Следете не

Мобилни уреди

Гугл најавува уште по засилени мерки за прегледување на апликации кои се на „Play store“

Објавено пред

на

Google применува строги правила кога станува збор за прегледување на апликации кои завршуваат на „Play store“, а наскоро тоа ќе биде уште построго. И покрај строгите правила, некои апликации успеваат да се „провлечат“ и да го најдат патот до корисниците иако тоа не би требало да се случи, па затоа Google повремено иницира акција против ризични и неквалитетни програми.

На повидок е уште една рунда на „чистка“ апликации пронајдени во „Play Store“ кои имаат „ограничена функционалност“. Најновото ажурирање на политиката за спам и минимална функционалност на Google покажува како компанијата се подготвува да ги отстрани „ограничените“ и „скршените“ апликации од Play Store.

Тие објаснуваат дека апликациите ќе се отстранат врз основа на три критериуми: статични (без карактеристики специфични за апликацијата, како оние што служат само текст или PDF), мала содржина (на пр. само со една позадина или една функција), како и скршени апликации (постојано се затвораат, не се вчитуваат или не реагираат).

Новата политика на компанијата ќе стапи на сила на 31 август оваа година и може да влијае на многу апликации на „Play Store“, вклучително и некои кои се легитимни, но спаѓаат во една од овие категории, пренесува b92.net

Магазин

Apple планира голем редизајн за iOS 19 и macOS 16

Објавено пред

на

Прва голема промена во дизајнот по долго време

Apple се подготвува за значителна промена во изгледот на своите оперативни системи iOS, iPadOS и macOS со следните верзии – iOS 19 и macOS 16.

Ова ќе биде првиот голем редизајн на iOS по iOS 7 (2013) и на macOS по Big Sur (2020).

Што ќе биде поразлично?

Според извори, новиот дизајн ќе влијае на:

  • Стилот на иконите
  • Менијата и апликациите
  • Прозорците и системските копчиња

Целта е подоследно корисничко искуство низ сите уреди. Промените би можеле лабаво да се инспирираат од visionOS, оперативниот систем на Apple Vision Pro, кој се истакнува со:

  • Транспарентност во интерфејсот
  • Лебдечки елементи
  • Заоблени икони

Што значи ова за корисниците?

Со оглед на тоа дека Apple не направи значителни визуелни промени уште од iOS 7 и macOS Big Sur, овој редизајн може да биде најголемата еволуција на изгледот на Apple уредите во изминатата деценија.

Останува да видиме дали Apple ќе ги претстави новите дизајнерски насоки на WWDC 2025.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Магазин

Apple ги елиминира кабелот и портата за физичко полнење – iPhone 17 Air ќе има само безжична опција?

Објавено пред

на

iPhone 17 Air ќе биде ултра тенок, но без приклучок за физичко полнење

Apple планира да го претстави iPhone 17 Air, кој ќе се истакне со својот ултра тенок дизајн. За да се постигне ова, компанијата е подготвена да направи значителни промени, а една од најголемите би можела да биде отстранувањето на портата за физичко полнење, што би го направило првиот iPhone без никакви конектори.

Дали Apple конечно ќе се ослободи од сите порти?

Гласините за iPhone без физички приклучоци кружат веќе неколку години. Apple веќе направи чекори во оваа насока, како:

  • Отстранување на физички SIM картички во американската верзија на iPhone 16, со целосен премин кон eSIM.
  • Популаризација на MagSafe безжичното полнење, кое сè повеќе ги заменува класичните полначи со кабел.

Според извештајот на Bloomberg, Apple првично планирал iPhone 17 Air да биде целосно без порти, со подобрени брзини на безжично полнење и пренос на сите податоци преку облак услуги.

Зошто Apple сè уште не го отстрани USB-C конекторот?

Иако идејата за iPhone без порти звучи футуристички, Apple на крајот се откажа од овој план. Главната причина е усогласеноста со европските регулативи, според кои сите мобилни уреди мора да имаат USB-C конектор.

Оваа одлука го принуди Apple да го напушти својот Lightning стандард и привремено да се откаже од целосно безжичниот iPhone.

Што носи иднината?

Иако iPhone 17 Air сè уште ќе има USB-C порт, ова не значи дека Apple ја напушта својата визија за потполно безжичен iPhone. Со напредокот на безжичната технологија, можно е идните модели конечно да дојдат без физички порти.

Извор: Benchmark

Прочитај повеќе...

Магазин

Google подготвува нов интерфејс за примање и одговарање на повици на Android уреди

Објавено пред

на

Редизајн на Google Phone апликацијата

Google тестира нов изглед на интерфејсот за дојдовни повици во својата Phone апликација, што може да донесе промени на Pixel и другите уреди со Android.

Во моменталната верзија, корисниците влечат нагоре за да одговорат на повик или надолу за да го одбијат. Овој систем не е најинтуитивен, но текстуалните објаснувања помагаат во неговото користење. Сепак, Google во тишина експериментира со нов дизајн кој внесува промени во начинот на одговарање на повиците.

Како изгледа новиот интерфејс?

Најновата верзија на апликацијата (v166.0.735169223) содржи скриен интерфејс што го откри „Android Authority“. Во овој редизајн:

  • Лизгање налево го одбива повикот.
  • Лизгање надесно го прифаќа повикот.
  • Иконата на телефонот се наоѓа во центарот на екранот и се повлекува во саканата насока за да се изврши дејството.

Овој дизајн сè уште не е официјално достапен и мораше рачно да се активира. Засега, не е познато дали Google ќе го пушти пошироко или само тестира различни решенија.

Google продолжува да експериментира

Ова не е првпат Google да тестира нови дизајни за одговарање на повици. Кон крајот на минатата година беше испробан дизајн со копчиња „Одговори“ и „Одбиј“, слично на решението кај Samsung и iOS, но не беше официјално пуштен. Во февруари, пак, се појави уште еден редизајниран интерфејс за повикување.

Останува да се види дали овој нов дизајн ќе стане официјален или ќе остане само уште еден тест.

Извор: Benchmark

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје2 часа

СВР Скопје: Управувал возило без возачка со 104 км/ч каде било ограничено 50 км/ч

Денеска (22.03.2025) во 12.48 часот полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул.”Александар Македонски”...

Спорт5 часа

Омерагиќ: Се гледаме во вторник на градски, приходите од влезниците ќе бидат за семејствата на трагично загинатите во Кочани

Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста. Ова е победа која ја заслужија...

Спорт9 часа

Ова се стартните 11 на македонската фудбалска репрезентација против Лихтенштајн

Почетните 11. на Македонија против Лихтенштајн #НапредМакедонија 🇲🇰 #ГордиПодСонцето ☀️ #ХрабриВоСрцето 🇲🇰

Македонија11 часа

Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика

На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода...

Култура14 часа

Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови

Празникот на пролетта – 22 март, поради големата трагедија во Кочани, тој во нашата држава е во денови на жалост,...

Временска прогноза1 ден

Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност, од недела (23 март), а особено во текот на следната седмица (во периодот од 24...

Спорт1 ден

Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани

ФК Пелистер вечерва ја извести јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло...

Македонија1 ден

(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот

Огромна огнена стихија настана во Струмица, потточно во реонот помеѓу месноста Софилар, Градски гробишта и Баница. На три страни се...

Спорт1 ден

Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати

Утре македонската „А“ фудбалска селекција ќе го одигра првиот квалификациски меч против Лихтенштајн во Вадуц за пласман на СП 2026....

Автомобили1 ден

Дали знаете за што служи ова копче во автомобилот? Повеќето луѓе го користат погрешно

Со порастот на температурите, вклучувањето на клима уредот во автомобилот станува неопходно. Сепак, многумина не добиваат брзо и ефикасно ладење...

НАЈЧИТАНИ