Магазин
Google Search добива AI режим – револуција во пребарувањето информации
Пребарување со вештачка интелигенција
Google официјално го воведе „AI режимот“ во Google Search (6 април), овозможувајќи им на корисниците директни одговори од вештачка интелигенција, без потреба од рачно пребарување и читање статии.
Оваа нова функција, која засега е достапна за Google One AI Premium корисниците, го користи моделот Gemini 2.0 за анализа и сумирање на информациите од интернет. Наместо корисниците да внесуваат клучни зборови и да прелистуваат веб-страници, AI режимот овозможува поставување прашања и добивање директни одговори.
Како функционира AI режимот?
На пример, можете да прашате:
- „Која е разликата помеѓу паметен прстен, паметен часовник и фитнес нараквица кога станува збор за следење на сонот?“
- „Како се менува срцевиот ритам за време на длабок сон?“
Вештачката интелигенција ќе ги анализира информациите од интернет и ќе даде прецизен одговор. Освен тоа, можете да поставувате дополнителни прашања за подетални објаснувања.
Google истакнува дека AI режимот користи прилагодена верзија на Gemini 2.0, која е интегрирана во Google Search. Со технологијата „query fan-out“, пребарувачот истражува повеќе теми и сродни области истовремено, обезбедувајќи подлабоки и порелевантни информации во споредба со традиционалното пребарување.
Кога ќе биде достапно за сите?
Во моментов, AI режимот е во рана фаза на тестирање и е достапен само за корисниците на Google One AI Premium преку Search Labs. Останатите корисници ќе мора да почекаат додека оваа функција стане пошироко достапна.
Заклучок
Режимот на вештачка интелигенција е револуционерен чекор во начинот на кој бараме информации на интернет. Наместо традиционално пребарување и читање различни страници, AI ќе го направи тоа за вас, нудејќи брзи и точни одговори. Ова е особено корисно за сложени теми, каде што е потребна длабинска анализа без губење време.
Извор: Benchmark
Магазин
За напредување на вашите мускули при вежбање, следните вообичаени грешки треба да ги одбегнувате
Изградбата на мускули и зајакнувањето на телото започнуваат веднаш штом ќе почнете да тренирате. Но, по одредено време, мускулите можат да се приспособат на истите вежби и да престанат да реагираат со нов напредок.
– „Секој тренинг носи одредено подобрување, но за мускулите да продолжат да се развиваат, мора да ги стимулирате на правилен и паметен начин.“ – вели тренерот Денис Бојл, сопственик на фитнес центар
Многумина се соочуваат со период во кој тренираат редовно, но резултатите стагнираат. За да продолжите да напредувате, неопходно е да ги предизвикувате вашите мускули со нови пристапи и да ги избегнувате следниве вообичаени грешки.
Грешка 1: Ги запоставувате нозете
Често се фокусираме на горниот дел од телото градите, рацете, рамениците, а ги занемаруваме нозете, иако најсилните мускули се токму таму. Тренингот на нозете и глутеусот поттикнува ослободување хормони кои придонесуваат за општата сила. Почнете со клекнувања и исчекори, а потоа воведете и други вежби за долниот дел од телото.
Грешка 2: Претерано долго трчање
„Долгото трчање не е целосно губење време, но е близу до тоа“, вели Мајк.
Причината е што телото брзо се навикнува на повторувачки движења, па така трчањето не ги активира мускулните влакна кои се клучни за согорување масти и зајакнување. Наместо тоа, пробајте интервално трчање: 30 секунди брзо, една минута одмор повторено 10 пати. Ова ќе ја подобри вашата аеробна издржливост и ќе ви даде поефективно кардио.
Грешка 3: Преспоро кревање тежини
Побрзите движења при кревање тежини водат до побрз напредок.
Зошто?
Бидејќи на тој начин се активираат мускулните влакна задолжени за зголемување на мускулната маса. Следниот пат обидете се да кревајте со поголема експлозивност — тоа ќе го зголеми срцевиот ритам и ќе помогне во намалување на телесната тежина.
Грешка 4: Премногу се држите до комфорната зона
Не е доволно да ги правите само вежбите кои ви се лесни или добро познати. Вистинските спортисти активно работат на своите слабости.
Мајк советува почесто да се вежбаат сложени и предизвикувачки движења, како кревање шипка или влечење на шипка со тежина на сопственото тело. Овие вежби се тешки, но носат значајни резултати.
Хороскоп
Хороскоп за петок (28 ноември)
Овен
Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може да се претвори во нешто големо, што дури може да ви донесе и приход. Внимавајте да не го запоставите партнерот.
Бик
Вашата денешна решителност може да ве однесе далеку, затоа не дозволувајте другите да ве поколебаат во вашите планови. Работевте напорно во претходниот период, а сега ви се исплати. Можни се мали несогласувања, затоа избегнувајте расправии со блиски луѓе.
Близнаци
Ве очекуваат некои промени кои би можеле да бидат многу добри за вас, затоа не ги отфрлајте на почетокот. Ќе наидете на мали пречки при реализација на вашите планови, но со вашата креативност лесно ќе ги надминете. Ако сепак ви се чини дека не можете сами, побарајте помош од пријателите, тие се со вас.
Рак
Пред вас е ден од бајките, ѕвездите се целосно на ваша страна! Гледајте на работите од поинаков агол од вообичаеното, читајте меѓу редови што ви кажуваат луѓето – не се обидуваат да ве измамат, но на овој начин ќе дојдете до одлични идеи. Се чувствувате одлично.
Лав
Фокусирајте се на работата во првиот дел од денот, правете колку што можете повеќе бидејќи денес можете се. Попладне, одвојте време за дружење за да ги наполните батериите. Внимавајте на исхраната, склони сте кон дебелеење.
Девица
Добро сте организирани, но денес се околу вас е во хаос и тоа не ви оди баш најдобро. Потпрете се на колегите за полесно да го поминете денот на работа. Односот со партнерот е добар.
Вага
Многу сте креативни и тоа ви помага да постигнете одлични резултати на работа денес. Еден од вашите пријатели не е сосема искрен со вас, отворете ги очите. Можна е главоболка, пијте повеќе вода.
Шкорпија
Сакате сите да обрнат внимание на вас денес, а ако тоа не се случи, нема да бидете во право. Проверете сè што правите на работа двапати бидејќи сте склони кон грешки. Слободно, можно е личност од минатото повторно да стапи во контакт со вас.
Стрелец
Стрелците кои се занимаваат со некоја креативна работа денеска ќе бидат особено инспирирани. Доста се двоумите, па би било добро да избегнувате да носите одлуки денес доколку можете. Одете на стоматолог превентивно.
Јарец
Сè ви оди толку глатко, што и самите сте воодушевени. Користете го за да завршите што е можно повеќе обврски. И вашата комуникација е подобра од вообичаено, па можете да решите некои стари несогласувања. Бидете физички поактивни.
Водолија
Поминете го денот правејќи нешто што ве исполнува, тоа е единствениот начин да ја избегнете нервозата. Ќе уживате да поминувате време со блиски луѓе. Здравјето ви е одлично, но би било добро да се одморите уште малку.
Риби
Некои непланирани настани би можеле малку да ве вознемират, но разговорот со пријателите ќе ви помогне да најдете рамнотежа. Направете нешто што ве релаксира, било да е тоа читање, одење, слушање музика… Не дозволувајте вашиот партнер да страда поради вашата нервоза.
Lifestyle
„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за цел да го поттикне користењето на велосипедот како здраво превозно средство, како и да им помогне на велосипедистите полесно да се движат низ урбаните средини и да дојдат до потребните информации.
Во оваа почетна фаза, апликацијата е достапна ТУКА само за Android корисници, а во текот на следната година планирано е проширување и за други уреди и платформи.
Со споделувањето на информацијата, ќе придонесеме за промоција на здрави навики, одржлива мобилност и развој на велосипедската заедница во Кичево и во државата.
За потсетување, „Travelers Cycling“ е неформална, непрофитна група посветена на поддршка на велосипедистите и развој на велосипедската култура. На платформата може да се најдат бројни корисни информации: велосипедски патеки, паркинг-локации, сервиси, пумпи, интересни совети, новости, календар со настани, временска прогноза, препораки за облека додека возите и многу повеќе.
ТУКА ќе најдете повеќе информации за „Travelers Cycling“
-
Кичево8 часаКичевски „ЈКП Комуналец“ ги засука ракавите за почисто и поубаво Кичево во пресрет на новогодишните празници
-
Кичево1 денОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Временска прогноза2 денаПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
-
Хороскоп24 часаХороскоп за петок (28 ноември)
-
Lifestyle1 ден„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
-
Македонија1 денБензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар
-
Македонија2 денаАМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента
