Следете не

Магазин

Google казнет 500.000 евра во Франција за спор со издавачи на медиуми

Објавено пред

на

Американската технолошка компанија Google беше казнета со 500 милиони евра во Франција поради спор со издавачи на француски весници кои сакаат компанијата да плати за користењето на нивните вести.

Француската агенција за заштита на конкуренцијата објави дека на Google му се закануваат дополнителни 900.000 евра казни дневно доколку технолошкиот гигант не даде предлози во рок од два месеци за тоа како да ги обештети производителите на вести.

Подружница на Google во Франција изјави дека е многу разочарана од одлуката и дека казната „не ги одразува направените напори или реалноста за користење вести на нашата платформа“.

Компанијата објави дека преговараат за решение и дека се на прагот да постигнат договор со некои издавачи на медиуми.

Здравје и убавина

Како да се спречи дехидратацијата во вашиот организам?

Објавено пред

на

За спречување на дехидрацијата Светската здравствена организација препорачува посебен рехидратациски раствор (ОРС). Имено, тој содржи балансирана комбинација на вода, соли, шеќер, калиум и останати потребни елементи. Рехидратацискиот раствор се дава во зависност од телесната тежина, стапката на самата дехидрација, најпрво во мали количини, а понатаму во се поголеми. Потребно е растворот да се зема што почесто за да има подобро и побрзо влијание.

Дехидрацијата се појавува кога на нашето тело ќе му недостасуваат течности, а тоа е многу опасно доколку имаме слаб имунитет. Главната цел во решавањето на дехидрацијата е што побрзо да ја надополниме течноста, солта и минералите кои се изгубени. Слатките сокови и газираните пијалоци не се вистински микс за потребите на телото.

Се до денес, ОРС им го спасил животот на најмалку два милиони луѓе и воедно се смета за еден од најважните достигнувања во медицината во 20 век.

Повраќањето и дијареата се две најчести причини за дехидратација. Симптом може да биде и зголеменото потење, а тоа се јавува кога телото самостално сака да се олади. Причите за претерано и појачано потење можат да бидат разни, но воглавно тоа е зголемена температура. Поради таа причина кај болните се препорачува поголемо конзумирање на течности. Така ризикот за дихидрација е сведен на минимум.

Дехидрацијата ќе ја препознаете по силната главоболка, сувата кожа и усните, намаленото потење, зголемената телесна температура, заморот и гадењето/повраќањето. Дехидрацијата на самиот почеток не е толку опасна, лесно може да се спречи, меѓутоа, доколку не се излечи на време преминува во тежок облик. Таквиот облик на дехидрација може да доведе до бессознание, кома, откажување на органите, а во најтешкиот облик и до смрт.

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

„WhatsApp“ со нова функција за префрлање ваши податоци до друг телефон во „offline“ метод без интернет

Објавено пред

на

Можете да ги префрлите вашите податоци на WhatsApp од еден телефон на друг без резервна копија од Google Drive.

WhatsApp додаде нова функција за шифрирана резервна копија. Оваа функција обезбедува можност да направите резервна копија од вашите податоци на WhatsApp и да ги префрлите на друг телефон преку офлајн метод. Потребно е само апликација како RAR.

Методот работи со правење резервна копија од датотеките, пакување на сите податоци во една папка, а потоа пренесување на таа папка на друг телефон. Секако, најголемата предност на оваа функција е тоа што можете да префрлувате податоци без да користите Интернет.

Извор: Индијан експрес

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Дневен Хороскоп (19 октомври) вторник

Објавено пред

на

ОВЕН
Вие сте еден чекор пред другите, бидејќи знаете како точно да предвидите нечија реакција или одговор во деловните преговори. Јасно ви е дека помодерниот пристап кон заедничките теми или интереси носи долгорочен успех. Поставувате премногу строги критериуми пред вашата сакана личност, но вашето охрабрување исто така може да има корисен ефект на многу начини. Емоционалните предизвици понекогаш претставуваат добра можност за филтрирање на врската.

БИК
Дејствувате позитивно и сте ангажирани на различни страни. Знаете како да пренесете креативен импулс и креативна енергија во вашата околина, што ви олеснува да реализирате многу од плановите што ги имате. Нема потреба да преземате какви било финансиски ризици или да позајмувате. Повремено ја превидувате вашата улога или можности во врска со саканата личност. Слушајте ги повнимателно пораките што ги добивате од саканите. Подобро е да се покаже повеќе скромност во однесувањето.

БЛИЗНАЦИ
Обрнете внимание на новите професионални можности, со цел да го проширите вашето знаење и да ја подобрите целокупната позиција. Ако дозволите работите да одат по свој пат, некој друг може одеднаш да ве престигне. Го набудувате светот околу вас со различни очи или со светли тонови, се чувствувате задоволни и среќни со вашата сакана.

РАК
Деловните проблеми со кои се соочувате во моментов бараат дополнителен напор или добра концентрација. Нема потреба да реагирате набрзина и да ги преценувате вашите способности пред околината. Најдобро е да дозволите доверливи луѓе да одлучат за некои заеднички интереси. Добрата љубовна стратегија, исто така, подразбира подготвеност постојано да ги надминувате различните ограничувања низ кои поминувате во врската со партнерот.

ЛАВ
Поминувате низ различни фази на креативното расположение и се грижите да си обезбедите оптимални услови. Обрнете внимание на реакцијата на поблиските, бидејќи понекогаш не сакате да прифаќате коментари што ги доживувате како остра критика. Во врска со љубовен партнер, честопати преземате активна улога и сте подготвени да промените некои вообичаени навики што ве спречуваат. Инстинктивно можете да го препознаете вистинскиот момент и добриот ритам.

ДЕВИЦА
Понекогаш треба да ги прифатите најтешките околности, за да си докажете на себе и на другите дека сте доволно возрасни за да се соочите со секакви предизвици. Потпрете се на вашата интуиција. Со блиска личност, можете да надминете се на добар начин, дозволете точната доза на мудрост, емоции и страсти да ве доведе до заеднички решенија за љубов.

ВАГА
Ситуацијата околу вас изгледа многу променлива и тешко е точно да се предвиди нечија реакција или одговор. Подобро е да се следат докажани правила и да се избегне каков било ризик. Одложете напорна работа додека не добиете подобри услови или за следниот период. Ќе бидете задоволни од постапката на некои блиски пријатели. Вие сте во фаза на емоционален подем, па односот со партнерот го доживувате како остварување на вашите „слатки соништа“. Препуштете се на вашите чувства.

ШКОРПИЈА
Новото знаење има позитивно влијание врз вашата мотивација и професионална ориентација. Сега имате добра волја да се вклучите во некои задачи што можете да ги решите во договор со вашите соработници. Не треба да се оптоварувате со некои парични прашања, бидејќи наскоро ќе ги решите и тие дилеми. Љубовните настани што ги очекувате имаат необичен шарм. Ви се допаѓаат постапките што ги прави вашиот партнер и кои ве наведуваат да ги промените вашите одлуки. Љубовната инспирација ве следи.

СТРЕЛЕЦ
На повидок се нови деловни обврски кои бараат дополнителен ангажман или нови дилеми што ќе треба многу брзо да ги решите што е можно поскоро. Барајте совет од некого на време кога правите финансиски проценки и инвестиции. Имате впечаток дека вашиот партнер умно прикрива нешто, што дополнително влијае на вашата несигурност или ја зголемува вашата нервоза. Понекогаш можете непотребно да замислите работи што другите не ги виделе и да ги преувеличувате вашите идеи.

ЈАРЕЦ
Во одлична форма сте и пристапувате кон секоја деловна тема предложена од вашите соработници со голем оптимизам. Благодарение на веродостојните информации што ги добивате, сега можете да планирате преку заеднички активности кои наскоро ќе ви донесат зголемени резултати. Често имате добро чувство, бидејќи сте исполнети со романтични мисли и расположение. Разубавете ја својата љубов и интимен живот постапувајќи според желбите на саканата личност во согласност со вашата инспирација.

ВОДОЛИЈА
Активно учествувате во разни преговори и започнувате иницијатива секогаш кога има добри услови за некаков успех или добивка. Не обрнувате многу внимание на нечии коментари, особено кога тие не се во согласност со вашата основна посветеност. Љубовниот партнер има многу инспиративен ефект врз вас и ве води да се изразувате послободно. Понекогаш можете многу лесно да се помирите со саканата личност, без посебна приказна или убедување.

РИБИ
Многу енергично дејствувате пред вашата околина и успевате да ги усогласите различните деловни интереси. Се грижите да ги држите повеќето работи под строга контрола, како одраз на вашиот деловен престиж или стил на изразување. Во прекрасна комбинација на експресивна фантазија и заводливи способности пред вашиот партнер, добивате се што сакате.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Здравје и убавинаПред 3 часа

Како да се спречи дехидратацијата во вашиот организам?

За спречување на дехидрацијата Светската здравствена организација препорачува посебен рехидратациски раствор (ОРС). Имено, тој содржи балансирана комбинација на вода, соли,...

МакедонијаПред 4 часа

Од 3,431 тестирања регистрирани 472 нови случаи на Ковид-19, починале 8 пациенти, оздравени 498 луѓе..

Направени се 3.431 тестирања, а регистрирани се 472 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 222, Куманово – 47, Прилеп – 30,...

Социјални мрежиПред 4 часа

„WhatsApp“ со нова функција за префрлање ваши податоци до друг телефон во „offline“ метод без интернет

Можете да ги префрлите вашите податоци на WhatsApp од еден телефон на друг без резервна копија од Google Drive. WhatsApp...

МакедонијаПред 5 часа

По една седмица од покачувањето, од денес авто-плинот со нова исто така покачена цена за литар

По само една неполна седмица од последното покачување на авто-плинот, од денес на повеќето малопродажни објекти плинот е со покачена...

КичевоПред 8 часа

Да помогнеме во работната акција во манастир св.Ѓорѓија – с.Кнежино

Во договор со сестра Софија од истиот манастир и нејзин благослов 🙏 на ден петок 22.10.2021 год. со почеток од...

ХороскопПред 22 часа

Дневен Хороскоп (19 октомври) вторник

ОВЕН Вие сте еден чекор пред другите, бидејќи знаете како точно да предвидите нечија реакција или одговор во деловните преговори....

музика музика
ВидеоПред 1 ден

Музика од врвот на Илиница

Порта.мк беше дел од снимањето на првиот live set проект кој излезе под продукција на montparnasse.music. Избраната локација, врвот на...

КичевоПред 1 ден

Следните кичевски села утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 19.10.2021 година – вторник, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување...

МакедонијаПред 1 ден

Ново поскапување на цената на горивата

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло...

СветПред 1 ден

Три четвртини од Европејците вакцинирани

БРИСЕЛ – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека ЕУ извезла над милијарда дози вакцини против Ковид...

НАЈЧИТАНИ