Магазин
Google вели дека најновото забавување на YouTube не е поврзано со блокаторите на реклами

Google ги советуваше корисниците да го посетат нивниот центар за помош и да ги следат препорачаните чекори за отстранување проблеми за да го решат проблемот
Во текот на изминатите неколку дена, корисниците на YouTube доживеаја значително забавување при вчитувањето на содржината, што поттикна голем број шпекулации за можните причини. Една од шпекулациите што се појавија меѓу корисниците на социјалните медиуми беше дека Google можеби намерно ја забавува платформата за оние кои користат блокатори на реклами. Сепак, Google официјално ги демантираше овие тврдења, нагласувајќи дека забавувањата на YouTube не се поврзани со нивните напори за откривање на блокатори на реклами.
Изјавата на компанијата ја пренесе Android Central, каде што беше нагласено дека тешкотиите при вчитување на содржината на YouTube се независни од откривањето на блокаторите на реклами. Google им предложи на корисниците да го посетат нивниот центар за помош и да ги следат препорачаните чекори за отстранување проблеми за да го решат проблемот.
Дополнително, беше забележано дека некои корисници кои користат AdBlock и AdBlock Plus може да доживеат поголеми забавувања, особено ако ги користат двата блокатори во исто време. Сепак, Рајмонд Хил, развивачот на uBlock Origin, нагласува дека проблемот лежи во начинот на кој работи блокаторот на реклами, а не во кодовите на Google.
Како заклучок, додека Google ја отфрла теоријата дека блокирачите на реклами се причина за проблемот, на корисниците им се советува да ги следат упатствата за решавање проблеми на компанијата и внимателно да ги изберат алатките за блокирање реклами за да обезбедат оптимално корисничко искуство на YouTube.
/Telegraf
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (15 септември)

ОВЕН
Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве очекува ново познанство кое може да биде многу значајно за вашата љубовна иднина. Потребна ви е прошетка.
БИК
Имате многу работа и не ви е лесно да ги завршите обврските сами. Потребна ви е поддршка и помош од соработниците. Пред вас е период во кој ќе может да дојде до разочарување на емоционално поле. Добро се чувствувате.
БЛИЗНАЦИ
Може да очекувате генерално поволен ден во кој ќе успеете да решите важни проблеми на деловно поле. Доколку сте слободни, пред вас е многу одличен период за нови љубовни случувања. Можни се проблеми со забите.
РАК
Постојат некои околности кои ве кочат да напредувате. Ќе имате многу проблеми во наредниот период. Ве очекува возбудливо познанство со личност која ќе потврди дека има емоции кон вас. Одмарајте што повеќе.
ЛАВ
Може да добиете можност да го покажете своето мислење и ставовите во опкружувањето кое тоа ќе го прифати. Поволен ден за решавање на проблемите со саканата личност. Може да очекувате дека ќе најдете компромис. Зголемете го внесувањето на течности.
ДЕВИЦА
Потребно ви е да имате повеќе трпение и да бидете упорни за да ги остварите деловните цели кои ги имате. Ви изгледа дека сте влегле во монотона фаза и тоа не ви се допаѓа. Потребни ви се промени во врската. Не се замарајте.
ВАГА
По драстичните промени од претходниот период, доаѓате до фаза во која конечно доаѓа до смирување на ситуацијата. Ќе бидете среќни покрај личноста која ви се допаѓа. Пред вас е поволен период за љубов. Низок притисок.
ШКОРПИЈА
Можеби моментално некои работи не се по ваша волја и не сте задоволни од деловната ситуација. На некој начин сте збунети и прилично тешко ги прифаќате емотивните промени кои се случуваат околу вас. Можен е пад на имунитетот.
СТРЕЛЕЦ
Не сте сигурни дали треба да останете на ова работно место. Се премислувате околу важни одлуки и промени. Ќе запознаете интересна личност која ќе посака врска на долга стаза. Таа ќе ви возврати на емоциите. Проблеми со дишните патишта.
ЈАРЕЦ
Не се залетувајте со брзи одлуки. Пред вас е фаза во која ќе имате време за размислување. Доколку сте во брак, ве очекува период во кој ќе сакате зголемување на семејството. Нагласени проблеми со органите за варење.
ВОДОЛИЈА
Компликациите кои успеавте да ги надминете на деловно поле ве направија посилни и поискусни. Разочарани сте бидејќи од саканата личност не го добивте она кое ви е потребно. Емоциите во се во минусна фаза. Проблеми поради замор.
РИБИ
Многу тежок ден ве очекува. Пред вас е фаза во која ќе имате деловни проблеми и компликации. Исклучително сте загрижени за работата и тоа влијае врз вашата комуникација со саканата личност. Не е поволен период за вашето здравје.
Магазин
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн

Apple официјално објави дека iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26, macOS 26 и visionOS 26 ќе излезат од бета и ќе станат достапни за сите корисници на 15 септември. Новите системи доаѓаат заедно со iPhone 17 серијата и носат значајни промени, како и редизајн на интерфејсот.
Нов дизајн: „течно стакло“ и нов систем за броеви
Оваа година Apple воведува дизајн на течно стакло, со нагласена транспарентност и флуидност на интерфејсот. Втората голема промена е во ознаките на верзиите – наместо класично броење (iOS 18, 19 итн.), бројките сега ќе одговараат на годината на издавање, што носи поголема конзистентност.
Кои уреди го поддржуваат iOS 26?
-
iPhone 17 (со претходно инсталиран iOS 26)
-
iPhone 11, 12, 13, 14, 15 и 16
-
iPhone SE (втора генерација и понов)
Поддршка за watchOS 26
-
Apple Watch Series 6 и понови модели
-
Apple Watch SE (втора генерација и понов)
-
Сите модели Apple Watch Ultra
Поддршка за macOS 26 (код: Tahoe)
-
MacBook Air со Apple Silicon (2020 и понов)
-
MacBook Pro со Apple Silicon (2020 и понов)
-
MacBook Pro 16″ (2019)
-
MacBook Pro 13″ (2020, четири Thunderbolt 3 порти)
-
iMac (2020 и понов)
-
Mac mini (2020 и понов)
-
Mac Studio (2022 и понови)
-
Mac Pro (2019 и понов)
Поддршка за iPadOS 26
-
iPad Pro (M4)
-
iPad Pro 12,9″ (трета генерација и понова)
-
iPad Pro 11″ (прва генерација и понова)
-
iPad Air (M2, M3)
-
iPad Air (трета генерација и понова)
-
iPad (A16)
-
iPad (8-ма генерација и понова)
-
iPad mini (A17 Pro)
-
iPad mini (5-та генерација и понова)
VisionOS и tvOS 26
-
VisionOS 26 ќе биде достапен за Apple Vision Pro.
-
tvOS 26 ќе пристигне „оваа есен“ и ќе поддржува Apple TV 4K (втора генерација и понов). Се шпекулира дека нов Apple TV 4K ќе биде објавен заедно со системот.
Нови уреди претставени
На настанот „Awe dropping“, Apple освен новите системи ги претстави и:
-
iPhone 17, iPhone Air, iPhone 17 Pro и Pro Max
-
AirPods Pro 3
-
Apple Watch SE 3
-
Apple Watch Series 11
-
Apple Watch Ultra 3
Извор: Engadget
Магазин
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…

Microsoft официјално ги потсети корисниците за крајот на поддршката за Windows 10.
Компанијата објави дека на 14 октомври 2025 година ќе заврши поддршката за оперативниот систем Windows 10, оставајќи повеќе од милијарда корисници ширум светот да одлучат за следните чекори.
Ова значи дека Windows 10 верзијата 22H2, вклучувајќи ги изданијата Home, Pro, Enterprise, Education и IoT Enterprise, ќе ги добијат последните безбедносни закрпи истиот ден. После тоа, Microsoft повеќе нема да обезбедува безбедносни ажурирања или техничка поддршка, оставајќи ги корисниците изложени на потенцијални сајбер закани.
Што препорачува Microsoft?
-
Надградба на Windows 11 ако уредот ги исполнува техничките барања.
-
Миграција на Windows 11 преку cloud користејќи Windows 365.
-
Вклучување во програмата за Проширени безбедносни ажурирања (ESU) за корисници кои сакаат да продолжат со безбедносни надградби (чини одредена сума, во зависност од типот на корисник).
-
Користење на LTSC верзија на системот – наменета за специјализирани уреди (индустриски, медицински и слични), каде што е важна стабилноста и долгорочната поддршка.
Колку луѓе сè уште користат Windows 10?
Според најновите статистики:
-
Windows 11 веќе има предност и го користат околу 53% од компјутерите.
-
Windows 10 е сè уште активен на околу 42% од системите.
-
Кај гејмерите, Windows 11 има удел од над 60%, а Windows 10 околу 35%.
Крај на една ера
Крајот на поддршката за Windows 10 значи крај на една ера. Овој оперативен систем остана еден од најкористените и најомилените во историјата на Microsoft уште од неговото лансирање во 2015 година.
Извор: B92
-
Спорт16 часа
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Спорт1 ден
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (14 септември)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Магазин1 ден
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…
-
Магазин1 ден
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн
-
Временска прогноза3 часа
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно