Следете не

Мобилни уреди

Гласините говорат дека новиот „S24“ Samsung би можел да го користи процесорот „Exynos“, наместо досегашниот лидер „Snapdragon“

Објавено пред

на

Откако оваа година исклучиво ќе го искористи „Snapdragon“ процесорот за серијата Galaxy S23, Samsung следната година ќе го користи Exynos чипот за Galaxy S24. Телефоните од новата генерација на Galaxy „S“ ќе имаат процесор Exynos 2400, а некои протечени информации ни даваат преглед за тоа какви перформанси би можел да има.

Samsung ги тестираше перформансите на Exynos 2400 Unos, а тестот Basemark Powerboard 4.0 покажа дека графичкиот процесор Xclipse 940 освоил 1.656 поени на тестот Sacred Path.

Ова е 30% подобро од графичкиот процесор Xclipse 920 што се користи за Exynos 220, кој користи Vulkan API. Уште поважно, оваа изведба е слична на онаа на Snapdragon 8 Gen 2, каде што графичкиот процесор Adreno 740 освои 1.787 поени на истиот тест.

Бидејќи се уште се рани денови на тестирање и компанијата има неколку месеци да ги оптимизира перформансите на чипот, се очекува да го подобри до моментот кога Galaxy S24 ќе биде претставен на почетокот на следната година.

Exynos 2400 се очекува да ги користи новите ARM Cortex-X4, Cortex-A720 и Cortex-A520 јадра, како и да има двојно поголем број на графички јадра (WGP) во споредба со Exynos 2200, но нивната брзина на архитектурата се за сега е нејасна.

Од она што го знаеме досега, чипот ќе ја има новата графика XClipse 940, базирана на архитектурата RDNA3.

На интернет кружат различни информации за тоа како точно ќе се имплементира Exynos 2400 – некаде е наведено, на пример, дека Galaxy S24 Ultra ќе користи исклучиво Snapdragon 8 Gen 3, додека Exynos 2400 ќе се користи само во Galaxy S24 и Galaxy S24+.

Прашање е, сепак, дали Samsung ќе се реши на таков чекор, а ќе зависи од тоа колку ќе бидат слични овие процесори, бидејќи не смее да се дозволи преголема разлика меѓу моделите.

Извор: B92.net

Мобилни уреди

„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat
ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat

Samsung подготвува силен старт за 2026 година со својата следна генерација на флагшип уреди – Galaxy S26 серијата. Најистакнатиот модел, Galaxy S26 Ultra, повторно ќе биде во центарот на вниманието, носејќи револуционерни промени во дизајнот, перформансите и интелигентните функции.

Три модели, појасна стратегија

Новата серија ќе се состои од три клучни модели: Galaxy S26, S26 Plus и S26 Ultra. Samsung дефинитивно се откажува од „Edge“ варијантата поради ограничениот интерес, со што линијата станува поедноставна и пофокусирана – секој модел има јасна улога во понудата.

Редизајн со фокус на удобност и елеганција

Galaxy S26 Ultra добива свеж, модерен изглед со рамни рабови и нежни кривини што овозможуваат поприродно држење. Редизајнираниот модул на камерата е дискретно истакнат, додека мат црната завршница додава премиум естетика. Телефонот не само што изгледа подобро – туку и се чувствува постабилно и поцврсто во раката.

Моќ и ефикасност со Snapdragon 8 Elite Gen 5

Во срцето на уредот чука Snapdragon 8 Elite Gen 5, најновиот чипсет на Qualcomm, кој ветува рекордна брзина и оптимизирана потрошувачка на енергија. За првпат, сите региони ќе го добијат истиот процесор, што ќе обезбеди унифицирано искуство за сите корисници.

Екранот е M14 OLED панел со резолуција од 1440p, освежување до 180 Hz и извонредно време на одговор од 0,03 ms – совршен за гейминг и мултимедија. Батеријата од 5.000 mAh поддржува брзо полнење од 65W и безжично полнење од 30W, што значително го скратува времето потребно за полнење.

Паметно корисничко искуство со One UI 8.5

Galaxy S26 Ultra пристигнува со One UI 8.5, новата верзија на интерфејсот која вклучува длабока интеграција на вештачка интелигенција. Системот ги анализира навиките на корисникот, предлага персонализирани кратенки и автоматски ги прилагодува поставките.
Камерата користи AI-алгоритми за оптимизација на сцените, осветлувањето и боите – секоја фотографија изгледа професионално без рачна интервенција.

Камера што поставува нови стандарди

Главниот сензор од 200 MP обезбедува извонредни фотографии дури и во услови со слаба осветленост. Телефонот поддржува 8K видео снимање со 30 fps, има подобрена стабилизација, како и перископска леќа со 10x оптички зум и Space Zoom до 100x.

Ново поглавје за премиум класата

Со комбинација од врвен хардвер, интелигентни функции и супериорна камера, Galaxy S26 Ultra ветува да биде еден од најимпресивните смартфони во 2026 година. Според Geeky Gadgets, ова е моделот што ќе го постави новиот стандард во светот на премиум телефоните.

Извор: geeky-gadgets.com

Прочитај повеќе...

Мобилни уреди

Што носи новиот „iOS 26“? Естетика и функционалност во еден пакет

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Sumudu Mohottige

iOS 26 носи значителни подобрувања во персонализацијата и продуктивноста, овозможувајќи iPhone да стане уште пофлексибилен и прилагоден на потребите на корисниците.

Најголемите промени се забележуваат уште на почетниот екран, каде што е воведен ефект на „течно стакло“ со транспарентни икони и обновени виџети кои сега поддржуваат боја и различни нивоа на транспарентност. Ова дава свеж, минималистички и модерен изглед на интерфејсот.

Меѓу најинтересните новитети е функцијата Local Capture во Control Center, која овозможува снимање аудио и видео за време на повици, со автоматско зачувување на содржината во апликацијата Files. На овој начин корисниците добиваат дополнителна безбедност и практичност, без потреба од апликации од трети страни.

Апликациите исто така добија значајни надградби. Во Messages фотографиите во разговорите може да се пронајдат со еден допир, додека Weather овозможува персонализирано следење на временските услови за повеќе локации од дома и работа до омилените дестинации.

Новата апликација Preview ја олеснува обработката на слики со функции како ротирање, сечење, менување на големината и дури отстранување на позадина. Од друга страна, Photos додава светол и темен режим при уредување, побрз пристап до албуми и можност за генерирање случајни позадини.

Notes доби гестови за враќање и повторување на промени, додека Siri сега поддржува и внесување на команди преку текст особено корисно во ситуации кога гласовното користење не е практично. Дополнително, системот автоматски препознава датуми во скриншоти и нуди опција за брзо додавање на настани во календарот.

Сите овие подобрувања покажуваат дека iOS 26 е креиран со идеја да понуди подобро корисничко искуство, комбинирајќи модерен дизајн со практични алатки што го олеснуваат секојдневното користење на iPhone.

Прочитај повеќе...

Мобилни уреди

Новиот процесор за мобилни телефони на „Qualcomm“ ќе се вика „Snapdragon 8 Elite Gen 5“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Gilles Lambert

Qualcomm најави дека неговиот следен водечки мобилен процесор ќе се вика Snapdragon 8 Elite Gen 5 – име што може да делува збунувачки, бидејќи е наследник на минатогодишниот Snapdragon 8 Elite. Иако официјалното претставување ќе се одржи на самитот Snapdragon од 23 до 25 септември, компанијата веќе објасни зошто направила промени во брендирањето.

„Можеби изгледа како да сме прескокнале неколку генерации, но вистината е многу поедноставна – и помоќна. Snapdragon 8 Elite Gen 5 ја претставува петтата генерација на нашите премиум платформи од серијата 8, откако го воведовме новиот едноцифрен систем на именување и новиот визуелен идентитет“, напиша Qualcomm во блог објава. „Затоа, иако името звучи поинаку, тоа всушност е продолжение на нашата постојна рамка.“

Со оваа промена, компанијата сака да ја направи еволуцијата на своите водечки чипсети појасна за потрошувачите. По моделите Snapdragon 8 Gen 1, Gen 2 и Gen 3, Qualcomm ја наруши доследноста со минатогодишниот Snapdragon 8 Elite, кој всушност е четвртата генерација.

Сега, враќањето на генерациските броеви ја нагласува припадноста на сите модели во едно исто семејство и временска рамка на издавање, а истовремено – можеби не случајно – го избегнува бројот четири, кој традиционално се смета за несреќен во кинеската култура.

Извор: theverge.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за четврток (11 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Размислувате да започнете нова работа во која би ги уклучиле и некои...

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили16 часа

Германија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година

Германија во 2026 година ќе забележи значителен раст на електричната мобилност. Според проценките на Националното здружение на автомобилската индустрија (VDA),...

Фото: Gurth Bramall @ unsplash Фото: Gurth Bramall @ unsplash
Lifestyle17 часа

Зошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина

Веројатно ви се случило многу пати: вадите свежо измиена тава од шкаф, а под прстите повторно го чувствувате оној непријатен...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин17 часа

Samsung Galaxy телефоните добиваат нов модерен „Liquid Glass“ редизајн на почетокот на следната година

Samsung One UI 8.5 пристигнува со освежен изглед инспириран од стилот на Liquid Glass интерфејсот на Apple — со позаоблени...

Фото: Azamat E @ unsplash Фото: Azamat E @ unsplash
Магазин17 часа

YouTube го уредува фидот на почетната страница

• Пронаоѓањето видео на YouTube што навистина одговара на вашите интереси често знае да биде предизвик. Платформата го препозна ова...

Технологија17 часа

„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг

Google Maps воведува новитет кој, за почеток само на iOS, автоматски ја препознава локацијата каде што сте го оставиле автомобилот...

Македонија19 часа

ОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (10 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое...

Македонија1 ден

На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!

Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари...

Македонија2 дена

Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се...

НАЈЧИТАНИ