Следете не

Спорт

Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/facebook/fkpelister

ФК Пелистер вечерва ја извести јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе бидат наменети за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани.

Преку социјалните мрежи ги повикуваат сите навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција.

Цена на билетот: 200 денари

Спорт

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра нерешено со Косово во гости

Објавено пред

на

©porta.mk

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра натпревар без голови против Косово, на првиот контролен меч меѓу овие две селекции, кој се одигра на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина.

Мечот беше борбен и неизвесен до самиот крај, со многу трчање и тактички дуели на теренот. Обете екипи имаа свои шанси, но не успеаја да ги реализираат.

Најблиску до погодок беше Димитар Трајков во 36. минута, но неговиот удар со глава заврши над голот. Пред крајот на првото полувреме, Меметриза Хамза се обиде со удар од далечина, но домашниот голман сигурно интервенираше.

Во второто полувреме, Трајков повторно се најде во добра позиција во 62. минута, но не успеа да погоди. Адриан Зенделовски во 80. минута имаше своја шанса, но ударот му беше блокиран. Неколку минути подоцна, Анес Мелиќи се закани со удар со глава, но беше непрецизен.

За Македонија настапија: Васко Василев, Ѓорге Џеков, Матеј Ангелов, Адриан Зенделовски (Никола Манојлов), Мартин Ѓоргиевски, Димитар Трајков (Матеј Гаштаров), Давид Даилоски, Нуман Ајетовиќ, Меметриза Хамза (Кире Стојанов), Димитар Данев, Анес Мелиќи

Селектор: Горан Станиќ

Прочитај повеќе...

Спорт

Милевски го соопшти списокот на повикани фудбалери за квалификациските мечеви против Белгија и Казахстан

Објавено пред

на

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, го соопшти списокот на играчи кои ќе настапат на квалификациските натпревари за Светското првенство против Белгија на 6 јуни во Скопје и против Казахстан на 9 јуни во Астана. На списокот има само еден нов играч – Стефан Деспотовски од ОФК Београд, кој ќе дебитира за националниот тим.

Поради повреди, натпреварите ќе ги пропуштат Дарко Велковски, Никола Серафимов и Лирим Ќамили.

ГОЛМАНИ

Столе Димитриевски
Дејан Илиев
Дамјан Шишковски
Игор Алексовски

ОДБРАНА

Јован Манев
Стефан Деспотовски
Ѓоко Зајков
Езѓан Алиоски
Андреј Стојчевски
Стефан Ашковски
Бојан Димоски
Висар Муслиу
Бојан Илиевски

СРЕДЕН РЕД

Агон Елези
Енис Барди (капитен)
Елиф Елмас
Тихомир Костадинов
Исник Алими
Лука Станковски
Јани Атанасов

НАПАД

Александар Трајковски
Димитар Митровски
Бојан Миовски
Дарко Чурлинов
Кристијан Трапановски
Милан Ристовски
Давид Тошевски

Прочитај повеќе...

Спорт

Младинците на „АП Брера Струмица“ ја освоија титулата во „Купот на Македонија“ против екипата на „ФК Брегалница“

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube/ffm

Во финалето на „Купот на Македонија“ на младинци, денеска екипата на „АП Брера Струмица“ ја освои титулата со убедлива победа од 4:0 против тимот на „Брегалница“. Натпреварот се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Првото полувреме заврши со водство за Брера откако Бобан Кузмановски постигна гол во 45. минута. Тој и во второто полувреме беше прецизен, зголемувајќи на 2:0 во 48. минута. Во 56. минута Давид Ристовски ја зголеми предноста на 3:0, а конечниот резултат од 4:0 беше поставен со автогол на Дарко Митев во 83. минута.

По завршувањето на натпреварот, пехарот и медалите им беа врачени на победниците од страна на Ѓорги Христов, технички директор на младинските селекции на Македонија и поранешен репрезентативец.

„ФК Брегалница“ настапи со следниот состав: Мартин Миленковски, Филип Чичев, Ненад Миланов, Алекс Дмитров, Драган Трајчов, Павел Штерјов, Лука Николов, Лука Бојаџиев, Дарко Митев, Бранимир Иванов.

Тренер: Никола Кузманов.

За „АП Брера Струмица“ играа: Спасе Вргов, Андреј Велков, Марио Митрев, Каменчо Андоновски, Мартин Шаренковски, Бобан Кузмановски, Игор Ристов, Давид Ристовски, Здравко Перески, Флориан Рочи, Никола Ангелов.

Тренер: Ѓорѓе Стојчев.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево1 час

Кичевчани денеска по четврт пат ќе протестираат пред општинската зграда поради градската депонија, бараат решавање на долгогодишниот проблем

Денес во 18:00 часот од страна на градскиот „Кеј“, пред општинската зграда во Кичево ќе се одржи четвртиот протест на...

Кичево1 час

Во сабота на Китино Кале, „Биди нејзиниот глас“, настан наменет за превенција на домашното насилство и зајакнување на жените во организација на „Саншајн Кидс“

Некои приказни не се раскажуваат. Некои лица никогаш не врескаат. Но насилството не бара бучава за да уништи. Токму затоа,...

Спорт2 часа

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра нерешено со Косово во гости

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра натпревар без голови против Косово, на првиот контролен меч меѓу овие две селекции,...

Македонија3 часа

Лице од демирхисарско возел автомобил со 3,43 промили алкохол во крвта

На 28.05.2025 во 19 часот на патот Битола-Демир Хисар полициски службеници  од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.Р....

Хороскоп15 часа

Хороскоп за четврток (29 мај)

Овен Ако очекувате прилив на пари, можете да се надевате на успех. Ви доаѓа можност на личноста која ви се...

Македонија20 часа

Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Охрид, ОВР Струга, ПО во с.Велешта и ПС за ГП аеродром „Св.Апостол Павле“

Министерството за внатрешни работи ќе биде силна логистичка поддршка на напорите на СВР Охрид за натамошно одржување на стабилна и...

Спорт23 часа

Милевски го соопшти списокот на повикани фудбалери за квалификациските мечеви против Белгија и Казахстан

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, го соопшти списокот на играчи кои ќе настапат на квалификациските натпревари за Светското...

Македонија1 ден

На старица од Прилеп и украле златно ланче, експресно биле фатени од Полицијата

На 27.05.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп ги лишија од слобода М.К.(18) од Прилеп и...

Временска прогноза1 ден

Доаѓа прилив на Африкански бран кој ги носи посакуваните летни температури

Сепак, според последните метеоролошки информации почнувајќи од викендов, особено од недела (1 јуни) во Македонија ќе започне приливот на топол...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (28 мај)

ОВЕН Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка....

НАЈЧИТАНИ