Магазин
Google ви дозволува да ги отстраните вашите лични информации од резултатите од пребарувањето

Google им овозможува на корисниците да ги отстранат личните информации од резултатите од пребарувањето.
Google објави дека прави промена за да ги заштити корисниците од „несаканиот директен контакт“. Досега им дозволуваше на луѓето да бараат отстранување на одредени специфични видови информации. Сепак, оваа политика сега е проширена и има за цел подобра заштита на податоците на корисниците. Пред новата политика, корисниците можеа да отстранат поспецифични информации како што се броеви на банкарска сметка или кредитни картички од нивното пребарување.
Со оглед на тоа што денес се зголеми бројот на онлајн измами, Google ја прошири оваа политика така што корисниците сега можат да ги отстранат сите чувствителни податоци како домашна адреса или телефонски број. Воведена е и мерка според која родителите, старатели на деца помлади од 18 години, имаат можност да бараат да се избришат сите фотографии од нивните деца од пребарувањата.
Google најави дека сега ќе ги отстрани личните информации за контакт од резултатите од пребарувањето и независно, но засега корисниците треба да го побараат тоа. Линкот каде што можете да ја побарате оваа услуга е тука.
Извор: CBS News
Хороскоп
Хороскоп за вторник (29 април)

ОВЕН
Иако сте родени како борец, поседувате срце на некој кој посакува мир. Денес ќе посакувате да водите а со тоа ќе бидете склони кон соработка. Ќе ги пронајдете сите одговори на прашањата кои ве интересираат.
БИК
Денес е одличен ден за да ја завршите работата која одамна сте ја започнале и ја одложувате веќе долго.Ќе бидете изненадени од вашата продуктивност. Ќе бидете оранизирани и ќе доведувате се во ред.
БЛИЗНАЦИ
Денес Венера е на ваша страна а тоа ќе го истакне вашиот шарм и ќе успевате да продрете до сечие срце со вашите зборови. Ќе имате моќ да ги убедувате другите. Вашите идеи ќе бидат пофалени и наградени.
РАК
Денес ќе бидете преокупирани со деталите. Ќе барате постојано уверување дека се наоѓате на вистинскиот пат. Ќе ги преиспитувате сопствените уверувања и мотивации. Ќе остварите добивка од некоја работа за која не сте полагале голема надеж.
ЛАВ
Доколку долго време сте биле во конфликт со некој близок, денес конечно ќе го решите проблемот и ќе постигнете примирје. Превземете иницијатива но немојте да бидете премногу нападни. Во секторот на врските интимноста се зголемува а со тоа и желбата за романтични мигови со партнерот.
ДЕВИЦА
Денес е одличен ден да ги завршите сите заостанати обврски. Венера ќе ве благослови со шарм а тоа ќе ви биде од огромна помош на деловното место каде ќе освојувате се пред себе. Вашите колеги ќе бидат воодушевени од вашите идеи, време е да истапите од сенката.
ВАГА
Доколку сте чувствувате тензичност со некој ваш пријател кој можеби е воздушен знак, денес конечно ќе направите примирје. Внимавајте на вашите зборови, можно е да зажалите подоцна. Ќе успеете во некое групно натпреварување или ќе се истакнете во некоја групна активност.
ШКОРПИЈА
Денес месечината влегува во вашиот сектор на странста. Ќе бидете сконцентирани на тоа да изгледате убаво и да се чувствувате пријатно во својата кожа. Ќе бидете лесно заведени и во главата ќе ви се вртат романтични сценарија со партнерот, ви претстои забавна вечер.
СТРЕЛЕЦ
Ако веќе долго време ги криете вашите чувства спрема некој и се двоумите дали да ги искажете, денес е вистинскиот ден да го сторите тоа. Оние кои се во врска или брак, долго време го занемарувале партнерот. Денес ќе бидете особено енергични, искористете ја енергијата така што ќе бидете продуктивни.
ЈАРЕЦ
Денес ќе сакате да побегнете од обврските. Ќе сакате банални разговори без многу преоптеретување со длабоки теми. Некои Јарци ќе откријат некоја долго сокривана тајна, други ќе дадат совет кој некому многу ќе му користи.
ВОДОЛИЈА
Вашата креативност денес ќе биде на врвот. Ќе правите се со ентузијазам и леснотија. Што се однесува до правењето планови за иднина, ќе се стремите кон практичност и остварување на поголема добивка. Внимавајте пред да донесете конкретна одлука.
РИБИ
Денес ќе се грижите за туѓите чувства и емоции и ќе сакате да им помагате на другите. Вие сте емпат а со тоа мора да се заштитите себеси од туѓата негативност, затоа не му дозволувајте на секого пристап до вашето срце. Доколку е возможно, носете камен аметист со себе. Опкружете се со енергични и позитивни луѓе, ќе имате незаборавен ден.
Мобилни уреди
За новите уреди на „iPhone“, реномираниот бренд би можел да има нов редизајн

Првиот iPhone беше претставен на 9 јануари 2007 година, на конференцијата Macworld во Сан Франциско, а беше пуштен во продажба на 29 јуни истата година во Соединетите Американски Држави. Во 2027 година, iPhone ќе ја одбележи својата 20-годишнина, но Apple се чини дека има големи планови.
Некои странски медиуми истакнуваат дека iPhone-от за 20-годишнината би можел да го донесе најрадикалниот редизајн досега – уред чиј преден дел би бил целосно покриен со екранот, без видливи исечоци за камерата, сензорите и слично.
Оваа шпекулација се совпаѓа со извештајот на „Блумберг“, според кој „Apple“ наводно развива посебен Pro модел со акцент на стаклен дизајн за да прослави две децении од постоењето на „iPhone“ и може да биде придружен и од долгоочекуваниот преклопен iPhone, но засега не е јасно дали тоа ќе биде првата или втората генерација на таков уред.
Според моменталните информации со кој располага изворот, преклопниот iPhone би можел да биде претставен веќе во 2026 година. Интересно е што Apple е сè уште единствениот голем производител на паметни телефони кој нема свој преклопен модел.
Оваа голема годишнина би можела да помогне и во оживувањето на интересот за iPhone, особено затоа што продажбата се забави во последните месеци. Дополнителен предизвик претставува новата царина од 125% за производи од Кина, каде што се произведуваат повеќето компоненти за iPhone, воведена за време на администрацијата на Доналд Трамп, пренесуваат од „CNET“.
Извор: b92.net
Магазин
„Сите за Кочани – Трчаме заедно!“ – „Денот на Европа“ со хуманитарна трка во седум македонски градови, наменета за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа” со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани. На 25 мај, истовремено во 7 града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани.
– „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!” е хуманитарна иницијатива во која може да учествува секој, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Трките се наменети за сите: рекреативци, спортисти, аматери, помлади и повозрасни, бидејќи не се работи за километри, туку за солидарност.
Пријавувањето е отворено и може да се врши преку платформата https://sitezakocani.mk, каде што секој заинтересиран може да избере град и да стане дел од најважната трка оваа година. Сите средства собрани од котизациите ќе бидат донирани преку Црвениот крст, кој ќе ги насочи кон заедницата во Кочани, осигурувајќи дека секоја донација ќе оди таму каде што е најпотребна.
На 25 мај, нема да трчаме за резултати, ниту пак за награди – ќе трчаме за солидарност и за вредностите кои нѐ дефинираат како општество и како заедница.
Сите за Кочани – да трчаме заедно! Придружете ни се!
/ПР – euhouse.mk
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (28 април)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за вторник (29 април)
-
Македонија22 часа
Од ноќеска поскапуваат нафтените деривати, ова е новата цена!
-
Спорт2 дена
ФФМ со експресно соопштение ја извести јавноста во врска со случајот ФК Гостивар
-
Здравје и убавина2 дена
Мувлата на овошјата може да доведе до несакани последици по здравјето на човекот
-
Скопје2 дена
СВР Скопје изрече 96 санкции, 41 од нив биле за возење со брзина поголема од дозволената
-
Магазин20 часа
„Сите за Кочани – Трчаме заедно!“ – „Денот на Европа“ со хуманитарна трка во седум македонски градови, наменета за погодените од трагедијата во Кочани
-
Занимливости20 часа
Светскиот гигант „Google“ ќе ги враќа вработените во своите канцеларии, работењето од дома ќе стане минато