Следете не

Спорт

(ГАЛЕРИЈА) Германците на дожд со одлична игра, за прв пораз на Милевски на домашен терен

Објавено пред

на

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера загуби од фаворитот Германија со 4:0 во натпревар од квалификациите за пласман на Светско првенство во Катар 2022, прв пораз на Благоја Милевски како селектор на нашата репрезентација.

Германците од самиот старт нападна силно по голот на Димитриевски, две добри прилики имаa во воведните минути од мечот.  Димитриевски го одбрани ударот на Кимих со глава, а потоа Зуле од волеј биеше преку голот. Нашите фудбалери успеаа да ја стабилизираат играта.  Елмас изведе корнер од десната страна, Дарко Велковски се обиде со глава, но ударот заврши крај дирекот на Нојер. Најголемата можност во првиот дел ја имаше Тимо Вернер пред самиот крај, неговиот удар со десната нога заврши во статитвата. Македонија се закани преку Елмас, кој си создаде простор, биеше по земја, но неговиот удар го скроти Нојер.

Во вториот дел Германците го засилија темпото на игра, а тоа резултираше со погодок на Хаверц за 1:0. Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер во период од 70 та до 74 минута постигна 2 гола за убедлива предност на германците од 3:0. Конечните 4:0 ги постигна Џамал Мусиала.

Македонија ќе ги игра последните два натпревари во месец ноември. Нашиот национален тим го чека гостување кај Ерменија во Ереван и домашен натпревар против Исланд Македонија: Столе Димитриевски, Стефан Ристовски (к) (Стефан Ашковски), Дарко Велковски, Висар Муслиу, Езџан Алијоски, Тихомир Костадинов (Кире Ристевски), Бобан Николов (Ердал Ракип), Аријан Адеми (Стефан Спировски), Елиф Елмас, Адис Јаховиќ (Бојан Миовски), Дарко Чурлинов

Нашата екипа го проследи овој натпревар од ложата за медиуми и направи галерија од настанот:

Спорт

(ФОТО) Нашите млади фудбалерки славеа против Фарски Острови

Објавено пред

на

Македонската женска репрезентација до 19 години со триумф против Фарски Острови ги започна квалификациите за пласман во Елитна фаза за Европско првенство.

Нашите млади фудбалерки денеска славеа со 3:0

Следниот натпревар во групата е на 23. октомври во 18.00 часот против домаќинот на турнирот Белорусија.

#НапредМакедонија

Прочитај повеќе...

Спорт

Адеми ќе биде надвор од терените подолг период со посложена рехабилитација, сепак се работи за тешка повреда

Објавено пред

на

Нашиот македонски репрезентативец Аријан Адеми ќе паузира околу два месеци поради повреда што ја заработи на натпреварот помеѓу Македонија и Германија кој заврши со исход од (0:4) во квалификациите за СП.

Имено на натпреварот против Германија, играчот на Челзи Каи Хаверц лошо нагази врз ногата на Адеми, така што поради сериозноста тој мораше да ја напушти играта, додека деталните прегледи ги направи во Загреб, по што беше утврдено дека ќе има подолга пауза. Како што дознаваме хрватски „Индекс“ – Адеми се здобил со тешка повреда на скочниот зглоб, која бара посложена рехабилитација и тешко е да се очекува да се врати пред зимскиот распуст.

Инаку Динамо ќе ги одигра последните два натпревари во 2021 година на 15 декември против Истра и три дена подоцна против Драговоjац, дури и ако дотогаш се опорави, речиси сигурно нема да биде принуден на тие натпревари.

Доколку не се случи чудесно закрепнување, што е малку веројатно, Динамо ќе остане без Адеми на сите натпревари од групите во Лига Европа (Рапид, Вест Хем, Генк). Адеми треба да ги пропушти и дербито со Риека во сабота, Осиек (20 ноември) и Хајдук, кои ќе играат на Максимир на 4 декември.

Ова е втора тешка повреда на капитенот на Динамо оваа сезона. Во јули, тој се здоби со повреда на мускулот на десната нога на натпреварот против Омонија, поради што пропушти десет натпревари и токму кога почна да се враќа во форма, се повреди на натпреварот со репрезентацијата.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Максимов 2 минути по влегување од клупата постигна гол за голема победа против Ерменија и конечен резултат 1:2

Објавено пред

на

Македонската репрезентација до 21 година славеше победа од 1:2 против Ерменија во Ереван, во натпревар од квалификациите за пласман на Европско првенство 2023.

Тешко издвојувана победа и важни три бода за тимот на селекторот Драги Канатларовски.

Нашите избраници одлично го отворија натпреварот и со силно темпо и пресинг ѝ создадоа многу проблеми на домашната одбрана. Македонија заслужено дојде до предност од 1:0 во 23. минута, одличниот центаршут на Антовски го искористи Ѓорѓиевски кој постигна прекрасен гол со глава. Ѓорѓиевски се најде во уште една одлична можност, но овој пат домашниот голман добро интервенираше.

Во продолжението, Македонија продолжи со офанзивна игра. Рустемовски имаше одлична можност да погоди, но немаше среќа. Македонија преку Максимов успеа да поведе со 2:0 во 82. минута. Домаќините до крајот на натпреварот успеа само да го ублажат поразот преку Григорјан.

Македонија: Денковски, Младеновски, Манев, Шеји, Хајдари (Ѓурковски), Воша (Скендери), Адем, Гроздановски, Антовски (Максимов), Рустемовски (Станковски), Ѓорѓиевски (Илиевски); 

Честитки момци!

Решавачкиот гол, може да го погледнете ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ЗанимливостиПред 1 минута

Кралска Тотал ТВ понуда: Крунисај го твојот дом со квалитетна и најбарана ТВ програма било каде во Македонија

TOTAL TV EXTRA & TOTAL TV PREMIUM – 50% попуст на претплата во првите 9 месеци! Сите претплатници кои ќе...

ХороскопПред 11 часа

Дневен Хороскоп (21 октомври) четврток

ОВЕН Расположението на денот е чиста среќа, драги наши Овни! Уживате во плодовите на вашиот труд. Beе можете да се...

СпортПред 13 часа

(ФОТО) Нашите млади фудбалерки славеа против Фарски Острови

Македонската женска репрезентација до 19 години со триумф против Фарски Острови ги започна квалификациите за пласман во Елитна фаза за...

КичевоПред 16 часа

🎵 La Casa: Иван Илиев и Антонио Пејоски викендов со свирка во живо

Кичевскиот комплекс La Casa продолжува со најдобрите забави во градот. Оваа викенд агенда ќе има дефинитивно романтичен стил. Петок: Иван...

Временска прогнозаПред 1 ден

Најнови метео вести, викендов следува промена на времето

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер...

МакедонијаПред 1 ден

Предмалку регистриран земјотрес во западниот дел од државата

Предмалку почувствуван земјотрес во југо-западниот дел од Македонија. Според ЕМСЦ информациите говорат дека потресот е со јачина од 3.2 степени...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (20 октомври) среда

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

КичевоПред 1 ден

Најдобрите омекшувачи за алишта сега достапни по акциска цена во АТВА Маркети – Кичево!

Најдобро покажаните омекшувачи за алишта сега достапни по акциска цена само во АТВА Маркети – Кичево, посетете ги веднаш и...

Здравје и убавинаПред 2 дена

Како да се спречи дехидратацијата во вашиот организам?

За спречување на дехидрацијата Светската здравствена организација препорачува посебен рехидратациски раствор (ОРС). Имено, тој содржи балансирана комбинација на вода, соли,...

МакедонијаПред 2 дена

Од 3,431 тестирања регистрирани 472 нови случаи на Ковид-19, починале 8 пациенти, оздравени 498 луѓе..

Направени се 3.431 тестирања, а регистрирани се 472 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 222, Куманово – 47, Прилеп – 30,...

НАЈЧИТАНИ