Следете не

Магазин

Google Maps додава нова функција

Објавено пред

на

Функцијата е достапна на уредите со Android додека корисниците на iOS сè уште ја чекаат.

Waze за прв пат ја лансираше оваа функција во 2016 година

Google по некое време ја имплементираше функционалноста што веќе ја имаше другата негова GPS апликација Waze. Конкретно, Google додаде поддршка за bluetooth предаватели кои овозможуваат навигација во ситуации каде што нема сателитски сигнал, како што се тунели или други области каде што GPS сигналот е слабо достапен. Новата функција сега е достапна на апликацијата Google Maps за корисниците на Android, но сè уште не е достапна за корисниците на iOS.

Предавателите со Bluetooth се дизајнирани да овозможат информации за навигација и сообраќај под земја каде што GPS сигналот не работи. Тие се познати и како Waze предаватели или „хардвер на микроконтролер со ниска моќност на батерии кој испраќа еднонасочен сигнал до телефонот на корисникот“, без да собира податоци од корисникот, според Google.

Тие се поставени под земја во многу градови, меѓу кои Њујорк, Париз, Сиднеј, Рио и други. Waze за прв пат ја лансираше оваа функција во 2016 година. Оваа функција не е автоматски овозможена.

Функцијата првично беше овозможена за некои бета тестери во октомври 2023 година, но сега е јавно достапна. Новата функција би требало значително да ја олесни навигацијата, особено во тунелите. Ова е најновата во серијата нови функции што ги најави Google. Некои од нив вклучуваат информации за полнење на електрични возила, способности за вештачка интелигенција, Immersive View и многу повеќе.

/ Engadget

Хороскоп

Хороскоп за вторник (18 ноември)

Објавено пред

на

Овен
Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може да се претвори во нешто големо, што дури може да ви донесе и приход. Внимавајте да не го запоставите партнерот.

Бик
Вашата денешна решителност може да ве однесе далеку, затоа не дозволувајте другите да ве поколебаат во вашите планови. Работевте напорно во претходниот период, а сега ви се исплати. Можни се мали несогласувања, затоа избегнувајте расправии со блиски луѓе.

Близнаци
Ве очекуваат некои промени кои би можеле да бидат многу добри за вас, затоа не ги отфрлајте на почетокот. Ќе наидете на мали пречки при реализација на вашите планови, но со вашата креативност лесно ќе ги надминете. Ако сепак ви се чини дека не можете сами, побарајте помош од пријателите, тие се со вас.

Рак
Пред вас е ден од бајките, ѕвездите се целосно на ваша страна! Гледајте на работите од поинаков агол од вообичаеното, читајте меѓу редови што ви кажуваат луѓето – не се обидуваат да ве измамат, но на овој начин ќе дојдете до одлични идеи. Се чувствувате одлично.

Лав
Фокусирајте се на работата во првиот дел од денот, правете колку што можете повеќе бидејќи денес можете се. Попладне, одвојте време за дружење за да ги наполните батериите. Внимавајте на исхраната, склони сте кон дебелеење.

Девица
Добро сте организирани, но денес се околу вас е во хаос и тоа не ви оди баш најдобро. Потпрете се на колегите за полесно да го поминете денот на работа. Односот со партнерот е добар.

Вага
Многу сте креативни и тоа ви помага да постигнете одлични резултати на работа денес. Еден од вашите пријатели не е сосема искрен со вас, отворете ги очите. Можна е главоболка, пијте повеќе вода.

Шкорпија
Сакате сите да обрнат внимание на вас денес, а ако тоа не се случи, нема да бидете во право. Проверете сè што правите на работа двапати бидејќи сте склони кон грешки. Слободно, можно е личност од минатото повторно да стапи во контакт со вас.

Стрелец
Стрелците кои се занимаваат со некоја креативна работа денеска ќе бидат особено инспирирани. Доста се двоумите, па би било добро да избегнувате да носите одлуки денес доколку можете. Одете на стоматолог превентивно.

Јарец
Сè ви оди толку глатко, што и самите сте воодушевени. Користете го за да завршите што е можно повеќе обврски. И вашата комуникација е подобра од вообичаено, па можете да решите некои стари несогласувања. Бидете физички поактивни.

Водолија
Поминете го денот правејќи нешто што ве исполнува, тоа е единствениот начин да ја избегнете нервозата. Ќе уживате да поминувате време со блиски луѓе. Здравјето ви е одлично, но би било добро да се одморите уште малку.

Риби
Некои непланирани настани би можеле малку да ве вознемират, но разговорот со пријателите ќе ви помогне да најдете рамнотежа. Направете нешто што ве релаксира, било да е тоа читање, одење, слушање музика… Не дозволувајте вашиот партнер да страда поради вашата нервоза.

Прочитај повеќе...

Магазин

Голем број нови функции доаѓаат во One UI 8.5, вклучувајќи го и App Lock

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
ФОТО: Unsplash.com @ Amanz

One UI 8.5 носи значајни подобрувања, меѓу кои се враќањето на Smart Manager Center, воведувањето на App Lock, нови алатки за оптимизација и проширени контроли за приватност.

Се чини дека Samsung повторно го активира својот некогаш популарен Smart Manager, кој беше достапен на постарите Galaxy уреди со Android 6.0 и порано. Овој централен хаб за управување и оптимизација се очекува да се врати на Galaxy уредите во 2026 година.

Информациите, објавени од GalaxyTechie, откриваат голем број нови функции што ќе бидат дел од новиот Smart Manager во рамките на One UI 8.5. Контролниот центар комбинира повеќе алатки за подобрена функционалност и управување со системот. Најпрво ќе стане достапен во Кина, заедно со ексклузивни АИ функции за тој пазар.

Што сè носи One UI 8.5?

Полето „Статус на телефон“ ќе ги вклучува:

  • Батерија

  • Заштита

  • Складирање

  • Меморија

  • Користење на податоци

  • Блокирање повици и пораки

Полето „Услуги“ ќе содржи:

  • Зголемување на енергијата

  • Алатки на апликацијата

  • Ослободување простор

  • Безбедност на системот

  • Лаборатории

  • Дополнителна грижа

App Lock – нов систем за заклучување апликации

One UI 8.5 донесува вграден механизам за заклучување апликации, овозможувајќи заштита со:

  • ПИН

  • Лозинка

  • Биометрија (отпечаток од прст, препознавање лице)

Подобрена заштита и безбедност

Во делот „Заштита“ системот:

  • Скенира за потенцијални безбедносни ризици (пример: активен USB Debugging режим)

  • Дозволува блокирање повици и пораки

  • Овозможува „Враќање на состојбата на апликацијата“ ако апликацијата замрзне или се сруши

Унапредено управување со складирање

Новите алатки овозможуваат:

  • Бришење кеш-датотеки

  • Отстранување неискористени апликации

  • Бришење стари APK инсталатери

  • Оптимизација за спиење и мирување за намалена потрошувачка преку ноќ

Samsung додава и паметен прекинувач, кој ја одржува избраната апликација активна одреден период, обезбедувајќи непречено функционирање.

Попаметно управување со позадински процеси

Новата страница за контрола на позадината ги прикажува сите апликации поделени на:

  • Неограничени

  • Оптимизирани

  • Ограничени

  • Длабок сон

Филтрирањето е поедноставено, а Smart Manager ќе биде поврзан со Live Notifications и Now Bar, што ќе носи повеќе ажурирања во реално време.

Нови опции за приватност

One UI 8.5 воведува и нова околина за приватност, која овозможува:

  • Брзи команди за приватност

  • Моментално исклучување на чувствителни услуги

Извор: Sammy Fans

Прочитај повеќе...

Магазин

Samsung планира 310 милијарди долари за вештачка интелигенција

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Babak Habibi
ФОТО: Unsplash.com @ Babak Habibi

Компанијата Samsung планира да инвестира 310 милијарди долари во технологија за развој на вештачка интелигенција во следните пет години, со цел да ја задоволи растечката глобална побарувачка.

Јужнокорејскиот конгломерат објави дека најголем дел од инвестициите ќе бидат насочени кон технологијата што ја напојува вештачката интелигенција, вклучувајќи ја и напредната полупроводничка инфраструктура.
Samsung Electronics, како водечки производител на мемориски чипови, веќе обезбедува клучни компоненти за индустријата на AI.

Клучни детали од планот за инвестиции

  • 310 милијарди долари инвестиции во период од пет години

  • Фокус на полупроводници, инфраструктура за AI и мемориски чипови

  • Изградба на нова фабрика Pyeongtaek 5, дизајнирана за висока побарувачка

  • Стратешко јакнење на глобалниот и домашниот синџир за снабдување со чипови

Фабриката Pyeongtaek 5

Петгодишниот инвестиционен пакет вклучува план за изградба на нов полупроводнички објект – Pyeongtaek 5.

  • Фабриката е наменета да ја поддржи зголемената побарувачка за високо-перформансни мемориски чипови

  • Кога ќе работи со полн капацитет, ќе игра значајна улога во:

    • глобалниот синџир на снабдување со полупроводници

    • домашниот екосистем на чипови во Јужна Кореја

AI бумот како двигател

Бумот на вештачката интелигенција значително го засили деловниот раст на Samsung Electronics и SK Hynix, чиите мемориски чипови станаа клучни за AI-пресметувања.

Samsung Electronics објави дека профитот во третиот квартал пораснал за повеќе од 30% на годишно ниво, што се припишува на растечката побарувачка за чипови поврзани со AI.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден51 минута

Светот на денешен ден (18 ноември)

Среден век и големи откритија 1477 – Основан е рускиот град Екатеринбург. 1493 – Кристофер Колумбо за првпат го здогледува...

Хороскоп2 часа

Хороскоп за вторник (18 ноември)

Овен Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може...

Македонија10 часа

МВР: Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти, поднесена кривична пријава

На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор...

Култура10 часа

(ФОТО) Празничната убавина во чест на Христовиот војвода во славниот манастир на свети Георгиј во Рајчица

Денес во славниот манастир на свети Георгиј во Рајчица, каде што, во храмот на Победоносецот беше отслужена серадосна Божествена Евхаристија....

Македонија11 часа

Поскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Скопје12 часа

Во СВР Скопје пријавено дека починат во својот дом бил пронајден 55-годишник од Драчево

На 16.11.2025 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат...

Македонија13 часа

Нелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација

На 16.11.2025 во 21:00 часот во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово...

Спорт14 часа

Важен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф

Македонската фудбалска репрезентација утре во Кардиф ќе настапи против Велс во дуел што ќе ја одреди екипата која ќе ја...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин14 часа

Голем број нови функции доаѓаат во One UI 8.5, вклучувајќи го и App Lock

One UI 8.5 носи значајни подобрувања, меѓу кои се враќањето на Smart Manager Center, воведувањето на App Lock, нови алатки...

ФОТО: Unsplash.com @ Babak Habibi ФОТО: Unsplash.com @ Babak Habibi
Магазин14 часа

Samsung планира 310 милијарди долари за вештачка интелигенција

Компанијата Samsung планира да инвестира 310 милијарди долари во технологија за развој на вештачка интелигенција во следните пет години, со...

НАЈЧИТАНИ