Следете не

Магазин

GTA 6 – Најочекуваната игра во историјата: Кога ќе се појави во продажба?

Објавено пред

на

GTA 6 е несомнено најочекуваната видео игра во историјата, а љубителите на франшизата со нетрпение го исчекуваат нејзиното официјално издание. Иако Rockstar сè уште не го потврдил точниот датум на излегување, гласините и анализите укажуваат на можен временски период кога играта конечно ќе стане достапна.

Гејмерите со нетрпение го очекуваат новото продолжение

Ова е првиот нов наслов од Grand Theft Auto серијалот по повеќе од една деценија, што го прави неговото излегување голем настан во гејминг индустријата. Некои обожаватели дури најавија дека ќе земат годишен одмор или боледување за целосно да се посветат на виртуелниот свет на Vice City.

Не само гејмерите, туку и бројни гејминг студија го очекуваат објавувањето на GTA 6. Причината? Избегнување на конкуренција. Големите и малите развивачи не сакаат да ги лансираат своите игри во исто време со GTA, бидејќи тоа значително би ги намалило нивните шанси за успех.

Кога може да се очекува излегувањето на GTA 6?

Иако Rockstar официјално најави дека играта ќе биде достапна наесен, компанијата потенцираше дека може да има промени и одложувања.

Според веб-страницата Kotaku, најверојатниот датум на излегување е 28 октомври. Ова тврдење се заснова на историјата на Rockstar, бидејќи многу од нивните најголеми наслови биле лансирани во октомври.

Дополнително, 2K Games и Gearbox неодамна го објавија датумот на излегување на Borderlands 423 септември. Овие компании, заедно со Rockstar, се во сопственост на Take-Two Interactive, што значи дека тие можеби имаат внатрешни информации за плановите на Rockstar. Со лансирање на Borderlands 4 кон крајот на септември, логично е GTA 6 да биде објавена малку подоцна, а крајот на октомври изгледа како идеален тајминг.

Зошто октомври е најлогичен избор?

Вообичаено, ноември е резервиран за нови изданија од франшизата Call of Duty, а иако GTA е значително популарна, Rockstar веројатно нема да сака да ризикува со директна конкуренција.

Ако GTA 6 не излезе во октомври, останува можност тоа да се случи во декември, но тоа би значело пропуштање на важниот шопинг период за „Black Friday“ и празниците.

Одбројувањето започна

Со оглед на тоа што до есента има уште неколку месеци, сигурно ќе се појават нови информации и гласини. Сепак, едно е сигурно – љубителите на франшизата по повеќе од една деценија чекање конечно ќе добијат можност да се нурнат во новата авантура на GTA 6 до крајот на годината.

Извор: B92

Хороскоп

Хороскоп за сабота (21 јуни)

Објавено пред

на

ОВЕН

Можеби немате веќе нови идеи и тешко ви е да имате позитивни мисли кога станува збор за работата. Мора да поработите на комуникацијата со личноста која ви се допаѓа. Водете сметка за очите.

БИК

Можеби ќе посакате да го напуштите моменталното работно место. Имате потреба да направите поголеми промени. Имате впечаток дека со саканата личност не е сѐ она како што било порано и размислувате за прекинување на врската. Респираторни инфекции.

БЛИЗНАЦИ

Променливата состојба на финансиско поле ви внесува чувство на несигурност. Ќе направите сѐ што е во ваша моќ да ја стабилизирате. Може да и верувате на саканата личност. Таа ви е максимално посветена и ве сака. Проблеми со вртоглавица.

РАК

Имате сѐ она што ви е потребно за да започнете нов бизнис. Ситуацијата на емотивно поле не ви одговара и може да се каже дека сте прилично разочарани. Добро се чувствувате и немате проблеми со здравјето.

ЛАВ

Ако се потпрете на соработниците повеќе отколку што треба, можно е да се разочарате. Обрнете внимание на новите познаници. Некој од нив може да биде добар избор за љубовна врска. Проблеми со бубрезите.

ДЕВИЦА

Во претходниот период имавте многу проблеми, но сепак успеавте сите да ги решите навреме. Вашата врска со саканата личност полека напредува во посакуваниот правец. Можни се многу нови пресврти. Намалете го внесувањето на слатки.

ВАГА

Чувствувате голем притисок на деловно поле и не ви е лесно да се носите со него. Доколку и ги покажете искрените емоции на саканата личност, вашиот однос може да биде многу подобар отколку што е сега. Чувајте ги забите.

ШКОРПИЈА

Моментално деловниот успех ви е особено важен и ќе направите сѐ што можете за да дојдете до него. Свесни сте дека љубовта поминува и дека односот со партнерот порано или подоцна мора да се одржува на некој вид компромис. Вкочанет грб.

СТРЕЛЕЦ

Покажувате подготвеност да започнете промени на деловно поле иако тие носат ризик со себе. Знаете дека ви е потребна сериозна врска, но не можете да најдете партнер со кој ќе успеете да ја остварите. избегнувајте алкохол.

ЈАРЕЦ

Подгответе се за промени на работно поле. Важно е во секоја ситуација да верувате во себе. Личноста која ви се допаѓа буди во вас нови емоции и убаво ви е кога сте покрај неа. Потребен ви е сон.

ВОДОЛИЈА

Ви се укажува нова можност на работно поле која може да биде добра за вас. Во периодот кој ви претстои ќе имате многу несогласувања со саканата личност. Нервната напнатост е нагласена кај вас.

РИБИ

Доаѓате до нови идеи, креативноста ви е денес нагласена и посветете се на тоа. Го променивте мислењето за саканата личност и може да добиете желба да ја прекинете врската. Имате многу енергија во себе.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Валкан клима уред? Потенцијална закана за здравјето – еве зошто

Објавено пред

на

Фото: u_ssfofehsaj @ pixabay

Клима уредите се незаменливи во летните месеци, но ако не се одржуваат правилно, можат да претставуваат сериозна опасност за здравјето. Воздухот што циркулира низ валкани филтри често е исполнет со прашина, мувла, габи и бактерии – невидливи непријатели кои можат да предизвикаат алергии, респираторни тегоби и дури инфекции.

Опасности од неисчистени филтри

Редовното чистење на клима уредите е клучно не само за оптимално ладење туку и за заштита од:

  • Астма и алергии, предизвикани од насобрани честички и сув воздух.

  • Главоболки и кожни реакции, резултат на загаден воздух во затворен простор.

  • Инфекции, како што е легионерската болест – сериозна форма на пневмонија предизвикана од бактерии кои се размножуваат во несервисираните уреди.

Оваа болест најчесто се шири преку вдишување на ситни капки вода во воздухот. Особено се подложни лицата со намален имунитет, хронични болести или пушачи. Симптомите вклучуваат висока температура, кашлица, болка во градите, замор и дигестивни нарушувања.

Температурен шок – ризик за срцето

Пресилното ладење исто така може да предизвика проблеми. Разликата помеѓу внатрешната и надворешната температура не треба да биде поголема од 6–8°C, бидејќи тоа може да предизвика шок за телото, па дури и да доведе до срцев удар. Добра навика е клима уредот да се исклучи 30 минути пред излегување, за телото постепено да се прилагоди.

Чистење и одржување

  • Филтрите во внатрешната единица треба редовно да се перат или заменуваат, според упатствата од производителот.

  • Постојат антибактериски спрејови за дезинфекција на внатрешната единица – користете ги строго по инструкциите.

  • Надворешната единица треба да ја сервисира стручно лице – проверка на гас, вентилатор и компресор не е препорачлива за самостојна интервенција.

  • Проверете дали цревото за одвод на вода е проодено и правилно поставено.

Заклучок

Со едноставна навика за годишен сервис и редовно чистење, можете да избегнете здравствени проблеми и да го продолжите работниот век на уредот. Не заборавајте – клима уредот треба да го лади просторот, а не да ја загрозува здравствената состојба.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Црното кафе може да има здравствени придобивки – но само ако се пие вака

Објавено пред

на

Фото: Jakub Dziubak @ unsplash

Новите истражувања покажуваат дека умерената консумација на кафе – особено црно и без шеќер – може да има позитивно влијание врз здравјето и дури да помогне во продолжување на животниот век.

Пиењето една до три шолји кафе дневно се поврзува со намален ризик од прерана смрт, особено од срцеви заболувања. Меѓутоа, ваквите придобивки се забележани само кај луѓе кои пијат кафе без или со многу мала количина шеќер и масни додатоци.

Како кафето влијае на здравјето?

Кафето содржи природни антиоксиданси и биоактивни соединенија, кои можат позитивно да влијаат врз функцијата на срцето и метаболизмот. Податоците покажуваат дека луѓето кои пијат црно кафе во умерени количини имаат 14–17% помал ризик од смрт во споредба со оние кои не пијат кафе воопшто.

Но, ако во шолјата се додава голема количина шеќер или заситени масти (како павлака или полномасно млеко), придобивките значително се намалуваат или исчезнуваат.

Колку е премногу?

Истражувањата не покажуваат дополнителна корист кај луѓе кои пијат повеќе од три шолји кафе дневно. Исто така, не е утврдена значајна врска помеѓу консумирањето кафе и намалена смртност од карцином, но ефектите врз кардиоваскуларното здравје се поизразени.

Во проценките биле земени предвид различни видови кафе (со и без кофеин), како и количината на додаден шеќер и масти, каде што под „ниско“ се подразбира внес кој е под 5% од дневната препорачана вредност – на пример, помалку од половина лажичка шеќер на шолја.

Извор: Vijesti

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза2 часа

Претежно сончево и по свежо на утро со северен ветер

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, викендов повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено...

На денешен ден9 часа

Времеплов: На денешен ден – 21 јуни

На денешен ден 21 јуни, хронолошки подредени значајни настани што се случиле низ различни години и делови на светот. Еве краток...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за сабота (21 јуни)

ОВЕН Можеби немате веќе нови идеи и тешко ви е да имате позитивни мисли кога станува збор за работата. Мора...

Македонија21 час

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова е новата цена

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle21 час

Валкан клима уред? Потенцијална закана за здравјето – еве зошто

Клима уредите се незаменливи во летните месеци, но ако не се одржуваат правилно, можат да претставуваат сериозна опасност за здравјето....

Lifestyle21 час

Црното кафе може да има здравствени придобивки – но само ако се пие вака

Новите истражувања покажуваат дека умерената консумација на кафе – особено црно и без шеќер – може да има позитивно влијание...

Магазин21 час

Facebook воведува Passkey: Безбедна најава без лозинка

За разлика од класичните лозинки, Passkey не може да се украде, погоди или протече, бидејќи не се внесува ниту испраќа....

Хроника22 часа

СВР Охрид со детали за страшната сообраќајка синоќа на булеварот „Туристичка“ во Охрид

На 19.06.2025 година во 22.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата...

Временска прогноза1 ден

Бран кој носи дожд се спушта над Македонија, првично кон север потоа кон западните делови

Во моментов, од север кон Македонија се спушта влажен фронтален бран кој со себе нови локални но поројни врнежи од...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (20 јуни)

ОВЕН Пред вас е поволен период доколку имате во план некои нови потези на работно поле. Имате проблеми со саканата...

НАЈЧИТАНИ