Магазин
Google ја направи уште подобра една од своите најдобри опции за пребарување

Пребарувањето на Google со наводници стана многу подобро ако го барате точното место каде што се појавуваат зборовите за пребарување на страницата. Интернет гигантот го подобри своето пребарување засновано на цитати со фрагменти од страници кои точно покажуваат каде ќе го најдете терминот што го барате. На тој начин избегнувате да морате да се движите низ огромен документ само за да ја пронајдете фразата што ја сакате.
Претходно, Google ви прикажуваше резултати што вклучуваа цитиран збор или фраза, но малиот фрагмент под врската во повеќето случаи не покажуваше точно каде се појавува таа фраза на страницата. Колку пати ви се случило да се прикаже термин во резултатите од пребарувањето и откако ќе отидете на страницата, да не можете да го најдете терминот што го барате.
Во блог пост, претставник на Google објаснува зошто тоа се случува: „Во минатото, не секогаш го правевме ова бидејќи понекогаш цитираниот термин се појавува во делови од документот што не се соодветни за создавање корисни фрагменти. На пример, збор или фраза може да се појави во ставка од менито, навигација на страница, која ја користите за навигација до различни делови на страницата. Правењето исечоци околу таквите делови воопшто не е лесно да се разбере и прочита“.
Како што е забележано во објавата на блогот, постојат неколку ограничувања за цитираните пребарувања. Некој текст може да биде скриен во мета-ознака за опис или алтернативен текст што не е лесно видлив на страницата или Google можеби ја индексирал страницата кога содржела цитиран термин кој во меѓувреме е отстранет или променет. Како што објави The Verge, Google ја воведе промената на задебелени цитирани содржини со фрагменти од веб-страници само на компјутери, оваа опција не работи на мобилни уреди.
Опишаното подобрување доаѓа како резултат на фактот дека луѓето кои користат цитати за пребарување се всушност „напредни корисници“, повеќе заинтересирани за прецизно наоѓање зборови и концепти отколку за читање описи на сајтови.
Хороскоп
Викенд Хороскоп (сабота 20 август)

ОВЕН
Доаѓа време во кое ќе успеете да остварите успех на работно поле. Конечно ќе бидете задоволни со својата работа. Едно лошо искуство од минатото ве прогонува и како да не можете да се оттргнете. Проверете ја својата диоптрија за секој случај.
БИК
Не сте задоволни со ситуацијата на работното место и се обидувате да најдете начин малку да ја поправите. Покажете и ги на саканата личност вашите искрени чувства. Важно е секогаш да бидете отворени со неа. Избегнувајте цигари.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекува ден во кој ќе успеете да ги остварите своите деловни планови и цели. Ќе бидете задоволни со себе. Новото познанство во вас на некој начин буди и поттикнува прилично силни емоции. Психички сте преоптеретени.
ЛАВ
Обрнете внимание на новите информации кои пристигнуваат до вас. Време е сериозно да ги сфатите промените. Може да очекувате многу поволни околности на љубовно поле. Ќе бидете задоволни. Можни се проблеми со крвната слика.
ДЕВИЦА
Се чувствувате прилично загрижено. Можеби работите на деловно поле не одат онака како што сте сакале и планирале. Бидете искрени кон себе и потрудете се да ги прифатите сите емоции кои ги имате. Чувствителни синуси и склоност кон настинка.
ВАГА
Немате доволно доверба во своите соработници и ви се чини дека ви работат позади грб. Тешко ви е да остварите стабилност во односот со саканата личност. Карактерно сте многу различни. Можни се проблеми со алергии.
ШКОРПИЈА
Ова не е прмногу поволен ден за работа, па избегнувајте било какви ризици. Потрудете се да се бавите со рутинските и вообичаени обврски. Тешко ви е да ги прифатите мааните на вашиот партнер. Избегнувајте претерано напрегање.
СТРЕЛЕЦ
Може да очекувате среќни околности во кои ќе профитирате. Полето на заработка оди во позитивна насока. Тешко ви е да донесете одлука на љубовно поле. Саканата личност ви делува ладно. Чувствувате замор.
ЈАРЕЦ
Ќе бидете преоптеретени со обврските и нема да ви биде лесно да го издржите тоа напорно темпо. Можно е да имате криза со саканата личност и вашиот однос да оди во некоја погрешна насока. Не е поволен ден за вашето здравје.
ВОДОЛИЈА
Потрудете се да дадете сѐ од себе на деловно поле. Ќе успеете да ги реализирате своите планови ако бидете упорни. Саканата личност ги покажа своите најдлабоки емоции и потреби. Се чувствувате убаво кога сте заедно. Можни се респираторни инфекции.
РИБИ
На деловно поле може да дојде до некои препреки. Потрудете се да бидете подобро организирани. Имате чести расправи со личноста која ви се допаѓа. Може да очекувате некои компликации. Чувствителна бешика.
Магазин
Како да избришете дупликат слики и видеа на Android

Често се случува да имате повеќе копии од иста слика или видео на вашиот телефон. Ова може да биде проблем, особено ако меморијата на телефонот е полна. За среќа, постои лесен начин да ги најдете и избришете сите дупликат слики и видеа.
Во зависност од уредот со Android што го имате, овој процес може да биде малку поинаков, но ќе биде сличен на она што ќе ви го прикажеме.
Како да избришете дупликат слики и видеа на Android
- Одете во Settings
- Кликнете на Storage
- Кликнете на CLEAN UP
- До Duplicate files, кликнете на CLEAN UP
- Сите дупликат датотеки се прикажани овде. Изберете што сакате да избришете.
- Кликнете на DELETE
Магазин
ОПАСНОСТ ЗА КОЈА НЕ СТЕ СВЕСНИ Полнењето на мобилниот телефон преку ноќ е многу ризично

Ова е една од најлошите работи што можете да ги направите кога станува збор за полнење на батеријата
Се подготвувате за спиење и последното нешто што го правите е да го оставите телефонот на полнач, по можност некаде што е можно поблиску до вас, за да може да биде до вашата перница.
Доколку се препознаете во оваа сцена, внимателно прочитајте што имаме да ви кажеме. Ова е една од најлошите работи што можете да ги направите кога станува збор за полнење на батеријата! Не само што го уништувате траењето на батеријата, туку буквално ја доведувате во прашање вашата безбедност, па дури и вашиот живот.
Техничкиот експерт објасни за што се работи.
– Речиси сите го правиме тоа, а не сме ни свесни дека на овој начин лесно можеме да предизвикаме пожар. Затоа никогаш не треба да го оставате телефонот на или во близина на нешто што е лесно запаливо, како што е чаршаф или, уште полошо, под перница“, предупредува Доминик.
И самите забележавте колку се вжештува батеријата додека ја полните, а ситуацијата дополнително може да ја влоши фактот што многумина од нас не користат оригинални полначи, што ја удвојува опасноста. Сепак, постои начин да се намалат безбедносните ризици.
„Добро решение е, доколку решите да го оставите телефонот така, барем да го ставите на керамичка тацна, што подалеку од запаливи материјали, бидејќи сигурно нема да се запали, а шансите за пожар се исто така. намалени. Меѓутоа, верувам дека ризикот едноставно не вреди“, рече тој.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 август)
-
Временска прогноза5 часа
Попоски најавува големо невреме, ова се најновите информации
-
Хороскоп46 минути
Викенд Хороскоп (сабота 20 август)
-
Магазин12 часа
„Apple“ откри безбедносна дупка во системот, им препорача на корисниците ажурирање
-
Македонија13 часа
Старица од Охрид била измамена дека нејзината ќерка направила сообраќајка и дека било потребно пари
-
Македонија1 ден
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, бензините остануваат непроменети
-
Автомобили11 часа
Дали знаете како е создадена мерката – коњска сила?
-
Македонија8 часа
Албански државјани фатени во шверц на 50 кг охридска пастрмка