Хороскоп
Хороскоп за 17 март (петок)

ОВЕН
Доколку сте склони кон импулсивно трошење и шопинг, денес бидете особено внимателни, можно е да се ставите себеси во тешка финансиска состојба поради нерационално купување. Некоја промена во вашето секојдневие ќе го подигне вашиот дух и ќе се чувствувате благодарни. Не дозволувајте на некој во вашата околина да ве предизвика така што ќе ве погодува во вашите слаби точки. Обидете се да останете смирени.
БИК
Денес ви претстои мала нестабилност во вашата финансиска состојба. Бидете подготвени да се соочите рационално со оваа промена и да го дадете најдоброто од себе. Ви претстои голема одговорност, верувајте му на вашиот инстинкт. Не дозволувајте неколку препреки на вашиот пат да ве спречат во достигнувањето на целта.
БЛИЗНАЦИ
Вие го држите под контрола вашиот живот но подгответе се за одредени промени. Ќе треба да донесете некои важни одлуки. Некој во вашето опкружување ве оговара за тоа какви активности практикувате, не дозволувајте да ве обесхрабри туѓото мислење. Не се впуштајте себеси во туѓата драма.
РАК
Денес правете планови според вашите потреби. Немојте да се чувствувате засрамено доколку другите не го разбираат вашиот вкус, не морате да ги објаснувате вашите избори нити причините позади нив. Ќе бидете доста заштитнички настроени спрема луѓето кои ги сакате. Ќе изгледате самоуверено а другите ќе го следат вашиот пример.
ЛАВ
На вашата врска и претстои ненадејна промена, но не грижете се ви претстои позитивен исход. Најкомплицираните проблеми најчесто се решаваат со тек на време, бидете трпеливи. Ви претстојат непланирани трошоци, треба да жртвувате нешто но тоа ќе биде краткотрајно.
ДЕВИЦА
Немојте да претерувате кога сакате да им се допаднете на другите и да стекнете што е можно повеќе пријатели, бидете она што сте и немојте да се трудите премногу, оригиналноста секогаш се цени најмногу. Пред да пресудите за некој проблем, размислете подобро за она кое го предизвикало. Немојте да донесувате избрзани заклучоци.
ВАГА
Денес ќе бидете особено храбри да се впуштите себеси во нова авантура. Не плашете се да поставите прашање доколку не сте сигурни околу нешто. Можен е конфликт со некој во вашата околина поради нешто кое ќе го кажете за да испаднете попаметни, внимавајте на вашите зборови. Самодовербата ќе ви биде проблем во привлекувањето на нова љубов во вашиот живот.
ШКОРПИЈА
Ќе посакате да се повлечете од вашата секојдневна рутина и да се осамостоите и одморите. Потиснувањето на негативните чувства само ќе ги создаде повеќе проблеми. Потребен ви е нечиј совет за да излезете од кризата. Ви претстои финансиска добивка која ќе го осигура периодот во иднина.
СТРЕЛЕЦ
Моменталното поправање на некои проблеми не е трајно ослободување од нив. Превземете акција така што ќе го најдете идеалното решение, не брзајте и не барајте најлесен пат затоа што тоа е најчесто и најнесигурниот. Доколку некој ви понуди нешто, размислете добро за она што ги мотивира да го направат тоа пред да прифатите.
ЈАРЕЦ
Ќе бидете во недоумица дали да ги потрошите заработените пари или да ги инвестирате во нешто, но од друга страна ќе сметате дека заслужувате да се наградите себеси со нешто убаво, но исто така ќе сакате да бидете сигурни дека во иднина нема да имате финансиски потешкотии. Размислете добро.
ВОДОЛИЈА
Бидете храбри да ја признаете вашата сила и слабост. Нема потреба да се однесувате како да можете да направите нешто ако воопшто не сте добри во тоа. Пристапувајте на односите со искреност и интегритет. Дозволете им на луѓето во вашата околина да ви помогнат онаму каде што можат.
РИБИ
Се обидувате да ги расчистите нештата со некој, тоа може да биде двонасочна улица, можно е да не бидете задоволни од исходот. Нешто добро пристигнува на вашиот пат. Кармата е на ваша страна и можностите ќе се отвораат пред вас.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (8 септември)

ОВЕН
Доаѓаат големи промени, а начинот на кој ќе се поставите ќе влијае на тоа како ќе се одвиваат. Постои една стара навика или врска од „назад“ која треба да ја промените за конечно да зачекорите во иднината. Обрнете внимание на сигналите што ви ги испраќа личноста околу вас!
БИК
Дневниот хороскоп предвидува необичен разговор со некој на кој му е тешко. Вашата отворена природа и желба да му помогнете на некого да дојде до израз, а вие не ни сфаќате колку тоа ќе и биде важно на таа личност. Понекогаш можеме да промениме нечиј живот само со тоа што ќе бидеме тука за него.
БЛИЗНАЦИ
На работа се чувствувате неисполнети и свесни сте дека сте способни за многу повеќе. Вашите таленти и упорност само сакаат да излезат на површина, но околината не дозволува. Можеби е време за голема промена!
РАК
Доколку сте на прагот на нова врска, чувствата ви се измешани и љубовниот хороскоп ве советува многу отворено да разговарате со таа личност. Не секоја врска е површна само затоа што е на почеток, понекогаш создаваме многу подлабока врска со луѓето отколку што сфаќаме. Но, најважно е да откриете дали и двајцата се чувствувате исто.
ЛАВ
Дневниот хороскоп за 6 јули 2022 година ви предвидува хаос, како да се ќе тргне наопаку! Работата, љубовта, обврските околу семејството, сè некако се среди на погрешен начин, а на вас е со многу трпение да вратите се „во нормала“. Пазете се од стресни главоболки.
ДЕВИЦА
Според вашиот хороскоп, тоа е прекрасен ден, се чувствувате благословени со се што имате. Без разлика дали се работи за материјални работи или драги луѓе околу вас, или некоја идеја дека ќе се претворите во добро дело, вие сте свесни колку многу ви дава универзумот и се чувствувате благодарни. Споделете ги тие убави емоции со вашиот партнер и дајте му дел од вашата позитивна енергија!
ВАГА
Вашиот дневен хороскоп за 6 јули ве става во улога на миротворец, во вашата околина има конфликт кој треба да го решите. Кога луѓето не можат јасно да видат поради емоциите што ги обземаат, понекогаш треба да бидат поддржани од некој кој помирен и порационален пристап кон сè во животот. Сепак, не претерувајте и внимавајте што зборувате за никој да не се навреди.
ШКОРПИЈА
Одличен ден за вас според хороскопот, особено кога станува збор за љубовта! Блескате и сте магнетски привлечни, очекувајте многу додворувачи и погледи насочени во вашата насока! Доколку не сте во врска, но копнеете по нова романса, буквално можете да изберете бидејќи денес сите се заинтересирани за вас!
СТРЕЛЕЦ
Сакате да промените нешто, најверојатно на работа, но тешко ви е да се посветите на тоа бидејќи едноставно имате премногу обврски. Обидете се да одвоите барем еден час за себе и за своите мисли, потребен ви е фокус и само така ќе најдете решение за проблемот што ве мачи. Денеска повнимателно прочитајте ја целата кореспонденција што ја добивате, можно е да ви се прикраде грешка затоа што мислите едноставно ви се насочени во друга насока.
ЈАРЕЦ
Дневниот хороскоп за 6 јули 2022 година предвидува откритие за личност од вашето опкружување, одеднаш таа врска ќе ја видите сосема поинаку. Ништо во животот не е бесплатно, па таа информација ќе има своја цена, веројатно изразена во вашиот душевен мир! Запомнете, важно е да имате граници во секоја врска, не дозволувајте некој да ги премине вашите.
ВОДОЛИЈА
Ви се чини дека сте во хаос, но ѕвездите ве предупредуваат дека тоа не е вистина. Во навидум гужвата, премногу зборови, луѓе, мејлови и обврски, обидете се да најдете што е навистина важно и оставете го остатокот за друг ден. На тој начин ќе бидете чекор поблиску до долгорочно подобро расположение!
РИБИ
Љубовниот хороскоп за 6 јули 2022 година ви предвидува некаква промена, а вие не сте многу возбудени поради тоа. Дали претстои тежок разговор со партнерот или одлука за која не се согласувате баш? Не треба да се плашите од промени, срцето ви ја кажува вистината и треба да заземете свој став. Ќе се изненадите кога ќе сфатите дека лесно ќе се прифати!
Хороскоп
Хороскоп за недела (7 септември)

Овен
Ќе се однесувате непромислено. Можно е да ги пропуштите предизвиците. Додека во прашањето поврзано со работата воглавно ќе бидете трезвени практични и внимателни. Во меѓучовечките односи покажувате нетрпение. Ако имате врска иницијативата пртепуштете му ја на партнерот. Кај слободните може да се појави прилика за флерт со личност која е поврзана со работата. Здравје: солидно.
Бик
Чуствувате голем притисок од околината и не ќе можете да се контролирате дури ќе помислите дека имате скриени непријатели. Во љубовта вашите шанси се на миниму. Сепак ве очекува тајна авантура. Во сериозните врски ве советуваме да се контролирате во односот со партнерот затоа што вашето однесување може да ја прекине врската. Здраствената состојба ви е условена од вашата активност.
Близнаци
Не превземајте никаква работа за која не сте сигурни дека можете да ја завршите до крај. Семејните расправии и тврдоглавоста во љубовните односи ќе ви создава немир и потреба нешто да промените во блиските односи. Поканете го партнерот на романтична вечера и ќе бидете со задоволни во неговото друштво. Некои од вас тешко ќе можете да му одолеете на флертови. Здравје; солидно.
Рак
Ви се укажуваат повеќе прилики да запознаете некоклу личности со кои ќе можете да остварите бурна врска. Вие сте на потег да бирате. Може да се случи и малку да претерате со страстите. На работното место ги привршувате работите кои порано сте ги започнале, а за тоа ќе ви биде овозможена пријатна работна атмосфера. Пријатно изненадување на финансиски план.
Лав
Солидните прилики ќе ги прескокнат единствено Лавовите родени во Јули. Ќе ви се заострат семејните односи а треба додатно да се внимава и на љубовните врски, бидејќи ќе бидете склони кон љубомора, вербални судири и чудно расположение. Негувајте го оптимизмот и покажете ги вашите способности ако сте се двоумеле за некое патување тогаш не го одложувајте. Ве очекува интересно пријателство.
Девица
Правилно ќе ја насочите вашата енергија и потребата за делување, така да ќе можете да направите чуда. Спојот на срцето и главата ќе ви помогне и во работата и во приватните одлуки особено ако сте родени во Септември. Немојде да да дозволите грешите од минатото да се повторат или да ве вовлечат во нов круг без излез. Со вашата прониклива интелигенција збогатете ја страста и победите. Здравје: солидно.
Вага
Ви престои решавање на проблемот кој подолго време ве мачел и ве блокирал. Во секој случај ќе имате среќа и успех, па и во финансиите. Некои од вас ќе имаат успех и во новата деловна соработка. Најубаво ќе се чуствувате во вашиот дом. И на емотивен план ве очекува среќа ќе уживате во друштвото на вашиот партнер, а слободните ќе бидат почитувани и барани од спротивниот пол. Здравје: добро.
Скорпија
Нагласен е вашиот интелект и ќе се покажете како одличен набљудувач, уверлив говорник во важните преговори. Вашите планови се менуваат, но добро е да разговарате за сите можности, па да ги искористите моќните познанства за сопствено издигнување. Внимавајте на судири и нервози. Финансиската ситуација ви е сложена. Позанимавајте се малку повеќе во врска со вашето здравје.
Стрелец
Од пријателите денес можете да очекувате сосоема конкретна помош, што ќе ви олесне околу донесувањето на некои одлуки како и решавање на некои проблеми. Ако имате план да му се доближите на некоја личност од спротивниот пол најпрво дознајте дали личноста е слободна, дури потоа прејдете во офанзива. Ако неодамна сте започнале нова емотивна врска немојте да си поигрувате.Здравје: многу добро.
Јарец
Ќе размислувате и ќе разговарате за вашата иднина, но заклучокот нема да зависи од вас. Привлечноста на новите предизивици кои носат патување и пошироки промени ви одговараат додека пак во финансиската неизвесност сепак се смирува топката и ве враќа во пореални кругови. Избегнувајте да пресудувате во семејните ситуации и посветете се на сегашните обврски. Здравје: ви треба повеќе одмор.
Водолија
Објективните околности нема да ви дозволат работата да ја доведете до крај. Без грижи тоа ќе трае многу кратко така што ќе имате време се да поправите. Постои можност да заминете на некој службен пат. На љубовен план ве очекува средба со некоја за вас сродна душа, затоа прилагодете ги своите постапки, навики и потреби ако сакате да ја задржите покрај себе. Здравје: во добра форма сте.
Риби
Искористете ги поволните прилики или нечија наклонетост како би си ја поправиле вашата финансиската состојба. Одлучете се за кредит, позајмица, распрашајте се за предностите на осигурување или стипендија. Можевби ќе се почуствувате нападнати па со соспствена агресивност да Одговорите на туѓа дрскост можат да ви донесат кавги и јавни пресметки. Здравје: нестабилно, нагли издигнувања, пад на енергијата, умор и стрес.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (6 септември)

ОВЕН
Мирен ден е пред вас и ова темпо одамна не сте го почувствувале. Претходно секогаш брзавте некаде и не успевавте да ги завршите целосно обврските, но откако го успоривте темпото, завршувате сѐ без притисок и стрес. Немате доволно сила за секојдневните активности, зголемете го внесувањето на витамини и минерали.
БИК
Некои колеги се обидуваат да ве изнервираат од ден во ден, немојте да си го дозволите тоа, особено ако сте свесни дека тоа е нивната цел. Мудроста е важна не само во работата туку и во љубовта, пријдете му на проблемот свесно и рационално и не дозволувајте да изгубите контрола над своите мисли.
БЛИЗНАЦИ
Ако денес имате недоразбирање со некој деловен партнер, вие не сте криви за тоа. Зачувајте ја смиреноста како и секогаш и не им давајте можност на другите да ве изнервираат. Внимавајте што и говорите на саканата личност, само една погрешна изјава може да доведе до тоа да бидете сфатени погрешно и да настане кавга.
РАК
Ако ве наговорува деловниот партнер да направите нешто надвор од своите деловни способности, тоа треба да ви биде опомена да не го правите она што не смеете. Емотивно сте неисполнети, но не е така лесно да напуштите сѐ и да запознаете нова личност толку бргу. Мора добро да размислите пред да донесете конечна одлука.
ЛАВ
Сѐ уште немате влијание врз колегите за да им кажувате што да прават, но се надевате дека денес ќе дојде до решение на некои конфликти од претходно и дека конечно на вистински начин ќе ги распоредите деловните обврски. На тој начин секој ќе знае што треба да направи. Не наоѓате заеднички јазик со саканата личност во последно време и се чувствувате како никој да не ве разбира.
ДЕВИЦА
Се чувствувате исцрпено затоа што работите од утро до мрак, но немате кому да се жалите поради тоа, ќе добиете совет да ја промените работата но моментално не можете да го направите тоа. Внесувајте доволно здрави намирници за да имате сила и енергија да ги завршите сите обврски во текот на денот.
ВАГА
Долго чекате одговор на вашата моментална ситуација на работа и полека губите надеж дека надредените воопшто се занимаваат со вашиот проблем. Ако не можете да најдете заеднички јазик со саканата личност и доколку немате исти цели, сите ваши планови ќе паднат во вода.
ШКОРПИЈА
Не дозволувајте да ви биде криво доколку сте пропуштиле можност да напредувате на работното место, којзнае зошто е тоа добро, ќе имате уште една шанса во иднина за тоа. Плановите се прават за да се реализираат, а вие и вашиот партнер досега ниеден план не сте исполниле.
СТРЕЛЕЦ
Ако првиот впечаток за деловниот партнер е позитивен, тоа не значи дека е реален. Обидете се добро да процените пред да заклучите за каква личност станува збор. Симпатии постојат помеѓу вас и еден познаник, но никако да дојде до ситуација да се зближите и подобро да се запознаете.
ЈАРЕЦ
Не го одбивајте предлогот за соработка од колегата само затоа што не се вклопува во вашиот досегашен стил. Понекогаш мора да се прилагодите на условите на пазарот и денес е идеална пригода за тоа. Не можете да се согласите со партнерот околу некои заеднички цели и сега тоа ви се одбива од глава, мора да прифатите некои работи кои не ви одат од рака.
ВОДОЛИЈА
Нема време за експериментирање на деловно поле, досега сте применувале една тактика, таа се покажала како успешна и држете се до неа и понатаму. Сакате флертот да ве доведе до некоја нова авантура, некои нови емоции, но бидете реални со своите очекувања за да не се разочарате.
РИБИ
Изјавите на вашите соработници нема да ви се допаднат, но ако подобро размислите, можеби се во право, не го давате својот максимум во последно време и треба да го промените тоа. Успехот во љубовта не е исто што и среќа во неа. Ако сте имале многу врски, тоа не значи дека во нив сте биле среќни и исполнети.
-
Кичево7 часа
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Кичево4 часа
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Кичево13 часа
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!
-
Хороскоп41 минута
Хороскоп за понеделник (8 септември)