Следете не

Гејминг

„Global Game Jam Македонија“ – викенд по 11-ти пат во Скопје и Битола

Објавено пред

на

Викендов од вчера до 5-ти февруари во Скопје и Битола по 11ти пат се одржува „Global Game Jam Македонија“. Како и на сите претходни настани, организатор е Македонската Асоцијација за развивање на игри – МАГДА. Настанот е со физичко присуство и се одржува во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ во Скопје и во канцелариите на Kamai Media во Битола.

Како што истакнаа во своето официјално соопштение за медиумите, секој кој има желба да развива игри е поканет да учествува.

Македонија го започна своето учество на Global Game Jam во 2013 година и во изминатите години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа над 2000 учесници – професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. До сега се создадени повеќе од 300 дигитални игри во прототип, а некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

Се гордееме што Македонија на Global Game Jam редовно се пласира меѓу земјите со највисок бројот на учесници и игри создадени по глава на жител. Целта ни е и оваа година да го потврдиме и надградиме тој успех. За учесниците ќе обезбедиме непрекинат интернет пристап, храна, пијалоци и ужини во текот на целиот настан, награди за најдобрите ментори со кои ќе можат да се консултираат или да побараат помош, простор за работа, и простор за рекреација и одмор.

Очекуваме да имаме и голема публика за време на затварањето на настанот кога ќе се презентираат игрите и ќе се доделуваат награди. Учесниците со себе треба да донесат лаптоп или персонален компјутер, како и друга опрема што им е потребна, но најважно со себе да донесат многу креативна енергија и добро расположение, за нашиот медиум истакнаа од МАГДА.

Гејминг

Battlefield 6 продаде над 7 милиони примероци за само три дена

Објавено пред

на

Фото: Fredrick Tendong @ unsplash

Најновото издание од популарната франшиза Battlefield постигна неверојатен успех — над 7 милиони продадени примероци во првите три дена од лансирањето. Веста пристигнува само неколку дена откако EA објави дека компанијата станува приватна, во зделка вредна 55 милијарди долари.

Импресивни бројки на почетокот

Според податоците, играчите во првите денови одиграле повеќе од 172 милиони онлајн натпревари, а стриминг платформите забележале над 15 милиони прегледи поврзани со играта.
Овие бројки ја прават најуспешната премиера во историјата на франшизата Battlefield. За споредба, претходното издание, Battlefield 2042 (2021), продаде околу 4,2 милиони примероци во првата недела.

Реакции од EA

„Прво и најважно, сакаме да им се заблагодариме на нашите играчи,“ изјави генералниот менаџер на франшизата, Бајрон Бид.
„Никогаш не ги земаме ваквите моменти здраво за готово, па затоа сакам да ја изразам нашата искрена благодарност до нашите глобални Battlefield Studios и страствената заедница што ни помогна да стигнеме до оваа точка,“ додаде Винс Зампела, извршен потпретседател на EA.

EA станува приватна компанија

Лансирањето на играта се совпадна со веста дека EA ќе премине во приватна сопственост. Новите сопственици се Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија (PIF), како и компаниите Silver Lake и Affinity Partners.
Сепак, дел од синдикално организираните вработени во EA изразија загриженост за зделката, предупредувајќи дека „со приватизација, работниците губат транспарентност, видливост и моќ“.

Достапност

Battlefield 6 официјално беше објавена на 10 октомври, и е достапна за PC, PlayStation 5 и Xbox Series X/S.
Првата сезона на дополнителна содржина ќе пристигне на 28 октомври.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Гејминг

Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија

Објавено пред

на

Фото: appshunter.io @ unsplash

По пет години судски битки, Epic Games успеа да го врати Fortnite и Epic Games Store на iOS уредите во Австралија. Одлуката на судот утврди дека Apple ја ограничувал конкуренцијата со своите строги правила, особено со забраната за алтернативни методи на плаќање, пренесува Australian Financial Review.

Epic Games изјави:
„Австралискиот суд пресуди дека Apple и Google ја злоупотребуваат својата контрола врз дистрибуцијата на апликации и плаќањата во нив за да ја ограничат конкуренцијата. Постојат над 2.000 страници со наоди што ќе треба да ги испитаме. Сепак, ова е победа за програмерите и потрошувачите во Австралија!“

Како започна конфликтот?

  • Epic го заобиколи системот за плаќање на Apple.

  • Наместо тоа, воведе сопствен метод за купувања.

  • Apple остана без вообичаената провизија од 30%.

  • Како реакција, Fortnite и другите апликации беа отстранети од App Store, што доведе до долг судски процес.

Во април оваа година, американскиот суд пресуди дека Apple повеќе нема право да наплаќа провизија за купувања направени надвор од App Store. По таа одлука, Fortnite повторно се врати во американската App Store во мај.

Иако одлуката во Австралија е историска за гејмерите и девелоперите, сè уште не е познато кога Fortnite и Epic Games Store повторно ќе бидат достапни за сите iOS корисници таму.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Гејминг

Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Kerde Severin

Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос на претходните 499,99 долари. Digital Edition ќе поскапи од 449,99 на 499,99 долари, додека најмоќната верзија – PS5 Pro – ќе чини 749,99 долари наместо досегашните 699,99.

Од компанијата објаснуваат дека ваквата одлука е резултат на „тешките економски услови“ и дополнителните тарифи кои значително ги зголемиле трошоците за производство и дистрибуција.

„Иако настојувавме што подолго да ги задржиме старите цени, актуелните пазарни околности нè принудија да направиме корекција“, наведуваат од Sony.

Позитивна вест за играчите е тоа што цените на игрите и додатоците нема да се менуваат.

Со овој потег, Sony се усогласува со конкурентите, бидејќи и Microsoft и Nintendo претходно ги зголемија цените на своите гејминг конзоли поради слични економски предизвици.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за четврток (30 октомври)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Спорт5 часа

Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот

Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А....

Спорт13 часа

Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски...

Македонија13 часа

Дополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Временска прогноза13 часа

На утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски

Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и...

Скопје17 часа

Скопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци

На 29.10.2025 година во 10:05 часот започна најавениот протест на вработените на ЈП Паркови и Зеленило Скопје присуство на околу...

Македонија17 часа

МВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (29 октомври)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Фото: Salvador Rios @ unsplash Фото: Salvador Rios @ unsplash
Магазин2 дена

Илон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia

Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа новата онлајн енциклопедија Grokipedia, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин2 дена

WhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица

Сè повеќе постари лица стануваат мета на онлајн измами, а „Мета“ конечно презема чекори за да го намали овој растечки...

НАЈЧИТАНИ