Магазин
Google фатен во лажно рекламирање
Google и iHeartMedia, најголемиот оператор на радио станици во САД, се обвинети за лажно рекламирање на телефонот Pixel 4. Федералната трговска комисија и четири американски држави објавија дека радио-домаќините во сопственост на iHeartMedia објавиле повеќе од 29.000 погрешни реклами во 2019 и 2020 година, промовирајќи производи што никогаш не ги користеле. На овој начин тие покажаа непочитување на правилата за вистинито рекламирање. Споменатите фирми се спогодиле со судот, кој предложил да платат казна во износ од 9,4 милиони долари.
Ова изгледа многу чудно на прв поглед, бидејќи повеќето реклами може да се подигнат под истото обвинение. Но, овде не е спорно она што се рекламирало, туку начинот на кој тоа е направено. Имено, водителките на радио станиците зборуваа за своите „сопствени искуства“ со телефоните Pixel 4, каде никогаш не ги држеле во раце. Во прашање беа речениците како: „Снимав фотографии со студиски квалитет…“, „Google Assistant, кој може да извршува повеќе задачи истовремено, многу ми помогна во работата…“ кои едноставно не можеа да бидат вистински.
Доколку овие рекламни пораки беа формулирани поинаку и ако не се користеше првото лице, казната ќе беше избегната. Објаснувањето на обвинителството беше дека луѓето многу повеќе им веруваат на искуствата од прва рака. Радио слушателите очекуваа од водителките да бидат искрени и транспарентни кога рекламираат производи, да не ги доведуваат во заблуда со лажни информации.
Од Google одговорија дека се подготвени да ги преформулираат рекламите и дека ова предупредување го сфаќаат многу сериозно. Како дел од договорот, Google и iHeartMedia повеќе нема да смеат да објавуваат „лични искуства“ кои никогаш не се случиле. Дополнително, постигнатиот договор подлежи на јавен преглед од 30 дена, по што комисијата ќе гласа дали казната ќе остане иста, или евентуално ќе биде намалена.
Извор: ArsTechnica
Магазин
(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
„Marbled In Stone“ вчера официјално го претстави третото и завршно продолжение од „Men Of Silver Soul“ истакнато како „Not Gonna Run Away“, проследена со моќен видео спот кој го доловува духот, енергијата и визијата на овој склоп. Ова е уште едно автентично музичко патување кое ја истакнува нивната уникатна естетика и посветеност на современиот алтернативен звук.
Во спотот се појавуваат голем број учесници главно од Кичево, додека еден од главните ликови во видео записот е нашиот пријател Влатко „Перо“ Трајкоски, кој со својата енергија и уникатност му даде посебен печат на ова музичко исполнување, кој лично веруваме дека треба да биде истакнато и во светски рамки како целина.
Дополнително покрај гореспоменатиот Влатко Перо Трајкоски, учествуваа и:
Марјан Ризов, Матко Петровиќ, Урим Саити, Кристијан Велјаноски, Слободан Магденоски, Бојан Дамјаноски, Бојан Велјаноски, Џеки Сулејмани, Дарко Богески, Драган Горѓиоски, Флори Саити, Даниел Димоски, Марија Лена Адамс, Јана Матеска, Ива Стојаноска, Ангела Цветаноска, Евгенија Врзовска, Слаѓана Трајковска, Кристина Биткоска, Ивица Велјаноски, Блериан Арслани – Буби, Зана Саити
Уживајте во нешто наше, кичевско:
Хороскоп
Хороскоп за вторник (2 декември)
ОВЕН
Може да очекувате поддршка од соработниците кои се со вас. Деловното поле оди во позитивна насока. Ако сте слободни денот е многу поволен за нови љубовни познанства. Внесувајте повеќе течности.
БИК
Подготвени сте да работите прекувремено и да се докажете уште повеќе за еден ден да остварите напредок. Ако ви се допаѓа личност која ја познавате преку работата може да дојде до компликации. Водете сметка за имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
Не дозволувајте било кој да влијае врз вашите одлуки кои треба да ги донесете сами. Можеби посакувате нова љубов и потребно ви е повторно да се чувствувате сакани за да живнете. Внимавајте на грлото.
РАК
Не е премногу поволен ден и не сте подготвени да повлечете некои потези кои ви делуваат неизбежни. Може да очекувате добар однос со партнерот. Имате чувство дека совршено се сложувате. Ве мачи вртоглавица.
ЛАВ
Поволен ден за занимавање со приватен бизнис. Доколку планирате некои нови вложувања, ќе ви се исплатат. Може да очекувате интересен развој на случувањата со саканата личност. Вашиот однос се менува. Слаба циркулација во пределот на нозете.
ДЕВИЦА
Нови случувања на деловно поле може да ве насочат кон позитивен правец. Ве очекува шанса да напредувате. Ве очекува интересно познанство преку пријатели или на некое јавно место. Здравјето е сосема добро.
ВАГА
Потрудете се озбилно да се посветите на своите обврски за да избегнете критики од надредените и несогласувања со нив. Покрај саканата личност чувствувате тензија и некоја несигурност во вашиот однос. Можни се проблеми со бубрезите.
ШКОРПИЈА
Решивте да се посветите на својата работа и да решите важни работи на кои чекавте долго време. Пријателството со личноста која ви се допаѓа можеби сѐ уште не преминало во врска. Но, работите на тоа работите да се променат. Проблеми со стомакот.
СТРЕЛЕЦ
Доколку бидете напнати, може лесно да создадете нови несогласувања и отежнување на комуникацијата со соработниците. Спонтано ќе успеете да остварите ново познанство со личност која во вас буди емоции. Пад на имунитетот.
ЈАРЕЦ
Нови информации доаѓаат до вас и подготвени сте во практична смисла да се посветите на своите обврски. Можеби ви се допаѓа личност која не ја познавате доволно добро. Избегнувајте алкохол.
ВОДОЛИЈА
За вас овој ден е поволен и може да очекувате позитивни пресврти и решавање на проблеми. Доаѓате до интересно познанство кое многу наскоро може да доведе до нова врска. Полни сте со енергија!
РИБИ
До крајот на денот ќе имате пресврти кои не ги очекувате но, на крај сѐ ќе заврши како што треба. Ви се враќа љубовта од минатото иако можеби не сте подготвени за тоа. Можна е несоница.
Магазин
Понекогаш е наједноставното најдобро: Печени компири со ореви и кромид
Овој рустикален рецепт комбинира три совршени текстури: крцкава печена кора, нежна внатрешност и ароматични крцкави ореви. Кромидот или празот додаваат солена, карактеристична арома, а оревите внесуваат јаткаст контраст. Резултатот е едноставно јадење што може да биде и прилог и лесен главен оброк.
Состојки (за 3–4 лица):
-
1,2–1,5 кг компири (средни или поголеми)
-
1 кромид или 2–3 стебленца праз
-
80–100 г сецкани ореви (грубо)
-
Маслиново масло
-
Сол и бибер
-
По желба: свеж магдонос, рузмарин или мајчина душица
Начин на подготовка:
-
Загрејте ја рерната на 200°C. Измијте ги компирите и пресечете ги на половина по должина. Ако се поголеми, исечете ги на четвртини.
-
Во голем сад измешајте: компири, маслиново масло, сецкан кромид или праз, ореви, сол, бибер и билки ако ги користите. Измешајте добро за сè да се премачка рамномерно.
-
Распоредете ги компирите на плех обложен со хартија за печење или лесно намастен. Печете 35–40 минути додека не добијат златно-кафеава боја, а оревите станат крцкави. На половина време промешајте за рамномерно печење.
-
По желба, додадете свеж магдонос или мајчина душица. Послужете ги топли — одлични се со печено месо, свежа салата или како самостоен топол прилог.
Извор: 021
-
Кичево1 денПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп2 денаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Кичево9 часа(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Хороскоп20 часаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Здравје и убавина2 денаШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
-
Кичево1 денКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Магазин4 часа(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Здравје и убавина2 денаПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
