Магазин
Google успеа да го убие YouTube Vanced
Веројатно најпопуларната апликација на YouTube, поради способноста да ги заобиколува рекламите кои стануваат подолги и подолги на официјалниот YouTube, беше принудена да престане да работи по напорите на Google да ја суспендира апликацијата Vanced.
Покрај отстранувањето на рекламите од почетокот и за време на видеата на YouTube, Vanced исто така им дозволи на своите корисници да прескокнуваат делови со спонзорирана содржина за време на видеото, како и други функции за кои YouTube наплаќа со својата „Premium“ претплата. На пример, Vanced дозволи режим „слика во слика“, обезбеди целосно црна AMOLED тема, како и можност за корисниците да го вратат неодамна отстранетиот бројач за „не ми се допаѓа“ под кадрите.
Според The Verge, креаторите на оваа апликација им соопштиле на своите корисници преку Twitter и најавиле дека YouTube Vanced ќе престане да работи, и дека во наредните денови може да се очекува да бидат отстранети сите линкови за преземање на оваа апликација од нивниот официјален сајт.
Добрата вест за сите оние кои веќе ја имаат инсталирано оваа апликација на нивниот Андроид уред е дека таа ќе продолжи да работи дури и откако ќе престане сета официјална поддршка од тимот за развој, барем на одредено време. За жал, без активна поддршка и надградби, Vanced, во одреден момент, целосно ќе престане да постои.
Засега сопствениците на апликацијата Vanced не ги информирале корисниците што точно е причината за оваа постапка, освен што има правни проблеми. Google преку својот правен тим достави наредба за прекин на работата. Еден од членовите на тимот кој стои зад апликацијата Vanced рече дека од нив било „замолено да ги отстранат сите референци на YouTube, да го променат логото на апликацијата, како и да ги отстранат сите врски што водат до страницата на YouTube“.
Vanced е само уште една во низата жртви во режија на Google, во обид да елиминира што е можно повеќе апликации од трети страни кои имаат пристап до нивната платформа. Засега корисниците кои сакаат да гледаат YouTube без реклами, но и без да платат премиум претплата, ќе мора да се свртат кон алтернативни решенија.
/benchmark.rs/
Хороскоп
Хороскоп за вторник (2 декември)
ОВЕН
Може да очекувате поддршка од соработниците кои се со вас. Деловното поле оди во позитивна насока. Ако сте слободни денот е многу поволен за нови љубовни познанства. Внесувајте повеќе течности.
БИК
Подготвени сте да работите прекувремено и да се докажете уште повеќе за еден ден да остварите напредок. Ако ви се допаѓа личност која ја познавате преку работата може да дојде до компликации. Водете сметка за имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
Не дозволувајте било кој да влијае врз вашите одлуки кои треба да ги донесете сами. Можеби посакувате нова љубов и потребно ви е повторно да се чувствувате сакани за да живнете. Внимавајте на грлото.
РАК
Не е премногу поволен ден и не сте подготвени да повлечете некои потези кои ви делуваат неизбежни. Може да очекувате добар однос со партнерот. Имате чувство дека совршено се сложувате. Ве мачи вртоглавица.
ЛАВ
Поволен ден за занимавање со приватен бизнис. Доколку планирате некои нови вложувања, ќе ви се исплатат. Може да очекувате интересен развој на случувањата со саканата личност. Вашиот однос се менува. Слаба циркулација во пределот на нозете.
ДЕВИЦА
Нови случувања на деловно поле може да ве насочат кон позитивен правец. Ве очекува шанса да напредувате. Ве очекува интересно познанство преку пријатели или на некое јавно место. Здравјето е сосема добро.
ВАГА
Потрудете се озбилно да се посветите на своите обврски за да избегнете критики од надредените и несогласувања со нив. Покрај саканата личност чувствувате тензија и некоја несигурност во вашиот однос. Можни се проблеми со бубрезите.
ШКОРПИЈА
Решивте да се посветите на својата работа и да решите важни работи на кои чекавте долго време. Пријателството со личноста која ви се допаѓа можеби сѐ уште не преминало во врска. Но, работите на тоа работите да се променат. Проблеми со стомакот.
СТРЕЛЕЦ
Доколку бидете напнати, може лесно да создадете нови несогласувања и отежнување на комуникацијата со соработниците. Спонтано ќе успеете да остварите ново познанство со личност која во вас буди емоции. Пад на имунитетот.
ЈАРЕЦ
Нови информации доаѓаат до вас и подготвени сте во практична смисла да се посветите на своите обврски. Можеби ви се допаѓа личност која не ја познавате доволно добро. Избегнувајте алкохол.
ВОДОЛИЈА
За вас овој ден е поволен и може да очекувате позитивни пресврти и решавање на проблеми. Доаѓате до интересно познанство кое многу наскоро може да доведе до нова врска. Полни сте со енергија!
РИБИ
До крајот на денот ќе имате пресврти кои не ги очекувате но, на крај сѐ ќе заврши како што треба. Ви се враќа љубовта од минатото иако можеби не сте подготвени за тоа. Можна е несоница.
Магазин
Понекогаш е наједноставното најдобро: Печени компири со ореви и кромид
Овој рустикален рецепт комбинира три совршени текстури: крцкава печена кора, нежна внатрешност и ароматични крцкави ореви. Кромидот или празот додаваат солена, карактеристична арома, а оревите внесуваат јаткаст контраст. Резултатот е едноставно јадење што може да биде и прилог и лесен главен оброк.
Состојки (за 3–4 лица):
-
1,2–1,5 кг компири (средни или поголеми)
-
1 кромид или 2–3 стебленца праз
-
80–100 г сецкани ореви (грубо)
-
Маслиново масло
-
Сол и бибер
-
По желба: свеж магдонос, рузмарин или мајчина душица
Начин на подготовка:
-
Загрејте ја рерната на 200°C. Измијте ги компирите и пресечете ги на половина по должина. Ако се поголеми, исечете ги на четвртини.
-
Во голем сад измешајте: компири, маслиново масло, сецкан кромид или праз, ореви, сол, бибер и билки ако ги користите. Измешајте добро за сè да се премачка рамномерно.
-
Распоредете ги компирите на плех обложен со хартија за печење или лесно намастен. Печете 35–40 минути додека не добијат златно-кафеава боја, а оревите станат крцкави. На половина време промешајте за рамномерно печење.
-
По желба, додадете свеж магдонос или мајчина душица. Послужете ги топли — одлични се со печено месо, свежа салата или како самостоен топол прилог.
Извор: 021
Магазин
ChatGPT конечно престанува да ги користи непотребните цртички
ChatGPT долго време ги игнорираше дел од упатствата што му ги задаваат корисниците. Иако многумина бараа да не користи долги цртички и невообичаени јазични конструкции, моделот често продолжуваше да го прави тоа по автоматизам, што создаваше незадоволство кај корисниците.
Што се менува?
-
OpenAI објави дека ChatGPT сега многу попрецизно ќе ги следи упатствата.
-
Моделот повеќе нема да користи долги цртички и прегломазни јазични шеми кога корисникот јасно ќе побара тоа.
-
Интерпункцијата ќе биде поумерена и поприродна, наместо механички повторувана.
Зошто ChatGPT користеше толку цртички?
-
За време на обуката, моделот често се среќавал со текстови богати со цртички.
-
Тие структури станале дел од неговиот автоматски стил, па дури и кога корисниците бараа да ги избегне ― тој продолжуваше да ги користи.
-
OpenAI наведува дека ChatGPT е префрлен на „нова граматичка класа“, што треба да донесе кадрово почист и поприроден стил.
Што значи ова за корисниците?
-
Подобра усогласеност со специфични барања.
-
Пореалистичен и поразбирлив стил на пишување.
-
Помалку фрустрации со непотребни цртички или чудни конструкции.
Извор: Engadget
-
Кичево1 ден(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
-
Кичево15 часаПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп1 денМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Здравје и убавина1 денШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
-
Кичево7 часаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Здравје и убавина1 денПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
-
Македонија1 денКај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет
-
Хороскоп2 часаХороскоп за вторник (2 декември)
