Хороскоп
Хороскоп за четврток (14 декември)
ОВЕН
Нови можности се на повидок и шанса за подобрување на вашата финансиска состојба. Иновациите кои ги изнесувате ќе бидат пофалени и наградени. Но немојте да очекувате дека засекогаш ќе бидете фалени поради нив, ви претстои уште многу труд. Соберете ја својата сила и чекорете цврсто напред.
БИК
Денес ќе имате одлична комуникација со вашите соработници а можно е и стекнување на нови пријатели. Голем број луѓе ќе сакаат да разговараат со вас. Внимавајте да не се посветувате на повеќе работи одеднаш тоа ќе ја ослаби вашата енергија. Одморете и уживајте во друштвото.
БЛИЗНАЦИ
Некоја женска личност во вашето опкружување особено ќе ве иритира и ќе ве направи да размислите подобро за љубовта која ја имате спрема неа. Сега не е вистинско време за да бидете исполнети со горчина. Ќе имате сакате да направите некои поправки за да го подобрите домот. Чувајте ја вашата енергија за активностите кои ви годат наместо за препирки.
РАК
Во последниот период можеби мислите дека вашиот сакан се оддалечил од вас, но ако забележите подобро ќе сфатите дека всушност го следи својот пат и тоа е најдоброто за него. Бидете трпеливи. Наскоро ќе ги проширите вашите хоризонти преку нови познанства и врски кои ќе ви помогнат да научите доста корисни нешта.
ЛАВ
Сте одлучиле да одите во одредена насока пред долго време, но сеуште постои можност да го смените вашето мислење. Немојте да се изненадите ако другите сметаат исто затоа што тие ве следат вас како водач. Ги имате симпатиите на сите околу вас.
ДЕВИЦА
Имате толку нешта на ум кои сакате да ги кажете а толку малку време. Ќе сфатите дека материјалната сигурност не е најважното нешто, во иднина ќе морате да бидете подготвени за поголеми предизвици.
ВАГА
Периодов сте доста зафатени и како што изминува времето обврските ве преплавуваат. Се ви стои на располагање, резултатите од вашиот труд се тука и ќе бидете доста задоволни. Може да се чувствувате изморено но бидете сигурни дека ќе научите важна лекција која ќе ви помогне следниот пат да бидете уште поподготвени.
ШКОРПИЈА
Денес е одличен ден да се посветите на финансиските побарувачки кои ви претстојат и сѐ уште не сте одлучиле што конретно треба да биде направено. Важна информација ви пристигнува која ќе ви олесни некој тежок проблем.
СТРЕЛЕЦ
Ќе морате да донесете некои важни одлуки и да извршите тешки задачи наредните денови, денес подгответе се добро за кога ќе дојде вистинскиот ден да завршите се успешно. Наместо да се грижите за тоа што во минатото тргнало наопаку, потрудете се да го промените тоа што во овој момент сеуште може да биде променето.
ЈАРЕЦ
Некои ваши желби се подготвени за да се исполнат. Денес ќе бидете ослободени од обврски и ќе можете конечно да одморите и да си посветите време на себе. Но некоја важна задача полека пристигнува и ќе морате да ја завршите во краток рок.
ВОДОЛИЈА
Доколку сте имале планови за да отпатувате некаде, најдобро е да почнете со подготовките и да го направите тоа што поскоро. Ништо друго нема да може да ви го подигне расположението како малку промена на опкружувањето. Професионално дадете си малку одмор од обврските за да се вратите назад на своите должности со нови свежи идеи и полни со енергија.
РИБИ
Денес е важно да бидете колку што е можно покреативни, поимагинативни и романтични без оглед на тоа што луѓето околу вас бараат од вас. Што се однесува до деловните работи, важно е да зборувате што мислите, на другите им е важно што имате да кажете.
Хороскоп
Хороскоп за среда (9 октомври)
БИК
Слободно спротиставете се на туѓото мислење бидејќи на крај ќе докажете дека сте биле во право. Постои можност со саканата личност да изградите стабилен и добар однос ако разговарате искрено во врска со сѐ. Здравјето е во ред.
БЛИЗНАЦИ
Промена на работата е пред вас. Може да се надевате на многу позитивен период за нови случувања и заработка. Напнатата атмосфера ве оптеретува и не можете повеќе да издржите во врската во која кавгите се константни. Можни се проблеми со колковите.
ЛАВ
Сакате по секоја цена да покажете на работа дека сте подоминантни од другите и дека на некој начин победивте. Обидете се да не обрнувате внимание на трачевите кои кружат околу вас. Важни се само емоциите. Болка во грлото.
ДЕВИЦА
Ве оптеретуваат ситници кои не сте успеале да ги решите на ова поле. Многу работи ви создаваат притисок. Не ви се допаѓа ставот кој го зазема саканата личност и тешко ви е да се помирите со некои работи. Проблеми со уринарниот тракт.
ВАГА
Склони сте кон започнување на кавги со личност со која имате блиска соработка бидејќи не сака да работи онака како што и кажувате вие. Не умеете на вистински начин да ги покажете своите емоции и вашиот негативен став го одбива партнерот. Потребен ви е сон.
ШКОРПИЈА
Сметате дека дојде време полека да ја менувате работата. Имате впечаток дека на моменталното работно место не можете да напредувате. Потребна ви е поголема флексибилност и став кон саканата личност. Проблеми со синусите.
СТРЕЛЕЦ
Поволен викенд ако се занимавате со административна работа или ако чекате било каков документ. Имате можност да бирате со кој ќе бидете, додворувачите постојано ви се појавуваат. Емотивното поле ви е многу возбудливо. Ве мачи кашлица.
ЈАРЕЦ
Немојте премногу да се потпирате на другите луѓе и потрудете се сами да ја завршите работата која е пред вас. Премногу сте склони кон кавги и тензии, па поради тоа партнерот може да почне да го избегнува вашето присуство. Можни се проблеми со црниот дроб.
ВОДОЛИЈА
Се наоѓате пред нова, важна животна одлука во која ќе мора да покажете колку всушност сте созреале. Можно е помеѓу вас и саканата личност атмосферата да не е многу поволна веќе некое време и тоа многу ве боли. Полни сте со енергија.
РИБИ
Имате финансиски проблеми и не знаете кому да се обратите за помош. Имате впечаток дека сите околности се против вас. Можно е да не можете да се контролирате и на саканата личност пребрзо да и изразите љубов. Не се чувствувате добро поради стрес.
Хороскоп
Хороскоп за вторник (8 октомври)
ОВЕН
Многу сте одлучни кога станува збор за работата и сигурни сте дека можете да го остварите она што го посакувате. Можеби ќе остварите добар однос со саканата личност и вашата врска да тргне во добар правец. Би ви годела масажа.
БИК
Задоволни сте од околностите кои ги имате и не сте подготвени за било какви промени. Потрудете се да ја одржите оваа состојба. Ве очекува интересна средба со личност која ви се допаѓа веќе подолго време. Потребно е да внесувате течности.
БЛИЗНАЦИ
Можеби ни сами не сте сигурни во кој правец треба да тргнете кога станува збор за работата но знаете дека ви требаат промени. Може да очекувате позитивна ситуација со саканата личност ако сте во брак. Потребен ви е сон.
РАК
Во себе имате мир кој ви е потребен да донесете исправна одлука поврзана со работата. Можна е минлива авантура. Засега ништо не укажува на сериозна врска или стабилен однос. Многу сте чувствителни денес.
ЛАВ
Чекате да ви се отворат нови можности за да можете да напредувате со работата. Ви се допаѓа личност со која започнавте нестабилна комуникација и сте многу различни. Проблеми со тахикардија.
ДЕВИЦА
Може да се надевате на остварување позитивни промени. Вложивте многу енергија и труд на својата работа. Спонтано доаѓате до ново познанство кое ве води до почеток на врската. Нервната напнатост е нагласена кај вас.
ВАГА
Стабилноста на работното место ви е загарантирана и среќни сте поради тоа. Имате впечаток дека саканата личност на некој начин само внесува тензија и тоа нималку не ви помага. Можна е главоболка.
ШКОРПИЈА
Пред вас е можност да се позанимавате со некои обврски кои одамна требало да ги завршите. Со саканата личност имате убави моменти во кои уживате. Ви годи романтичната и нежна атмосфера на ова поле. Избегнувајте стрес.
СТРЕЛЕЦ
Враќањето на соработниците од минатото може да ви донесе корисни можности за случувања на работно поле. Ве очекува средба со личност која би можела да биде совршена за вас. На прв поглед чувствувате силна привлечност. Здравјето е во ред.
ЈАРЕЦ
Доколку соработувате со личност која ве привлекува, ќе имате некои компликации на работа. Имате стабилен однос со саканата личност ако сте во брак. Можни се проблеми со кичмата.
ВОДОЛИЈА
Потпишувањето на нов деловен договор би можело нда ви донесе позитивни промени. Иако партнерот честопати е тврдоглав, подготвени сте да му простите бидејќи гаите искрени емоции кон него. Проблеми со акни.
РИБИ
Можеби очекуваните финансии не доаѓаат на време и многу планови не одат онака како што сакате. Саканата личност не е отворена кон вас и интуицијата ви говори дека нешто се крие позади тоа. Внимавајте на слепото црево.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (7 октомври)
ОВЕН
Ова е еден од деновите кога Овенот мора да биде колку што можете повеќе трпелив. Веројатно ќе го започнете денот со список со обврски за денес, но вашиот план ќе биде попречен од сите страни од разни барања од пријатели или колеги. Треба да се прилагодувате на промените во текот на целиот ден бидејќи во спротивно ќе бидете нервозни само залудно. На крајот на денот, ќе бидете задоволни со себе.
БИК
Бикови, ќе ги намалите тензиите на овој ден со свесен напор да останете позитивни во секоја ситуација во која се наоѓате. Доколку е потребно, исчистете го подот во куќата или железо за да се ослободите од фрустрацијата на корисен начин. Не прекинувајте ја работата цело време за да се задоволите со храна. Само кога ќе направите сè, посветете се и почастете се со чаша топло чоколадо или сладолед.
БЛИЗНАЦИ
Проверете ја информацијата што ќе ја добиете денес наместо да ја земате здраво за готово драги Близнаци. Некои технички потешкотии може да ве одвлечат во текот на денот. Извештајот од банката ќе ви биде несфатлив, а фактурата за време на купувањето најверојатно ќе биде погрешна на ваша штета. Не паничете. Љубезно контактирајте го персоналот и ќе решите сè без напор. Не дозволувајте такви работи да ви го уништат денот.
РАК
Ракови, не ги земајте вестите денес здраво за готово. Може да добиете прилично вознемирувачка вест, но пред да полудите, проверете ги информациите затоа што вестите што ги добивте или не се точни или не се толку лоши колку што ви се чини. Длабоко вдишете, одбројте и потоа вратете се на вашата рутина, тоа е единствениот начин да го зачувате вашиот мир.
ЛАВ
Денес Лавовите може да добијат прилично непријатни вести. Постојат некои негативни промени на работното место што ќе ги прочитате или слушнете само кога ќе се појавите на работа. Ќе треба да ги оставите вестите настрана и да не дозволувате да ви го расипат планот и расположението за тој ден. Интензивната планетарна енергија во вашето поле укажува на тенденција на преголема реакција.
ДЕВИЦА
Денес, Девиците ќе бидат измачувани од технологијата што ја користат на работа. Иако е фрустрирачки, вие исто така може да се најдете во неколку навистина смешни и забавни ситуации. Се чини дека во вас демнат енергија која технологијата едноставно не може да ја следи. Не сфаќајте го ова лично и искористете го денот за да се посветите на друга работа.
ВАГА
Денес Вагите ќе присуствуваат на доста социјални настани каде ќе има силна размена на информации. Ако одите на забава вечерва, бидете исклучително прилагодливи за сите затоа што треба да наидете на личност која ќе има значително влијание врз вашиот живот. Може да добиете важни деловни информации од таа личност.
ШКОРПИЈА
Денес, Шкорпиите треба да го вложат своето слободно време во чистење на домот. Најверојатно ќе имате неочекувани гости попладнево. Иако најверојатно ќе мора да ги одложите сите ваши планови за денес поради ова, вие ќе уживате во таа посета. Во љубовта сè е брилијантно, затоа слободно посветете му се на партнерот навечер и играјте меѓу чаршафите.
СТРЕЛЕЦ
Денес, Стрелецот треба да попушти пред ставот на наредените и да остави денот да се развива сам. Колку и да се трудите денес, нема да можете да шефувате и да ги насочувате настаните како што ви одговара. Веројатно ваквата ситуација не е баш најпријатна за вас, но никогаш не знаете кои убави нешта можат да се развијат од неа.
ЈАРЕЦ
Јарци, вие се трудите кога станува збор за вашите деловни цели и тоа ќе ви се врати сега. Иако сте на добар пат, денес би можеле да добиете информации дека ќе треба да почекате уште малку пред да започнете да ги собирате плодовите на трудот. Бидејќи направивте сè како што треба, ова мало задоцнување не треба да ве вознемирува, иако лошите вести никогаш не се убави да се слушнат.
ВОДОЛИЈА
Водолии, денес сте многу зафатени, но и среќни. Утрото најверојатно ќе го поминете во секојдневни домашни работи. Во попладневните часови можете да очекувате неочекувана посета на пријател кој има нешто важно да сподели со вас. Вечерта ќе бидете зафатени со проучување на литература. Се чини дека некој пријател ќе ви донесе ново хоби што сакате да го проучите веднаш.
РИБИ
Денес Рибите можат да имаат многу интензивен ден. Вашиот ум е исполнет со разни драматизации што сте ги посветиле на креативната работа или животната ситуација воопшто во која сте моментално. Дајте си и вие малку време. Медитирајте или одете на прошетка во природа. Кој знае со какво чудо може да се појави вашиот ум кога ќе бидете одморени.
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за среда (9 октомври)
-
Кичево15 часа
(ФОТО) Вечерва во преполна сала се одржа третиот по ред „Концерт на млади пијанисти“ во Кичево, аплауз и честитки до сите учесници, кои им претстои богата музичка кариера
-
Кичево17 часа
Кичевчанец додека го шетал своето куче бил нападнат од глутница кучиња скитници
-
Македонија7 часа
На малопродажните објекти авто-плинот со нова покачена цена за литар
-
Спорт1 ден
Канатларовски: Молдавија ја дочекуваме со посебна желба и енергија за победа
-
Технологија2 дена
Samsung започнува да произведува најбрзи „SSD“ дискови
-
Спорт2 дена
Македонија до 21 година во петок игра против Молдавија, да ги бодриме нашите момчиња!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (8 октомври)