Автомобили
Golf повеќе не е број 1, но VW сè уште гори во Европа

И покрај фактот што по неколку децении неговиот модел повеќе не е европски бестселер, Volkswagen останува неприкосновен лидер на Стариот континент.
Според последните податоци кои ги објави Jato Dynamics, минатата година на европскиот пазар (30 земји) се регистрирани 11,3 милиони нови автомобили. Тоа е најниската бројка од 1985 година, а во споредба со 2019 година (пред пандемијата), падот е неверојатни 29 проценти.
И додека најбараниот модел беше Peugeot 208, што се однесува до марките, Volkswagen се уште е на врвот, а по него се Toyota и двете германски премиум марки Mercedes и BMW.
Во 2022 година, Volkswagen продаде речиси 1,2 милиони возила во Европа (тоа значи само марката, а не целата групација VW), додека Toyota изби на одличното второ место со испорачани 766.000 автомобили.
Интересно е што на позициите 3 и 4 се две премиум марки, Mercedes и BMW, со по околу 650.000 продадени возила во 2022 година.
Листата на првите пет ја заокружува споменатиот Peugeot, кој минатата година на клиентите во Европа им испорача околу 624.000 автомобили.
Погледнете ја листата на топ 15 најбарани автомобилски марки во Европа:
Автомобили
BMW и Qualcomm развиваат систем за помош при управување „Snapdragon Ride Pilot“

BMW и Qualcomm го претставија новиот систем за помош на возачот „Snapdragon Ride Pilot“, кој за прв пат ќе биде прикажан на саемот „IAA Mobility 2025“. Решението овозможува автономно возење на автопати, автоматско менување на ленти и поддршка при паркирање, со што се најавува следната фаза во развојот на интелигентната мобилност.
Станува збор за технологија од ниво 2+, што подразбира дека возачот и натаму мора активно да го следи сообраќајот. Платформата комбинира 360° камера перцепција, вештачка интелигенција и напредни алгоритми за анализа на сложени ситуации во сообраќајот.
Qualcomm нагласува дека безбедноста е врвен приоритет, со усогласување со глобални стандарди како ISO ASIL. Ride Pilot веќе е валидиран во 60 земји, а до 2026 година целта е присуство во повеќе од 100 пазари.
Со ова, BMW и Qualcomm се приклучуваат кон динамичната трка за автономни решенија, каде конкуренцијата од компании како NVIDIA и Mobileye станува сè поинтензивна.
Извор: Engadged
Автомобили
Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година

Во првата половина од 2025 година, европскиот автомобилски пазар бележи значајни промени и трендови. Според податоците на JATO Dynamics, објавени од Best-Selling Cars, најпродаван производител останува Volkswagen Group, додека зад него се позиционираат Stellantis, Renault Group и Hyundai-Kia.
Volkswagen Group и понатаму водечки
Volkswagen Group го задржа својот статус на најголем производител во Европа со над 1,8 милиони продадени возила. Иако 72% од продажбата сè уште се базира на конвенционални мотори, уделот на електричните и хибридните модели расте и сега изнесува 28%.
Stellantis стабилно на второ место
На второ место е Stellantis, со продадени 1,04 милиони автомобили. Оваа групација сè уште најмногу се потпира на класични погонски склопови – дури 85% од продажбата доаѓа од бензински и дизел модели.
Renault и Hyundai-Kia со силен раст
На третото место е Renault Group, со 704.000 продадени возила, додека Hyundai-Kia се пласира на четвртото место со 541.000 возила. Двата производители се издвојуваат со висок удел на електрифицирани модели – околу 43% од вкупната продажба.
Премиум брендовите ја забрзуваат транзицијата
BMW Group продаде 485.000 возила, од кои 40% се електрични или хибридни. Mercedes-Benz постигна 355.000 продажби, со удел на електрифицирани модели од 34%.
Ford исто така продаде 257.000 автомобили, со идентичен удел на електрифицирани возила како и Mercedes – 34%.
Geely сè поактивен во Европа
Кинеската Geely Group оствари 202.000 продажби, од кои дури 67% се електрични или хибридни автомобили. Со тоа, Geely се искачи на деветтото место, пред Nissan (165.000 возила) и веднаш зад Ford.
Toyota лидер во електрификацијата
Иако по вкупна продажба е на шестото место со 479.000 возила, Toyota е апсолутен лидер во електрификацијата. Дури 86% од нејзината продажба во Европа се хибриди и електрични автомобили – највисок удел меѓу сите водечки брендови.
Силната хибридна понуда и растечката популарност на електричните модели ѝ овозможуваат на Toyota да се натпреварува рамноправно со европските производители, иако традиционално тие доминираат на пазарот.
Извор: 24Sata
Автомобили
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар

Темата за иднината на рачните менувачи ја допревме и порано, но анализата на најновите податоци од европските пазари, а особено од САД, јасно укажува дека тие полека исчезнуваат од автомобилската сцена.
Трендовите покажуваат дека автоматските менувачи веќе се наметнуваат како доминантен избор, оставајќи го класичниот рачен менувач на маргините. Воведувањето на SUV сегментот, а потоа и ширењето на електричните возила, само го забрза овој процес. Она што започна во САД уште кон крајот на 90-тите, а глобално во првата деценија од 21 век, денес изгледа како неповратна трансформација.
Американскиот пазар, со своите автопатишта и традиција за возила со големи димензии, одамна е предводник во користењето на автоматски менувачи. Првиот масовно достапен автоматски менувач, развиен од „Џенерал Моторс“ уште во 1939 година, ја трасираше патеката. Дека промената е драматична, говорат бројките: во средината на 90-тите години речиси 28% од новите возила сè уште имале рачен менувач, додека денес тој удел се сведе на едвај 0,8%.
Европа долго време одолеваше. Во 2001 година, дури 91% од сите автомобили регистрирани на петте најголеми пазари (Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија) користеа рачен менувач. Дури и кај премиум и луксузните марки, автоматиката тогаш беше ретка и скапа опција. Но, со текот на времето, развојот на технологијата ги намали трошоците, а урбанизацијата и сè погустите сообраќајни метежи го направија автоматскиот менувач попрактично решение.
Не е изненадување што автошколите во најголемите земји на ЕУ сè почесто обучуваат возачи директно на возила со автоматски менувач. Денес, само симболичен дел од часовите е резервиран за рачна контрола.
Податоците го потврдуваат тоа: во 2023 година само 29% од новите автомобили во овие пет европски пазари имале рачен менувач. Кај премиум возилата доминацијата на автоматиката е речиси апсолутна – од 31% во 2001 година, уделот пораснал на 97% во 2024. И кај масовните брендови се забележува радикален пресврт – од едвај 5% во 2001 година на 63% минатата година.
Извор: motor1.com
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (16 септември)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за среда (17 септември)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цените на горивата се намалуваат
-
Скопје24 часа
(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!
-
Македонија20 часа
Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата
-
Здравје и убавина2 дена
Единствен рецепт за појак имунитет
-
Временска прогноза2 дена
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно
-
Временска прогноза1 ден
По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец