Следете не

Магазин

GTA V во ноември на PS5

Објавено пред

на

GTA V ќе биде објавен на 11 ноември за Sony Playstation 5, Xbox X и S, објави Rockstar.

Во моментов GTA V може да се игра на постари конзоли.

GTA V ќе биде бесплатна од ноември 2021 година до февруари 2022 година на Sony PS5, објави Rockstar.

Што се однесува до Xbox S и X, за да играте на Интернет, ќе мора да платите за целосната верзија на играта.

„Rockstar“ објави дека играчите на овие конзоли можат да очекуваат многу изненадувања и додатоци во играта.

Тие подготвуваат и изненадување за 20-годишнината од објавувањето на GTA III.

Хороскоп

Хороскоп за сабота (17 мај)

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

ОВЕН

Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да ве контролираат. Подобро е денес да се концентрирате на оние проблеми кои можете да ги решите, наместо на нешто од минатото кое не можете да го промените. Закажете средба со поранешните соработници, ќе ви се отвори можност за дополнителен профит.

БИК

Внимавајте како размислувате за себе и не се критикувајте премногу. Обидете се да ги избегнете негативните мисли и не им дозволувајте на песимистичните луѓе да ви влијаат на енергијата. Денес лесно ќе го прифаќате туѓото мислење. Нема да имате потреба од навлегување во долги дискусии или натпревари.

БЛИЗНАЦИ

Совршена сабота за забава и уживање, иако ве пристискаат некои рокови кои полека преминуваат во доцнење. Средете го тоа во текот на денот, за да можете да седите мирно, а по работата, време е за убава средба со пријателите.

РАК

Идеите непрекинато ви доаѓаат, и сега навистина е вистинското време некои од нив да започнете да ги претворате во реалност. Иако во моментов сте окупирани со глобални прашања, свртете се околу себе и првите промени направете ги во својата непосредна околина.

ЛАВ

Денес некој ќе ја насочи целата своја негативна енергија кон вас, бидејќи во неговите очи ќе бидете непријател. Движете се со исправена глава и покажете дека неговите тешки стрели не можат да ја пробијат вашата цврста надворешност. Ќе го избегнувате затворениот простор. Постојано ќе сакате да сте во движење.

ДЕВИЦА

Имате идеја која сакате да ја споделите? Ова е одличен ден за да го сторите тоа. Без разлика дали се работи за личен или професионален проект, ќе имате способност да ги убедувате луѓето да ги прифатат вашите идеи. Искористете ја дадената шанса.

ВАГА

Иако копнеете да бидете на врвот, понекогаш и второто место не е за потценување. Денес балансирајте помеѓу соло и тимска работа. Заборавете на егото и оставете вашите дела да зборуваат за вас. Треба да му обрнете повеќе внимание на одредено лице од спротивниот пол и да ги подобрите односите со него.

ШКОРПИЈА

Во фаза сте на материјална експанзија. Станавте вистински скржавец, кој само ги брои парите. Бидејќи имате многу издатоци, нема да дозволите лесно да ги потрошите парите. Направивте план и од тоа нема да отстапите. Можни се здравствени проблеми, предизвикани од лош метаболизам, па диетата е идеално решение.

СТРЕЛЕЦ

Ова среда е одлична за комуникација. Потрудете се да организирате дружење со голем број луѓе. Најдобро за понатамошниот тек на настаните е да избегнувате конфликти. Јавете се на пријателите со кои долго не сте се виделе. Одбранете ги вашите ставови и верувања без да бидете агресивни. Ќе ви недостасува трпение, но на крајот од денот сѐ ќе си дојде на свое место.

ЈАРЕЦ

Бидејќи некои работи сте ги расчистиле со себеси, на проблемите им пристапувате на нов начин. Благодарејќи на енергијата, тргнувате во нови походи. Тие се однесуваат на љубовта и уметноста. Заљубени сте и тоа ви носи добро расположение.

ВОДОЛИЈА

Надевајте се на големи промени кои со себе носат сериозни одговорности. Конечно можете да земете здив, бидејќи многу работи се искристализираа. Доколку сте паметни, ќе успеете да го извлечете максимумот од ситуацијата. Тоа особено се однесува на партнерот.

РИБИ

Денес нема да бидете многу сигурни во вашата финансиска ситуација, и тоа може прилично да ве вознемири. Некои информации кои ќе ги добиете, исто така може да ве вознемират. Не се повлекувајте, искажете го вашето незадоволство. Пред да почнете нешто да планирате оценете ги сите работи.

Прочитај повеќе...

Магазин

Чизкејк со јагоди и Нутела – неодолива пролетна комбинација

Објавено пред

на

Фото: Diliara Garifullina / unsplash

Овој десерт нуди совршен спој на свежина и кремасто задоволство

Ако сте љубител на комбинацијата од чоколадо и овошје, тогаш овој чизкејк ќе стане ваш нов омилен десерт. Станува збор за лесна, но богата торта со пенест крем од јагоди, мек пандишпан со Нутела и мазен млечен ганаш. Идеална е за семејни прослави, родендени или едноставно за моменти на лично уживање.

Состојки

За бисквитот со Нутела:

  • 1 јајце

  • 30 г шеќер

  • 1 кесичка ванилин шеќер

  • 50 мл вода

  • 50 мл масло

  • 40 г Нутела

  • 40 г брашно

  • 5 г какао

  • ½ кесичка прашок за пециво

За кремот од јагоди:

  • 150 г свежи блендирани јагоди

  • Неколку капки арома од јагода

  • 20 г инстант желатин

  • 2 полни лажици шеќер во прав (или по вкус)

  • 200 г маскарпоне

  • 200 мл слатка павлака за шлаг

За ганашот:

  • 100 г млечно чоколадо

  • 90 мл слатка павлака за шлаг

  • 30 г Нутела

Постапка

Подготовка на бисквитот:

  1. Во длабок сад изматете го јајцето со шеќерот и ванилиниот шеќер додека не добиете светла и пенеста смеса.

  2. Додадете ја водата, маслото и Нутелата, па кратко промешајте.

  3. Во посебен сад соединете ги брашното, какаото и прашокот за пециво, па додајте ги во течната смеса.

  4. Истурете ја смесата во калап (дијаметар 16 см) обложен со хартија за печење.

  5. Печете на 160°C околу 20 минути или додека чепкалка излезе сува. Оставете да се излади.

Подготовка на кремот од јагоди:

  1. Изблендирајте го маскарпонето кратко, потоа додајте ги блендираните јагоди, аромата и шеќерот во прав.

  2. Вмешајте ја слатката павлака и изматете кратко додека не добиете кремаста структура.

  3. Додека мешате, постепено додавајте го инстант желатинот. Мешајте додека кремот не стане цврст.

  4. Прелијте го врз изладениот бисквит и оставете го во фрижидер да се стегне, најдобро преку ноќ.

Подготовка на ганашот:

  1. Во тенџере на тивок оган загрејте ги чоколадото, слатката павлака и Нутелата, мешајќи додека не се стопи чоколадото и не добиете мазна смеса.

  2. Оставете неколку минути да се излади, па прелијте го врз стегнатиот крем.

  3. Вратете ја тортата во фрижидер додека ганашот целосно не се стегне.


Овој чизкејк не само што изгледа впечатливо, туку и нуди исклучително богат вкус. Послужете го добро изладен и уживајте во секој залак!

Прочитај повеќе...

Мобилни уреди

Како да го продолжите векот на батеријата на вашиот мобилен уред

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Steve Johnson

Многумина од нас имаат навика да ги оставаат телефоните на полнач преку ноќ, за да можеме да го започнеме денот со 100% наполнета батерија наутро. Сепак, на долг рок можеби нема да си правиме услуга себеси или на нашиот уред.

Можеби веќе сте слушнале дека полнењето на телефонот до крај и оставањето на полначот откако ќе достигне 100% може негативно да влијае на траењето на батеријата.

Според Чао-Јанг Ванг, директор на Центарот за електрохемиски мотори на Универзитетот Пенсилванија Стејт, има одредена вистина во тоа тврдење. Како што објасни тој, „батеријата ќе се деградира побрзо ако ја наполните до 100% отколку ако ја полните со малку помал капацитет“, пишуваат колегите од „Tportal.hr“

Држењето на телефонот вклучен кога е веќе со полн капацитет, како и постојаното полнење до 100%, ја одржува батеријата на висок напон, што предизвикува хемиско стареење, изјави за „ХафПост“ Дибакар Дата, вонреден професор по машинско и индустриско инженерство на Технолошкиот институт во Њу Џерси.

Извор: n1info.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево43 минути

(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“

Во четвртокот во 18:00ч се одржа третиот по ред протест пред општинската зграда во Кичево, овој пат на кеј. –...

Македонија3 часа

Кумановец управувал возило со 3,46 промили алкохол во крвта

На 16.05.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од с.Долно Којнаре, кумановско. При...

Временска прогноза12 часа

Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени

За време на овој викенд денес сабота и утре недела, во Македонија во ноќните и во раните утрински часови ќе...

На денешен ден13 часа

Времеплов: На денешен ден (17 мај)

Светот виден во рубриката „На денешен ден“ за 17-ти мај 🎨 Култура и уметност 1510 – Смртта на Сандро Ботичели,...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за сабота (17 мај)

ОВЕН Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да...

Временска прогноза16 часа

Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски

Значително количество на дожд до вечерва во 20 часот наврна на многу места ширум Македонија. Сепак најмногу дожд наврна во...

Спорт17 часа

ФФМ ја започна завршната фаза во имплементацијата на системот за видео технологија на судиите

Фудбалската федерација на Македонија ја започна завршната фаза во имплементацијата на системот за видео технологија на судиите (ВАР), преку детална...

Скопје19 часа

В недела во Скопје посебен режим на сообраќај поради велосипедска трка

На 18.05.2025 (недела) во организација на Здружение за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе се одржи тринаесеттото...

Скопје19 часа

(ФОТО) Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем

На 16.05.2025 во Скопје, по добиена судска наредба, полициски службеници од Секторот за комјутерски криминал извршија претрес во дом и...

Македонија22 часа

Лишен од слобода косовски државјанин, пренесувал облека од познати марки без документација

На 15.05.2025 околу 04.10 часот на автопатот  Куманово-Скопје, во близина на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за...

НАЈЧИТАНИ