Следете не

Магазин

Google ја објави листата на уреди за Android 16: Постарите Pixel телефони сепак нема да бидат пензионирани

Објавено пред

на

Google најави претходна верзија на Android 16 и потврди проширена поддршка за серијата Pixel 6, носејќи добри вести за корисниците на постарите уреди.

Компанијата објави дека официјалната верзија на Android 16 ќе биде достапна порано од очекуваното, во вториот квартал од 2025 година. Овој потег е дел од напорите на Google да го усогласи времето на лансирање на оперативниот систем со претставувањето на нови производи во екосистемот. На 20 ноември беше објавена првата програмерска верзија на Android 16, што е значително порано од вообичаеното.

Според планот, бета верзијата на Android 16 ќе биде објавена во јануари 2025 година, додека стабилната верзија е планирана за март. Официјалното издание се очекува во вториот квартал, со можен датум 3 јуни 2025 година, иако тоа сè уште не е официјално потврдено.

Поддршка за постарите Pixel телефони

Особено интересна е веста дека Google не планира да пензионира ниту еден од постарите Pixel телефони. Ова значи дека повеќе корисници ќе можат да ги ажурираат своите уреди на Android 16.

Според првичните планови, серијата Pixel 6, вклучувајќи ги Pixel 6 и Pixel 6 Pro, требаше да добива системски надградби само три години, што би ги ограничило на Android 15. Но, во првата програмерска верзија на Android 16, Google овозможи овие уреди да бидат надградени на новиот оперативен систем.

Се очекува дека Pixel 6 и Pixel 6 Pro ќе добијат официјално ажурирање на Android 16 следната година, што е одлична вест за нивните корисници. Овој потег сугерира промена во стратегијата на Google, со која се овозможува подолг животен век на уредите преку редовни ажурирања со најнови функции и подобрени безбедносни опции.

Оваа иницијатива е дел од пошироката заложба на Google за подобрување на корисничкото искуство, обезбедувајќи им на корисниците на Pixel уредите пристап до најновите технолошки иновации, пренесува LTN.

Извор: Benchmark

Магазин

(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/youtube

„Marbled In Stone“ вчера официјално го претстави третото и завршно продолжение од „Men Of Silver Soul“ истакнато како „Not Gonna Run Away“, проследена со моќен видео спот кој го доловува духот, енергијата и визијата на овој склоп. Ова е уште едно автентично музичко патување кое ја истакнува нивната уникатна естетика и посветеност на современиот алтернативен звук.

Во спотот се појавуваат голем број учесници главно од Кичево, додека еден од главните ликови во видео записот е нашиот пријател Влатко „Перо“ Трајкоски, кој со својата енергија и уникатност му даде посебен печат на ова музичко исполнување, кој лично веруваме дека треба да биде истакнато и во светски рамки како целина.

Дополнително покрај гореспоменатиот Влатко Перо Трајкоски, учествуваа и:

Марјан Ризов, Матко Петровиќ, Урим Саити, Кристијан Велјаноски, Слободан Магденоски, Бојан Дамјаноски, Бојан Велјаноски, Џеки Сулејмани, Дарко Богески, Драган Горѓиоски, Флори Саити, Даниел Димоски, Марија Лена Адамс, Јана Матеска, Ива Стојаноска, Ангела Цветаноска, Евгенија Врзовска, Слаѓана Трајковска, Кристина Биткоска, Ивица Велјаноски, Блериан Арслани – Буби, Зана Саити

Уживајте во нешто наше, кичевско:

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за вторник (2 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Може да очекувате поддршка од соработниците кои се со вас. Деловното поле оди во позитивна насока. Ако сте слободни денот е многу поволен за нови љубовни познанства. Внесувајте повеќе течности.

БИК

Подготвени сте да работите прекувремено и да се докажете уште повеќе за еден ден да остварите напредок. Ако ви се допаѓа личност која ја познавате преку работата може да дојде до компликации. Водете сметка за имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Не дозволувајте било кој да влијае врз вашите одлуки кои треба да ги донесете сами. Можеби посакувате нова љубов и потребно ви е повторно да се чувствувате сакани за да живнете. Внимавајте на грлото.

РАК

Не е премногу поволен ден и не сте подготвени да повлечете некои потези кои ви делуваат неизбежни. Може да очекувате добар однос со партнерот. Имате чувство дека совршено се сложувате. Ве мачи вртоглавица.

ЛАВ

Поволен ден за занимавање со приватен бизнис. Доколку планирате некои нови вложувања, ќе ви се исплатат. Може да очекувате интересен развој на случувањата со саканата личност. Вашиот однос се менува. Слаба циркулација во пределот на нозете.

ДЕВИЦА

Нови случувања на деловно поле може да ве насочат кон позитивен правец. Ве очекува шанса да напредувате. Ве очекува интересно познанство преку пријатели или на некое јавно место. Здравјето е сосема добро.

ВАГА

Потрудете се озбилно да се посветите на своите обврски за да избегнете критики од надредените и несогласувања со нив. Покрај саканата личност чувствувате тензија и некоја несигурност во вашиот однос. Можни се проблеми со бубрезите.

ШКОРПИЈА

Решивте да се посветите на својата работа и да решите важни работи на кои чекавте долго време. Пријателството со личноста која ви се допаѓа можеби сѐ уште не преминало во врска. Но, работите на тоа работите да се променат. Проблеми со стомакот.

СТРЕЛЕЦ

Доколку бидете напнати, може лесно да создадете нови несогласувања и отежнување на комуникацијата со соработниците. Спонтано ќе успеете да остварите ново познанство со личност која во вас буди емоции. Пад на имунитетот.

ЈАРЕЦ

Нови информации доаѓаат до вас и подготвени сте во практична смисла да се посветите на своите обврски. Можеби ви се допаѓа личност која не ја познавате доволно добро. Избегнувајте алкохол.

ВОДОЛИЈА

За вас овој ден е поволен и може да очекувате позитивни пресврти и решавање на проблеми. Доаѓате до интересно познанство кое многу наскоро може да доведе до нова врска. Полни сте со енергија!

РИБИ

До крајот на денот ќе имате пресврти кои не ги очекувате но, на крај сѐ ќе заврши како што треба. Ви се враќа љубовта од минатото иако можеби не сте подготвени за тоа. Можна е несоница.

Прочитај повеќе...

Магазин

Понекогаш е наједноставното најдобро: Печени компири со ореви и кромид

Објавено пред

на

Фото: Yosuke Ota @ unsplash
Фото: Yosuke Ota @ unsplash

Овој рустикален рецепт комбинира три совршени текстури: крцкава печена кора, нежна внатрешност и ароматични крцкави ореви. Кромидот или празот додаваат солена, карактеристична арома, а оревите внесуваат јаткаст контраст. Резултатот е едноставно јадење што може да биде и прилог и лесен главен оброк.

Состојки (за 3–4 лица):

  • 1,2–1,5 кг компири (средни или поголеми)

  • 1 кромид или 2–3 стебленца праз

  • 80–100 г сецкани ореви (грубо)

  • Маслиново масло

  • Сол и бибер

  • По желба: свеж магдонос, рузмарин или мајчина душица

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200°C. Измијте ги компирите и пресечете ги на половина по должина. Ако се поголеми, исечете ги на четвртини.

  2. Во голем сад измешајте: компири, маслиново масло, сецкан кромид или праз, ореви, сол, бибер и билки ако ги користите. Измешајте добро за сè да се премачка рамномерно.

  3. Распоредете ги компирите на плех обложен со хартија за печење или лесно намастен. Печете 35–40 минути додека не добијат златно-кафеава боја, а оревите станат крцкави. На половина време промешајте за рамномерно печење.

  4. По желба, додадете свеж магдонос или мајчина душица. Послужете ги топли — одлични се со печено месо, свежа салата или како самостоен топол прилог.

Извор: 021

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија47 минути

Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција

АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот...

Македонија5 часа

РЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“

Денеска, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со...

Магазин8 часа

(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!

„Marbled In Stone“ вчера официјално го претстави третото и завршно продолжение од „Men Of Silver Soul“ истакнато како „Not Gonna...

Македонија8 часа

МВР: До 2030 преполовување на жртвите во сообраќајот, до 2050 – нула жртви

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на првата Национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, што...

Кичево9 часа

„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево

Како современа и професионална компанија која поставува сосема нов стандард во печатењето на фотографии, „Canvas Print Media“ го нуди најквалитетното...

Временска прогноза10 часа

Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3...

Македонија11 часа

ДЕМАНТ: Внимание за злоупотреба на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови

Бигорскиот манастир истакна соопштение и демант за злоупотребата на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови. Се чувствуваме...

Кичево13 часа

(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди

Вчера, со свечен настан исполнет со емоции и големна гордост, беше означен официјалниот старт на гламурозниот „Atva Residence Hotel &...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за вторник (2 декември)

ОВЕН Може да очекувате поддршка од соработниците кои се со вас. Деловното поле оди во позитивна насока. Ако сте слободни...

Кичево1 ден

КК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

КК „Баскет Кичево“ носи вистинска свежина во кошарката. Имено, по првично комплетирање на тимот, започнува со официјални тренинзни по термини,...

НАЈЧИТАНИ