Следете не

Спорт

Ѓоковиќ ќе игра на „Дејвис куп“ оваа година, ако Србија биде меѓу првите, завршниот турнир во Малага ќе се игра крајот на ноември

Објавено пред

на

Србија е во групата Б со Шпанија, Чешка и Јужна Кореја, а ќе игра во Валенсија.

„Ќе играм оваа година. Со нетрпение очекувам да го. Не играв минатата година – се чувствував виновен затоа што се надевав дека момците ќе ја поминат групата во Валенсија, па ќе им се приклучам во Малага. Тој формат е воспоставен веќе неколку години, имавме тешка група минатата година“, истакна Ѓоковиќ и додаде:

„Се надевам дека ќе бидам здрав и достапен. Точно е дека распоредот е незгоден, дека се игра една недела по финалето на УС Опен, но на тренерот Виктор (Троицки) му кажав дека сум тука и – едвај чекам“.

Доколку Србија биде меѓу првите две селекции, завршниот турнир во Малага ќе го игра од 21 до 26 ноември.

Србија има една титула, онаа од 2010 година, а самиот Ѓоковиќ изјави дека таа титула била една од пресвртните точки во неговата кариера.

Спорт

Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Nav _eex

Кристијано Роналдо (40) зад себе има импресивна голгетерска кариера – 450 голови за Реал Мадрид, 145 за Манчестер Јунајтед и 101 за Јувентус, пред неодамна да го постигне и својот 100-ти погодок во дресот на Ал Наср, клуб на кој му се приклучи во декември 2022 година.

Со тоа, Роналдо стана единствениот фудбалер во историјата што постигнал најмалку 100 голови за четири различни клуба. Досега, само Исидро Лангара, Ромарио и Нејмар имаат по 100 голови за три клуба.

Јубилејниот 100-ти гол за Ал Наср Роналдо го постигна во финалето на Саудискиот Суперкуп против Ал Ахли, реализирајќи пенал во 40-тата минута. Натпреварот заврши 2-2 во регуларното време, а иако Португалецот беше прецизен и во пенал-серијата, Ал Ахли славеше со 5-3 и го освои трофејот.

Прочитај повеќе...

Спорт

Утре започнува првото коло во втората македонска фудбалска лига, според новите правила само шампионот обезбедува место во ПМФЛ

Објавено пред

на

©porta.mk

Утре од 17:00 часот стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига со натпреварите од првото коло. Сезоната 2025/2026 се очекува да биде една од највозбудливите и најнепредвидливите досега. Дополнителна доза на неизвесност носат и промените во системот на натпреварување – од следната сезона лигата ќе брои две екипи помалку, а изменети се и правилата за промоција и испаѓање.

Според новите правила, само шампионот директно обезбедува место во Првата МФЛ. Тимовите што ќе завршат на втората и третата позиција ќе играат бараж за влез во елитата.

Најдраматичната борба, сепак, се очекува на дното од табелата: четирите последно пласирани екипи директно испаѓаат, додека тимовите од 9. до 11. место ќе мора да одиграат бараж-дуели со прваците од Третите лиги за опстанок.

Како главен фаворит за првата позиција и директна промоција се истакнува штипска Брегалница, но во борбата за елитата се вбројуваат и Беласица, Скопје, Шкендија Арачиново и Детонит Плачковица. Сепак, амбиции за висок пласман имаат сите клубови, особено со оглед на тоа што секој бод може да биде клучен за избегнување на испаѓање.

Сите натпревари ќе бидат достапни во живо преку YouTube-каналот на ФФМ.

Распоред за 1. коло – Втора МФЛ (23 август, 17:00 часот):

  • Вардар Неготино – Тетекс

  • Брегалница 2008 – Кожуф

  • Новаци – Победа

  • Каменица САСА – Осогово

  • Преспа – Шкендија Арачиново 77

  • Охрид Лихнидос – Беласица

  • Скопје – Слога 1934

  • Големо Коњари – Детонит Плачковица

Извор: ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија)

Прочитај повеќе...

Спорт

Србинот Меџедовиќ го заврши своето учество на „АТП“ турнирот откако загуби од францускиот тенисер Перикар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Српскиот тенисер Хамад Меџедовиќ го заврши својот настап на АТП турнирот во Винстон-Салем во четвртфиналната фаза, откако загуби од Французинот Џовани Мпеши Перикар со 2-0 во сетови (7:6 [8], 6:2).

Дуелот траеше еден час и 29 минути. Првиот сет мина без брејк-шанси, па беше решен во тајбрејк, каде што Меџедовиќ водеше со 5:1 и имаше четири сет-топки, но не успеа да ги искористи. Французинот ја презеде иницијативата и го освои тајбрејкот со 10:8, поведувајќи со 1-0 во сетови.

Во вториот сет, српскиот тенисер не успеа да го одржи нивото на игра, што му овозможи на Мпеши Перикар со два брејка рутински да стигне до победата.

Мпеши Перикар ќе се бори за пласман во финалето против победникот од прекинатиот четвртфинален меч помеѓу Ботик ван де Зандшулп и кинескиот тенисер од монголско потекло, Бујунчаокете. Во моментот на прекинот, холандскиот играч водеше со 6:3, 4:3.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт24 минути

Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови

Кристијано Роналдо (40) зад себе има импресивна голгетерска кариера – 450 голови за Реал Мадрид, 145 за Манчестер Јунајтед и...

Кичево4 часа

Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај

Во понеделник, 25 август 2025 година, ГД „Гранит“ АД Скопје, изведувач на работите на Автопатот А2 Кичево–Охрид, ќе започне со...

Хроника5 часа

Уште една трагедија на македонските патишта, загина украинец пешак, го удрил жител на Косово од Германија

На 22.08.2025 околу 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце, на околу...

Lifestyle8 часа

Како да ја направите вашата орхидеја да расцвета: 4 корисни совети

Орхидеите се меѓу најубавите декоративни растенија за домот, но бараат посебна грижа и внимание. Многу луѓе погрешно мислат дека е...

Гејминг8 часа

Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија

По пет години судски битки, Epic Games успеа да го врати Fortnite и Epic Games Store на iOS уредите во...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за сабота (23 август)

ОВЕН Расположението на денот е чиста среќа, драги наши Овни! Уживате во плодовите на вашиот труд. Beе можете да се...

Македонија20 часа

Времен прекин на сообраќај утре и задутре поради меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“

Од АМСМ информираат дека на 23 и 24 август 2025 година, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, на регионалниот...

Спорт1 ден

Утре започнува првото коло во втората македонска фудбалска лига, според новите правила само шампионот обезбедува место во ПМФЛ

Утре од 17:00 часот стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига со натпреварите од првото коло. Сезоната 2025/2026 се...

Македонија1 ден

Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка измамена за огромна сума на евра и швајцарски франци

На 21.08.2025 во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од...

Гејминг1 ден

Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар

Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос...

НАЈЧИТАНИ