Хороскоп
Хороскоп за четврток (18 јули)

ОВЕН
Интересни деловни предлози доаѓаат од стар близок пријател. Ова не е вистинско време да размислите за големи потфати, сè што ќе смислите денес нема да биде лесно во иднина. Затоа, обрнете внимание на себе и на вашата сакана.
БИК
Вие прифаќате нови деловни обврски што претходно не сте имале можност да ги извршите. Имате можност да работите со луѓе кои можеби сметаат дека вашиот начин на работа е премногу конзервативен. Ако истраете во своите намери, ќе бидете наградени за вашите напори.
БЛИЗНАЦИ
Вие нема да бидете повредени во превирањата што се случуваат околу вас. Покрај тоа, на крајот, кога сè ќе се смири, добивате интересна понуда. Прифатете го затоа што ве води кон нови активности кои ќе ви се исплатат на долг рок.
РАК
Ако ја пренесете својата нервоза и напнатост на вашиот партнер, постои голема можност да ја пренесете кризата во вашето опкружување. Со помош на еден член на семејството, ќе го вратите оптимизмот, иако реалната состојба сепак бара голема претпазливост.
ЛАВ
Очекувате промени во чија реализација игравте значајна улога. Трпението не е вашата силна страна денес, така што постои одредена напнатост и незадоволство. Неопходно е да ги држите работите под контрола и да го контролирате вашиот темперамент, во спротивно ќе бидете под сериозен стрес.
ДЕВИЦА
Време е максимално да се посветите на своите обврски и да ги решите еден по еден, еден по еден. Финансиската состојба значително се подобрува, па затоа е вистинско време да расчистите долгови и заостанати сметки пред да одите на шопинг.
ВАГА
Иако многу добро знаете што сакате, а имате и елаборирани планови, не е добро време за големи потфати. Одложете ги сите видови инвестиции, како и деловни одлуки, склони сте на грешки. Зголемете го имунитетот затоа што сте изложени на ризик од вирусна инфекција.
ШКОРПИЈА
Вие не прифаќате туѓи мислења, дури и по цена да ги доведете вашите погледи во голема неволја. Во текот на попладневните часови ви доаѓаат важни вести кои можат значително да влијаат на исходот на вашите деловни планови. Надминете ја суетата, прифатете го советот на соработниците.
СТРЕЛЕЦ
Немате време за вишок приказни. Целото внимание е насочено кон работното опкружување во кое ве следи една жена. Потрудете се правилно да ги завршите обврските, затоа што, заради грешката што ја направивте денес, може да бидете неразумно строго казнети.
ЈАРЕЦ
Вашиот став кон обврските не е на највисоко ниво. Соработниците ве покриваат, но тоа нема да трае вечно. Променете го вашиот став, извршете ја работата поодговорно и без непотребни разговори за да не ви предизвикуваат шеги негативни последици.
ВОДОЛИЈА
Иако сте свесни за тежината на финансиската состојба, тоа не ве спречува да ја користите целата своја креативност и да потрошите одредена сума пари на мали задоволства што ќе ги споделите со драги луѓе. Тоа е единствениот начин да се расположите денес.
РИБИ
Не сте сигурни во вашиот потенцијал. Размислувате како да ја подобрите ефикасноста и да ја подобрите финансиската состојба со некои иновации. Искористете ја можноста да соберете пријатели околу вас кои можат да ви помогнат во сè, дури и во деловните активности.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (7 јуни)

ОВЕН
Можно е во текот на денешниот ден да успеете да склопите нови деловни контакти кои ќе ви значат многу во иднина. Ви се допаѓа личност која не покажува дека има емоции кон вас. Добро се чувствувате.
БИК
Може да очекувате промени кои ќе ве доведат до деловен успех. Околностите на ова поле ви одат од рака. Саканата личност ќе ви покаже дека била неискрена по некои прашања. Чувствителни заби.
БЛИЗНАЦИ
Пред вас е период во кој ќе имате разни потешкотии на работа. Можеби ќе ви биде потребна помош за да ги решите. Иако сте многу заљубени во својот партнер, не може да не забележите некои негови маани. Склони сте кон алергии.
РАК
Доколку сте загрижени за своите финансии, можеби сте во право. Ве очекува прилично нестабилна ситуација на ова поле. Можеби ќе ви се врати поранешната љубов иако не го барате тоа од неа. Проблеми со крвотокот.
ЛАВ
Имате можност да ги остварите плановите кои претходно сте ги зацртале. Деловното поле ви е одлично прикажано во наредниот период. Некако неочекувано доаѓа до средба со личност со која ќе имате врска. Имате многу енергија во себе.
ДЕВИЦА
Ве очекува напорен ден, можеби ќе имате голем стрес и нема лесно да донесете одлуки на работно место. Не ви се допаѓа да бидете сами. Потребно ви е нечие внимание. Проблеми со стомакот.
ВАГА
Може да се надевате на подобрување на деловната ситуација. Ќе бидете задоволни од околностите на ова поле. Не сте сосема сигурни за емоциите кон вашиот партнер и ви се чини дека понекогаш е премногу ладен. Избегнувајте масна храна.
ШКОРПИЈА
Малите препреки на деловно поле само ќе ве зајакнат и ќе ве натераат да стекнете повеќе искуства. Познанството кое се случи спонтано над вас остави силен впечаток. Може да очекувате развој на комуникацијата. Чувствителен урогенитален тракт.
СТРЕЛЕЦ
Доколку се занимавате со работа која бара патување и движење, може да очекувате многу добар ден. Уживате во пријателскиот однос кој го имате со личноста која ви се допаѓа. Одлично се чувствувате. Здравјето е добро!
ЈАРЕЦ
Поволен ден за да се посветите на некое хоби или активности надвор од работата. Нема да имате многу работа денес. Сакате да освоите личност која многумина пред вас не успеале во тоа. Проблеми со несоница и нервоза.
ВОДОЛИЈА
Потребно е да поработите на својот став. Понекогаш сте нејасни во комуникацијата и тоа може да ви донесе проблеми на работа. Ви се допаѓа личност која тајно гаи симпатии кон вас. Постои шанса за врска со неа. Потребна ви е релаксација.
РИБИ
Денес може да имате можност за нова работа. Ќе ви се укаже шанса да напредувате и да почнете да заработувате подобро. Можеби постојат неразјаснети околности во вашата врска и ви се чини дека партнерот е неискрен. Менувајте ги лошите навики.
Хороскоп
Хороскоп за петок (6 јуни)

ОВЕН
Можно е денес да бидете под голем притисок и да не ви биде лесно сите задачи да ги извршите како што треба. Ве очекуваат недоразбирања со саканата личност. Денот е поповолен и со помала тензија доколку не сте во врска. Можна е главоболка.
БИК
Можно е да се загрижите за својата иднина и да не ви биде лесно да донесете некои важни деловни одлуки кои ве ќекаат. Ве очекува период во кој ќе имате потреба да бидете повеќе со вашиот партнер. Можна е несоница.
БЛИЗНАЦИ
Можно е да дојде до одложување на плановите кои сте ги имале на ова поле, сѐ се движи полека и тоа ве прави незадоволни. На некој начин сте се затвориле во себе и не ви е лесно да ги покажете своите емоции. Без проблеми со здравјето.
РАК
Можни се мали финансиски проблеми и да не ги добиете парите кои ги очекувате, или да доживеете мало разочарување на работното место. Со партнерот се наоѓате во моменти на важни одлуки. Кичмата ви е осетлива. Доаѓа време повеќе да се посветите на своето здравје.
ЛАВ
Прилично сте загрижени за своето работно место па важно е на време да ги сфатите проблемите. Пред вас е ден за флерт и нови познанства, судбината ви е наклонета и се појавува некој нов. Избегнувајте внесување на алкохол.
ДЕВИЦА
Ова не е поволен ден за почнување нова работа и генерално потрудете се да избегнувате носење на било какви важни одлуки. Саканата личност не покажува доволно нежност и вие полека се оддалечувате од неа. Можни се проблеми со бубрезите.
ВАГА
Забележувате промени кај опкружувањето на работното место и не ви е лесно да се адаптирате на нив. Влеговте во фаза на монотонија со саканата личност. Лесно би можело да ви се укаже прилика за некој флерт. Подложни сте кон проблеми.
СКОРПИЈА
Пред вас е ден во кој ќе се занимавате со нови работни задачи и проекти кои се многу важни. Доколку сте слободни, можно е да дојде до шанса да се смирите со некој/а поранешен партнер/ка. Можни се проблеми со тахикардија.
СТРЕЛЕЦ
Доколку се занимавате со приватен бизнис, пред вас е многу добар период во кој ќе заработувате добро. Потребно ви е време да одлучите дали ќе менувате некои работи на оваа поле или не. Поведете сметка за градниот кош.
ЈАРЕЦ
Можно е да не ги остварите плановите кои ги имате. Засега потрудете се да не форсирате нови настани. Променете го својот пристап во контактот со партнерот ако сакате ситуацијата во вашата врска да се поправи. Проблеми со дишните патишта.
ВОДОЛИЈА
Не влегувајте во ризични зделки и не позајмувајте пари некому. Ова не е поволен ден за тоа. Се чувствувате моќно и дека можете да промените сѐ што ќе посакате, а гледате дека вашата врска не оди во добар правец. Осетливи заби и непца.
РИБИ
Можете лесно да направите грешка на работното место, која ќе ја забележат луѓето околу вас. Внимавајте на својата концентрација. Пред вас е можност да обновите контакт со некоја личност од вашето минато. Денес совршено ќе ви одговара одмор.
Хороскоп
Хороскоп за четврток (5 јуни)

ОВЕН
Некој на работа врши притисок врз вас и приморани сте некои работи да ги завршите побрзо отколку што очекувавте. Партнерот ќе го покаже своето право лице. Нема да бидете премногу воодушевени со она што го гледате. Можни се проблеми со притисокот.
БИК
Многу активно учествувате во завршувањето на работните задачи и максимално сте посветени на својата работа. Ве мачи љубомора. Немате доволно доверба во партнерот, се сомневате дека нешто крие од вас. Проблеми соо урогениталниот тракт.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе имате многу работа, но и некои промени на работното место. Можеби некои соработници ќе си одат. Влегувате во монотона фаза кога станува збор за љубовта и не сте премногу среќни поради тоа. Лоша крвна слика. Пад на имунитетот.
РАК
Иако околностите подолг период не ви одеа од рака, денес може да имате среќа да решите некои проблеми. Уплашени сте, сакате да го задржите партнерот со кој сте, а ви делува дека полека губите контрола. Чувствителен кардиоваскуларен систем.
ДЕВИЦА
Може да бидете успешни во деловните преговори денес. Поволен ден за потпишување договори за соработка. Делувате мистериозно и привлекувате дел од припадниците на спротивниот пол со својот став. Поминувајте повеќе време во природа.
ВАГА
Склони сте кон расфрлање и трошење поголема сума на пари. Препорака е да бидете внимателни, бидејќи подоцна може да зажалите. До совршенството не може да се дојде преку ноќ, потребно е многу труд и разбирање. Губиток на апетитот.
ШКОРПИЈА
Концентрацијата ви е лоша и не треба да носите важни одлуки денес. Склони сте кон самосожалување, барате внимание и лесно ги заборавате сите убави нешта кои партнерот ги направил за вас. Неопходно е да се наспиете. Преморени сте.
СТРЕЛЕЦ
Многу сте нервозни, лошо се чувствувате и каде и да се свртите ќе видите некои ограничувања за вашиот деловен план. Тажни сте бидејќи ја немате онаа љубов која ви е потребна. Можеби го идеализирате минатото. Склони сте кон депресија.
ЈАРЕЦ
Може да се потпрете на соработниците и колегите, околу себе имате луѓе на кои може да им верувате. Доколку имате врска на далечина, денешниот ден е поволен за планирање средба со саканата личност. Потребно ви е да поминувате време на свеж воздух.
ВОДОЛИЈА
Водете сметка да не ги расипете односите со претпоставените. Лесно може да се вовлечете во некоја интрига. Делувате дистанцирано кон саканата личност, а всушност вие сте повредени, а не сакате тоа да го признаете. Болки во грбот.
РИБИ
Поволен ден за патување и потпишување некои договори. Сѐ што ќе замислите ќе ви оди од рака. Може многу лесно да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Поволниот период само што започна. Избегнувајте масна, похована и многу зачинета храна.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (6 јуни)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за сабота (7 јуни)
-
Кичево1 ден
Кичевското архиерејско намесништво истакна соопштение по повод „Духовденска задушница“
-
Култура24 часа
(ВИДЕО) Краток фрагмент на отец Партениј за „Македонија и Патриотизмот“ од новиот филм посветен на неговиот триесет годишен монашки пат
-
Македонија1 ден
СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности
-
Спорт1 ден
Македонија има потенцијал кој претходно го докажала. Милевски верува дека вечер играчите ќе го дадат својот максимум!
-
Македонија4 часа
Попладнево почувствуван земјотрес во Македонија
-
Спорт1 ден
Младиот шпанец Карлос Алкараз обезбеди место во финалето на Ролан Гарос