Следете не

Магазин

GeForce Now сега поддржува 120 fps на сите компатибилни телефони со Android

Објавено пред

на

Фото: unsplash

За оние кои не се на радарот на GeForce Now, тоа е услуга за облак игри што ви овозможува да пренесувате компјутерски игри од продавници како Steam или Epic Games на кој било уред. Услугата е бесплатна со ограничување на FullHD резолуцијата и времетраењето на сесијата за игри, но далеку од невозможно е да се игра без претплата.

Минатата година Nvidia ја додаде класата RTX 3080, која ја нуди оваа графичка моќ што беше практично невозможно да се најде. Преку GeForce Now, имавте графички процесор на располагање, а со добра интернет конекција, оваа претплата обезбеди добар број фрејмови, висока резолуција и висока стапка на освежување.

Една од тие работи – високата стапка на освежување – е преместување на Android каде што гејмерите на GeForce Now добиваат поддршка од 120 fps ако вашиот телефон има екран со поддршка за освежување од 120 Hz, според TimesOfIndia.

Достапност и цени

Од Nvidia велат дека поддршката ќе пристигне во следните неколку недели и дека „искуството ќе варира од уред до уред“, што во ПР кажано значи дека ако нешто не работи за вас, тоа не е нивен проблем.

GeForce Now со поддршка од 120 Hz беше резервирана само за одредени телефони со Android, а сега тоа ограничување ќе биде отстрането. Кога станува збор за претплати, класата RTX 3080 со поддршка од 120 Hz ќе ве чини околу 20 долари месечно, додека претплатата за приоритет нуди игри со 60 fps за околу 10 долари месечно.

А iOS?

 

Се вели дека сè уште нема најава кога оваа опција ќе пристигне на уредите на Apple, пред се поради многу строгите политики на Apple кои овозможуваат Nvidia да стрима игри само преку веб апликации на iOS. Ова претставува дополнителен проблем за сите корисници на iPhone и iPad кои би сакале да ги користат своите уреди и да репродуцираат некои од насловите од нивната библиотека. Кога сме веќе кај тоа, не заборавајте за двете игри кои Epic ги споделува оваа недела.

Награда на Nvidia Fortnite

Покрај најавата за поддршка за игри од 120 Hz за корисниците на Android, Nvidia нуди награда за играчите на Fortnite кои ќе ја играат играта преку услугата GeForce Now во следните неколку недели. Играчите кои играат Fortnite за време на промо периодот ќе го добијат „Dish-stroyer Pickaxe“ кој треба да пристигне на 11-ти август.

Извор: Benchmark

Хороскоп

Месечен Хороскоп (декември 2025)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денот ќе биде пасивен и ќе сакате да правите ретроспектива на нештата кои сте ги оствариле и оние кои не сте успеале. Ќе размислувате за тоа како да нрапвите подобрување, плановите ќе ви делуваат невозможни. Немојте да ги етикетирате вашите идеи како нереални затоа што не се.

БИК
Ќе сакате да избегнувате се во врска со вашите емоции затоа што ќе сметате дека немате сили да се соочите со реалноста на љубовен план. Ќе чувствувате притисок да напраите промена. Ќе ви биде потребна утеха.

БЛИЗНАЦИ
Денес ќе се чувствувате иритирано, сите околу вас ќе ве вознемируваат без некоја особена причина. За среќа тоа ќе трае кратко. Избегнувајте конфликти и останете смирени. Тензијата ќе се намали. Немојте да ја прекршувате вашатарутина.

РАК
Некое незадоволство ќе биде надминато и некој проблем кој сте го имале ќе биде разрешен. Вашата толеранција ќе порасте. Ќе сакате да им се доверите на вашите пријатели и тие ќе ве поддржат. Ќе барате хоби кои ќе ве опушти.

ЛАВ
Изненадени сте од последниот исход на нештата, сте сметале дека некои од нив нема никогаш да се одвиваат онака како што сакате. Вашата енергија е намалена и потребен ви е одмор. Загрижени сте за финансиите, потребно е да направите бизнис план.

ДЕВИЦА
Очекувајте вашето внимание да биде одвлечено од неважни нешта кои не ви донесуваат никаков напредок. Обидете се да останете фокусирани на она кое ви е важно. Вашите идеи ќе ве однесат на вистинскиот пат. Изморени сте во обидувањето да изградите совршен живот.

ВАГА
Денес ќе сакате да направите „чистење“ во вашиот живот. Ќе сакате да се ослободите од нештата кои ве отежнуваат и не ви носат напредок. Постојат некои сили кои ви даваат надеж и ве носат кон подобра иднина. Очекувајте некоја важна порака или писмо. Ќе имате конкуренција.

ШКОРПИЈА
Денес немојте да се колебате, направете ги сите нешта кои ви се на ум затоа што во иднина тие можат да ви станат терет. Очекувајте напредок, ќе бидете ставени под тест кој ќе морате да го играте тактично. Очекувајте некој да ве пофали за вашиот труд.

СТРЕЛЕЦ
Се борите за да се докажете а тоа ви претставува препрека. Коментарите од блиските ве иритираат и ве обесхрабруваат, но продолжете напред и немојте да се откажувате. Ќе се обидувате да го контролирате својот бес. Можно е да избувните и тоа на личност која најмалку заслужува.

ЈАРЕЦ
Очекувајте да бидете испровоцирани, но не подлегнувајте на такви коментари. Ќе бидете во потрага по нешто што ќе ја зголеми вашата енергија. Потребна ви мотивација. Некоја бизнис понуда пристигнува кај вас, ќе биде добра прилика. Ослободете се од стравовите кои долго време ви отежнуваат.

ВОДОЛИЈА
Вашите страсти ве водат, сега е време да им се препуштите. Ќе имате некоја идеа за која ќе добиете неодобрување, но тоа не треба да ве натера да се откажете. Некој ќе ви довери некоја тајна или нешто интимно, размислете добро пред да го споделите. Вашата цел треба да ја пронајдете длабоко во себе.

РИБИ
Ќе се чувствувате чудно и ќе лутате на некои далечни места во вашиот ум. Ќе сакате да побегнете или да направите некоја промена. Можеби ќе се збогувате со некоја личност во вашиот живот. Сега не е време за залудно талкање со мислите, подобро фрлете се на работа. Вашата продуктивност е на врвот.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Пробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Moon Moons

Доколку во вашето утринско кафе додадете малку чоколадо, можете полесно да се сконцентрирате и посмирено да го започнете денот, покажува истражување спроведено на Универзитетот во Џорџија.

Научниците ги споредиле ефектите врз „менталната енергија“ кај луѓе кои пиеле кафе со чоколадо, обично кафе, кафе само со кофеин и комбинација од кофеин и чоколадо. Секој учесник секојдневно консумирал по еден од овие четири напитоци, по што решавал тест за ментална будност.

Оние што пиеле кафе со чоколадо, како и комбинацијата кофеин–чоколадо, покажале побрзи реакции и поголема точност во решавањето задачи во споредба со останатите групи.

Освен подобрувањето на концентрацијата, резултатите откриле и дека чоколадото може да ја намали „напнатоста предизвикана од кофеинот“.

„Овој напиток го подобрува протокот на крв во деловите на мозокот одговорни за вниманието и когнитивните функции. Кофеинот, пак, може да ја зголеми нервозата, но чоколадото го ублажува овој негов ефект“, истакнуваат истражувачите.

Сепак, експертите предупредуваат дека консумирањето чисто кафе може да ја засили агресивноста кај некои луѓе.

Затоа, додадете парче чоколадо во вашето кафе и решете ги двата најчести утрински предизвици!

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Што значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Frank Zhang

Начинот на исхранување и правилното внесување на вода се едни од најважните навики за кои сами одлучуваме и кои значително влијаат врз нашето здравје. Многумина веруваат дека редовното пиење превриена вода може да помогне во намалување на одредени здравствени проблеми.

Кога водата ќе се загрее до точка на вриење, се смета дека дел од тешките метали и штетните материи кои можат да бидат присутни во водата од чешма се намалуваат. Британските експерти по испитување врз тоа истакнуваат исто така дека по петминутно вриење, често може да се забележи талог кој останал по ладењето на водата.

Како што се смета, топлата или жешката вода може да има различни поволни ефекти врз организмот:

  1. Една чаша топла вода на ден може да го поттикне чистењето на кожата, особено кај лица со сува кожа или склоност кон акни.
  2. Топлата вода ги релаксира мускулите, па затоа се препорачува како природен начин за ублажување менструални грчеви.
  3. Пиењето жешка вода наутро пред јадење или половина час по оброк може да ја подобри работата на варењето и да ја намали подуеноста и гасовите.
  4. Консумацијата на топла вода на празен стомак понекогаш се препорачува за смирување на уринарни тегоби и намалување на желудочната киселина.
  5. Редовното пиење топла вода може да ја стимулира циркулацијата, потењето и исфрлањето на токсините, што индиректно го олеснува товарот врз бубрезите.
  6. Ако испиете чаша топла вода околу еден час по јадење, тоа може да го забрза метаболизмот и согорувањето калории.
  7. Се смета дека топлата вода може да помогне и кај астма, икавица, настинки или кашлица, давајќи чувство на олеснување и дополнителна енергија.
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден4 часа

Времеплов: На денешен ден (1 декември)

На денешен ден 1 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Хороскоп7 часа

Месечен Хороскоп (декември 2025)

ОВЕН Денот ќе биде пасивен и ќе сакате да правите ретроспектива на нештата кои сте ги оствариле и оние кои...

Здравје и убавина8 часа

Пробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо

Доколку во вашето утринско кафе додадете малку чоколадо, можете полесно да се сконцентрирате и посмирено да го започнете денот, покажува...

Здравје и убавина10 часа

Што значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши

Начинот на исхранување и правилното внесување на вода се едни од најважните навики за кои сами одлучуваме и кои значително...

Кичево16 часа

(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“

Во рамки на вчерашниот ден Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево и Патриотското Друштво во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево...

Македонија17 часа

Кај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет

На 30.11.2025 година, околу 02:10 часот, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (30 ноември)

ОВЕН Вложувате големи напори за да постигнете позитивни резултати во деловното изразување, но има редослед на настани што ги нарушуваат...

Спорт2 дена

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското...

Спорт2 дена

(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен

Кичевски „ФК Напредок“ со победа на гостински терен против екипата на „ФК Ренова“ и официјално го заврши есенскиот дел од...

Здравје и убавина2 дена

„Солта“ го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот ако ја користиме прекумерно

Солта го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот многу поголемо отколку што мислиме. Таа е...

НАЈЧИТАНИ