Следете не

Спорт

Ѓоковиќ го освои шестиот трофеј на Вимблдон, му фали само „US Open“ за да биде третиот тенисер што освои четири грен слем титули

Објавено пред

на

Првиот тенисер во светот се изедначи со Роџер Федерер и Рафел Надал, кои ја освоија по 20. титула на Грен слем турнири. Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои шестата титула на Вимблдон.

Во денешното финале, седмо во клубот Ол Англија, српскиот тенисер го победи деветтиот играч во светот, Италијанецот Матео Беретини, со 3:1 во сетови (6:7, 6:4, 6:4, 6:3)

Со шестата титула шампион на лондонскиот турнир, Новак стигна до 20-та грен слем титула и се изедначи со ко-стрелците на Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал.

На Ѓоковиќ му треба само триумф на овогодинешниот „US Open“ за да стане третиот тенисер во историјата што ги освоил сите четири грен слем титули во иста календарска година.

Ова прво го стори Американецот Доналд Баџ (1938), и го повтори двапати Австралиецот Род Лејвер (1962 и 1969).

Спорт

Аталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ

Објавено пред

на

©porta.mk

Аталанта го отпушти 50-годишниот хрватски стратег Иван Јуриќ по само 11 одиграни натпревари во Серија А, еден ден по поразот од Сасуоло со 0–3. По овој неуспех, тимот од Бергамо падна на 13-тото место на табелата со вкупно 13 освоени бода.

Јуриќ ја презеде клупата на Аталанта во јули и го предводеше тимот на вкупно 15 натпревари, од кои забележа четири победи – по две во Серија А и во Лигата на шампионите.

„Иван Јуриќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим, заедно со неговите најблиски соработници. Аталанта им се заблагодарува на Јуриќ и на неговиот стручен штаб за посветеноста и им посакува успех во понатамошната кариера,“ се наведува во официјалното соопштение на клубот.

Според италијанските медиуми, главен кандидат за нов тренер на Аталанта е Рафаеле Паладино.

Прочитај повеќе...

Спорт

Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“

Објавено пред

на

©porta.mk

Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.

Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.

Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.

Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.

Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.

Прочитај повеќе...

Спорт

Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил

Објавено пред

на

©porta.mk

Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.

Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.

Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.

Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Занимливости2 часа

Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување

Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често...

Временска прогноза2 часа

Попоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер

Уште од самиот почеток на следната седмица судејќи според понатамошните нови излези на прогностичките модели ни следува нова голема промена...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за четврток (13 ноември)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Македонија20 часа

Нов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди

На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „4 Ноември“, ул. „Влатко Миленковски“...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин22 часа

Вашиот WhatsApp станува неосвоив – новата функција целосно ги блокира непознатите контакти

WhatsApp воведува нова безбедносна функција што им овозможува на корисниците целосна заштита од спам и потенцијални измами. Новата опција, наречена...

Фото: Azamat E @ unsplash Фото: Azamat E @ unsplash
Магазин23 часа

YouTube наградува лајкови со забавни анимации

ouTube воведе нова интерактивна функција – копчето „Ми се допаѓа“ сега може да ве награди со кратка, забавна анимација секогаш...

Кичево24 часа

ОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина

На 11.11.2025 во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од...

Здравје и убавина24 часа

Направете дома природен „Витамин Ц“ напиток

Витаминот Ц е еден од најважните сојузници на организмот во борбата против настинки, вируси и замор. Освен што го зајакнува...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (12 ноември)

Овен Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа...

Македонија2 дена

Телефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција

Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите „стадиум 5“ и оди на хемодијализа од 2016...

НАЈЧИТАНИ