Следете не

Автомобили

Германскиот производител на оружје ќе испорачува делови за електрични возила

Објавено пред

на

Почнувајќи од 2025 година, Rheinmetall ќе ја снабдува неименуваната компанија со десетици милиони иновативни прекинувачи за новата платформа на возила.

Германскиот производител на оружје Rheinmetall во понеделникот објави дека добил нарачка за делови за електрични возила во вредност од над 250 милиони евра од домашниот производител на луксузни автомобили.

Rheinmetall ќе ја опреми автомобилската компанија со иновативни прекинувачи за новата генерација на електрични возила од 900 волти, се вели во соопштението за печатот.

Станува збор за електрично управувани прекинувачи кои овозможуваат безбедно палење и запирање на електричните возила и обезбедуваат безбедно и ефикасно работење на возилото, објаснија од Rheinmetall.

Ова, посочуваат, е особено важно во итни ситуации, вклучувајќи несреќи или кратки споеви во случај на дефект на системот.

Новата технологија од 900 волти значително ќе ја подобри ефикасноста на новата генерација возила на батерии, овозможувајќи побрзо полнење и подолги растојанија. Така, класата на напон од 900 V ќе стане стандард за идните електрични возила, се вели во соопштението за печатот.

Почнувајќи од 2025 година, Rheinmetall ќе ја снабдува неименуваната компанија со десетици милиони иновативни прекинувачи за новата платформа на возила.

Од почетокот на руската инвазија на Украина и најавата на германската влада дека ќе инвестира 100 милијарди евра во модернизацијата на армијата, вниманието главно е насочено кон производството на оружје на Rheinmetall.

Сепак, компанијата сака да ги прошири своите операции и во други сектори, како што е електромобилноста, а во последните години го реорганизираше одделот за автомобилски делови, забележува dpa.

Автомобили

(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Објавено пред

на

©porta.mk

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.

Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.

Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА

Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:

Прочитај повеќе...

Автомобили

Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

Објавено пред

на

Фото: Remy Lovesy @ unsplash
Фото: Remy Lovesy @ unsplash

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.

Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.

Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.

Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.

Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.

Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.

Извор: BUG

Прочитај повеќе...

Автомобили

(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври

Објавено пред

на

©porta.mk

Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)

Кристијан Бојоски (трето место)

Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.

И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!

Мал дел фотографии:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево5 часа

Д-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање

Вчера на локалните избори во втор круг победи Д-р Александар Јовановски. Кандидатот кој водеше граѓанска кампања на локалните избори се...

Фото: Dimitri Karastelev @ unsplash Фото: Dimitri Karastelev @ unsplash
Lifestyle12 часа

Како да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома

Маслиновото масло е едно од највредните и најкористените производи во секое домаќинство. Но, токму поради неговата популарност, на пазарот често...

ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat
Магазин12 часа

Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии

Како што се приближува крајот на годината, сè повеќе информации излегуваат за новата серија на Samsung Galaxy S26. Според најновите...

Фото: Bryan Angelo @ unsplash Фото: Bryan Angelo @ unsplash
Магазин12 часа

Amazon инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија

Amazon планира да инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија во следните три години. Компанијата продолжува да изненадува со своите амбициозни...

Фото: He Junhui @ unsplash Фото: He Junhui @ unsplash
Магазин12 часа

Xiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот

Xiaomi се подготвува да го претстави својот најнов предводник – Xiaomi 17 Ultra, кој ветува значителни подобрувања во перформансите, камерата...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за понеделник (3 октомври)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Технологија1 ден

„Google Maps“ има нова корисна функција

Популарната апликација Google Maps наскоро ќе добие нова и многу корисна функција режим за заштеда на батеријата. Овој необичен режим,...

Македонија1 ден

МВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид

За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места,...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (2 ноември)

ОВЕН Постои можност на деловно поле да добиете помош околу напредувањето кое сте го очекувале. Потребно е повеќе да и...

Здравје и убавина2 дена

Треба да се знае, слебеењето незначи дека треба да гладувате, еве неколку работи околу таа тема

Комбинацијата на редовна физичка активност и балансирана исхрана е најсигурниот пат до намалување на телесната тежина и подобрување на изгледот...

НАЈЧИТАНИ