струга, до него беше и играч од одбраната на Струга и со туркање рамо со рамо(ремплање) му ја одзема топката без прекршок.Исправна одлука на судијата  играта да продолжи, дуелот беше коректен без елементи за  досудувањепрекршок.

На натпреварот  Фк.Силекс – Фк. Работнички одигран на 07.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од  90+2 минута

“Главенсудија: Јован Качевски. Помошни судии: Мартин Дејаноски и Давор Цветановски.

90+2 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Силекс ја имаше топката во свој посед во 16 – сетникот на Работнички,  и пред да шутира кон голот, на него стартуваше со интензитет од позади грб (туркање) играч од одбраната на Работнички. Исправна одлука на главниот судија, досудено удар од 11 метри за туркање, и дисциплинска мерка жолт картон.

На натпреварот  Фк.Академија Пандев – Фк. Брегалница одигран на 07.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од  16 минута

“Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

16 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (  НЕ досудено офсајд позиција)

Центрирана топка од слободен удар за екипата на Академија во 16 сетникот на Брегалница, во момент на центаршутот играч од нападот на Академија и играч од одбраната на Брегалница беа во линија, топката дојде до играчот од нападот и постигна гол.

Многу тешка ситуација и исправна одлука на асистентот судија што не досуди офсајд позиција и дозволи играта да продолжи.Голот е регуларен.

На останатите мечеви од 1 МФЛ следи анализа по одигравањето на натпреварите.немаше предизвикувачки  ситуации за судиска анализа.

Прочитај повеќе...

Спорт

Младата репрезентација на Македонија на првиот контролен меч против Романија со нерешен резултат

Објавено пред

на

Младата репрезентација на Македонија до 18 години денеска го одигра првиот од двата контролни меча против соодветната селекција на Романија.

На тренинг центарот Буфтеа, избраниците на селекторот Тони Јакимовски одиграа нерешено. Двете репрезентации постигнаа по еден погодок.

По првите 45. минути, мрежите мируваа. Македонија се закани неколку пати посериозно по голот на домаќинот. Во 37. минута Митров има добра позиција, биеше покрај голот на противничкиот голман. Во последната минута од првото полувреме, Саити пропушти добра прилика за постигнување погодок.

Во продолжението Ливорека имаше одлична можност, но биеше покрај голот. Две минути подоцна, нова добра шанса за Македонија. Одличниот продор и додавање на Аризанковски не успеаа да го искористи Митров. Ударот на нашиот фудбалер беше одбранет од домашниот голман.

Македонија сосема заслужено поведе во 65. минути. Никола Величковски беше стрелец на погодокот.

Романија во 73. минута успеа да го изедначи резултатот и да ги постави конечните 1:1.

МАКЕДОНИЈА: Петар Јакимов, Хадис Таири, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Кире Стојанов, Зани Назифи, Адриан Зенделовски, Алекс Митров, Андреј Аризанкоски, Теодор Николовски, Фиктрет Ливорека;

Селектор: Тони Јакимовски;

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за петок (12 август)

ОВЕН Прилично сте заинтересирани за нова работа која би можела да ви донесе додатни обврски за кои моментално не сте...

Временска прогноза5 часа

Според најновите анализи летните температури продолжуваат и во следните месеци после август

Според најновите анализи кои ние ги направивме, и тоа со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, истите укажуваат на...

Македонија9 часа

Вчера вкупно 37 мигранти од Пакистан пронајдени од полицијата, се преземаат соодветни мерки за расчистување на случаите

На 10.08.2022 околу 08.00 часот во близина на мотел на подрачјето на Кавадарци, полициски службеници од Полициска станица Михајлово пронашле...

Спорт10 часа

Безбедност, заштита на интегритетот на натпреварувањата како и борба против местење фудбалски натпревари тема на денешниот семинар

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, денеска во хотел „Хилтон”, во Скопје го одржа редовниот семинар со делегатите...

Хороскоп1 ден

Дневен Хороскоп (четврток 11 август)

ОВЕН Не ви е лесно да излезете на крај со сите деловни проблеми, потребна ви е нечија помош. Не сте...

Македонија1 ден

Шест возачи на товарни возила и автобуси под дејство на алкохол во битолско

Денез во текот на утринските часови (10.08.2022) во периодот од 04.30 до 07.00 часот на тероторијата на СВР Битола спроведена...

Спорт1 ден

Реализирана „Судиска анализа“ на натпреварите од првото коло во првата македонска фудбалска лига, ова се констатациите од натпреварите

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 1 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот  Фк.Струга...

Временска прогноза1 ден

Услови за појава на невреме, еве какво време нè очекува оваа недела

До крајот на оваа недела и тоа особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно...

Хроника2 дена

Кај кичевското село Вранештица пронајден човечки труп по течението на река Треска – ова се деталите

На 09.08.2022 година во 14.10 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека во атарот на кичевското село Вранештица, по течението...

Магазин2 дена

Игрите на Netflix се целосно промашени, помалку од 1% од претплатниците ги играат

Индустријата за видео игри е повредна од музичката и филмската индустрија заедно, и веќе е општо познато, па не е...

НАЈЧИТАНИ