Следете не

Хороскоп

Хороскоп за четврток (24 октомври)

Објавено пред

на

ОВЕН

Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате стабилна ситуација во односот со партнерот кој ви е посветен. Проблеми со нервниот систем.

БИК

Ќе добиете позитивен одговор поврзан со некое барање или молба која сте ја испратиле. Ве очекува поволен период. Доколку планиравте почеток на заедница или брак, денес е одличен ден за тоа! Ќе успеете да решите некои проблеми.

БЛИЗНАЦИ
Може да очекувате понуда за соработка надвор од земјата или со некоја компанија која е пооврзана со странство. Може да се надевате на познанство со личност за која сте слушнале многу коментари. Хронични проблеми.

РАК

Ќе успеете да остварите значително подобрување на деловните околности, а по некое време и поголема заработка. Цврсто верувате дека ќе ја пронајдете вистинската љубов. Иако имате многу разочарувања позади себе, не се откажувате. Немате проблеми со здравјето.

ЛАВ

Може да очекувате можност да реализирате една важна деловна соработка во иднина. Запознавањето нови луѓе ви внесува елан и ви дава позитивна енергија. Спремни сте за нова љубов! Водете сметка за алергии.

ДЕВИЦА

Може да очекувате напорен ден и многу обврски. Пред вас се многу стресови и промени. Засега не ви е лесно со партнерот да остварите стабилност. Во некои моменти полека се ладите. Можен е пад на имунитетот.

ВАГА

Влегувате во нов проект кој наскоро ќе ви донесе и добри препораки, нова соработка и подобри можности за работа. Задоволни сте со односот кој го имате со саканата личност. Подготвени сте да го стабилизирате бракот. Можен е пад на имунитетот.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате новите деловни одлуки кои ги донесовте да се одразат на работата. Засега не ви е лесно да бидете отворени кога станува збор за вашите емоции бидејќи се плашите да не бидете повредени. Внимавајте на здравјето.

СТРЕЛЕЦ

Можен е помал конфликт со колегите. Важно е да научите да бидете дипломат. Ви се допаѓа личност која се однесува променливо. Не сте сигурни дали и таа кон вас гаи емоции. Внесувајте повеќе магнезиум.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате дека ќе имате некои кочници на деловно поле и дека нема да ви биде лесно да се стабилизирате. Можни се несогласувања со саканата личност. Ве оптеретуваат кавгите и ве гушат. Болки во грбот.

ВОДОЛИЈА

Не е поволен ден за решавање на папирологија. Избегнувајте било какви проблеми со законот. Доколку сте слободни, може да очекувате ново познанство кое подоцна ќе води до љубовна врска. Избегнувајте алкохол и газирани пијалаци.

РИБИ

Финансиите може да бидат променливи во наредниот период. Нема да ви биде лесно да остварите стабилност. Можеби вашата љубомора е причината за проблеми помеѓу вас и саканата личност. Проблеми со дебелото црево.

Хороскоп

Хороскоп за четврток (26 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Размислете за промена на одредени критериуми и услови во договор со соработниците за да ја подобрите вашата деловна позиција. Можете слободно да инсистирате на вашите идеи, бидејќи имате многу сигурни индикатори за успех. Во вашата емотивна екстаза, подготвени сте да направите нешто посебно за да го импресионирате вашиот партнер.

БИК
Некој ви дава корисни информации и на тој начин ви помага поправилно да ги процените различните деловни можности со кои располагате. Јасно ви е дека меѓусебните договори претставуваат позитивен чекор напред во решавањето на важни деловни или приватни интереси. Слободно изразете некои од вашите потиснати чувства или намери. Направете посебен гест на внимание кон вашиот партнер и во корист на заедничката среќа што треба да се негува.

БЛИЗНАЦИ
Се однесувате како личност, која нема време за некои површни средби или за настани што не се вклопуваат во вашата сфера на интерес. Подобро е да се однесувате што е можно поумерено, бидејќи со вашето енергично однесување поттикнувате различни реакции и незадоволство кај некои соработници. Вие се грижите да му дадете поголема радост на вашето семејство и саканата личност во заедничкиот живот. За нивна среќа, наоѓате топло добредојде и разбирање. Ќе уживате во нечие емотивно внимание.

РАК
Со добра проценка на можностите и правилен избор на соработници, релативно брзо можете да ги постигнете своите цели на деловната сцена. Понекогаш треба да дејствувате енергично или во крајна линија во друштво на соработници. На ваш препознатлив начин, вие знаете како да освоите симпатија од различни страни. Кога сте добро расположени, имате впечаток дека ви се достапни најдобрите можности, а потоа обично избирате доминантна улога пред партнерот.

ЛАВ
Деловните проблеми со кои се соочувате во моментов бараат дополнителен напор или добра концентрација. Нема потреба да реагирате набрзина и да ги преценувате своите можности пред околината. Најдобро е да им дозволите на доверливите луѓе да одлучуваат за некои заеднички интереси. Добрата љубовна стратегија значи и подготвеност постојано да ги надминувате различните ограничувања низ кои поминувате во вашата врска со партнерот.

ДЕВИЦА
Вие дејствувате енергично со вашите соработници и поставувате нови барања во очекување дека сè ќе тече според вашите стандарди. Сепак, со пренагласување на личните барања, предизвикувате различни коментари меѓу соработниците. Треба да имате „широки визи“ од секој поглед. Прифатете ги љубовните кавги како минлива фаза, бидејќи сето тоа се сведува на нов стимул или добар импулс што ве води кон емотивно зближување со партнерот. Потпрете се на вашите „скриени адути“.

ВАГА
Некој ви дава корисни предлози што можете лесно да ги примените при решавање сериозни проблеми. Обидете се правилно да го дозирате вашиот креативен импулс со заеднички интереси, со цел најдобро да ги усогласите разликите што постојат во вашето мислење или искуство. Во моментов ја доведувате во прашање вашата врска со блиска личност во желба да се разберете што подобро. Имате впечаток дека вашиот партнер ви негира одредени информации од сосема непознати причини за вас.

ШКОРПИЈА
Дејствувате позитивно и сте ангажирани на различни страни. Вие знаете како да пренесете креативен импулс и креативна енергија во вашата околина, што ви олеснува да реализирате многу од плановите што ги имате. Нема потреба да преземате финансиски ризици или да позајмувате. Повремено ја занемарувате вашата улога или способности во врската со саканата личност. Повнимателно слушајте ги пораките што ги добивате од најблиските. Подобро е да се покаже поголема скромност во однесувањето.

СТРЕЛЕЦ
Дејствувате многу претпазливо и не сакате да ризикувате премногу во деловните и финансиските преговори. Сепак, ќе мора да се соочите со некои предизвици што не ви се допаѓаат или вкус. Навреме побарајте добар совет од постара личност. На крајот, сè ќе се реши на добар начин или во ваша корист. Сакате повеќе разбирање и нежност во убовната врска. Вашиот партнер понекогаш има некои необични идеи, така што со своето однесување поттикнува чувство на емоционална несигурност кај вас.

ЈАРЕЦ
Треба да се ослободите од дополнителни обврски, но немате доволно енергија да се вклучите на повеќе страни истовремено. Прифатете во достоинствен стил и без непотребни прашања, прифатете ги сите корисни предлози или зборови на критика упатени кон вас од блиски соработници. Вие би сакале да воспоставите подобра контрола над новите настани во вашиот љубовен живот, но не можете да направите ништо значајно без претходен договор со вашиот партнер.

ВОДОЛИЈА
Некои од соработниците немаат доволно интерес да го почитуваат заедничкиот деловен договор, што неизбежно предизвикува одредена загуба. Се чини дека сте загрижени за новите информации и промените што ги предлагаат вашите соработници. Упорно се обидувате да решите некои големи проблеми што е можно поскоро. Склони сте на чести промени на расположението, како и општества што го привлекуваат вашето емотивно внимание. Нема причина да џогирате и да му се жалите на вашиот партнер за некои ситници.

РИБИ
Ситуацијата околу вас изгледа многу променлива и тешко е точно да се предвиди нечија реакција или одговор. Подобро е да се следат правилата и да се избегнува секаков вид ризик. Одложете некоја напорна работа додека не добиете подобри услови или за следниот период. Ќе бидете задоволни од постапката на некои блиски пријатели. Вие сте во фаза на емоционален подем, па односот со вашиот партнер го доживувате како остварување на вашите „слатки соништа“. Препуштете се на своите чувства.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (25 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а добрата вест е дека решението е едноставно и поволно за вас. После големите турбуленции ви пристигнува големо олеснување.

БИК
Ве обзема идеа да започнете некоја приватна работа. Затегнатите односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да издвои екипа на луѓе со кои е возможно остварување на самостоен бизнис. Не заборавајте дека онаму каде што владее интересот, љубовта и сочувството спијат.

БЛИЗНАЦИ
Конечно ги привршувате заостанатите работи со кои сте се мачеле долго време. Конечно се назира епилог на нешто на кое долго сте работетел. После долго чекање ќе ви годи чувството на мала победа па имате право да си дозволите краткотраен одмор.

РАК
Денот ќе го започнете стресно и со големо незадоволство. Доколку не избегнете непотребни трошоци, можете да западнете во голема финансиска криза. Од попладнето можете да рачунате на позитивни вести и интензивна комунилација со странство.

ЛАВ
Свесни сте дека пред вас е напоред период на речиси сите полиња. Полни сте со енергија и волја а вродениот борбен дух и оптимизам ќе ве направи уште посилни. Иако ќе вложите многу труд, на крајот ќе бидете задоволни со постигнатите резултати.

ДЕВИЦА
Брзи сте но и невнимателни. Поради претераното брзање сте приморани да направите селекција што е важно а што не е. Сепак, со оглед на тоа колку сте се залетале, шансите да направите опасна грешка се минимални. Бидете внимателни особено во сообраќајот.

ВАГА
Чувствувате дека сте професионално доста ценети, а денес ви стигнува и мала потврда за тоа. Паралелно со тоа ќе имате позитивен напредок во семејните односи и тоа додатно ќе ве орасположи. Добрата атмосфера создава миг кога ќе сакате да изнесете се што ви лежи на срце.

ШКОРПИЈА
Внимателно испланирајте го денот и ќе имате прилика да изградите нова деловна стратегија која долгорочно ќе ви донесе резултати на кои ќе бидете доста горди. Насочете се кон работата и семејните односи оставете ги настрана.

СТРЕЛЕЦ
Не се обидувајте да ги спроведете своите замисли во дело, сте избрале погрешен ден. Наместо тоа, прочитајте ја омилената книга и посетете кино или театар. Чувајте се од инфекции и овој ден поминете го во изолација од другите луѓе.

ЈАРЕЦ
Полни сте со енергија толку што не знаете што да правите со неа. Кога немате каде да ја трошите почнете да ја пренесувате тензијата на околината. На удар е саканата личност а знаете дека немате причина за тоа. Со своето однесување можете непотребно да ја нарушите стабилноста на врската.

ВОДОЛИЈА
Пронајдете баланс помеѓу деловниот и семејниот живот. Премногу зборувате за она кое треба да биде ваша интима а тоа може да биде сигнал дека ве мачи некаква грижа на совест. Размислете за тоа пред околината да почне да ве избегнува.

РИБИ
Математички сте го израчунале својот љубовен живот па по ваше мислење не постои шанса нештата да бидат онакви какви што сте ги замислиле. Сфаќате дека не е лесно да го предвидите развојот на случувањата особено ако во односите се вклучени и емоции.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за вторник (24 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес е поволен ден за вас. Ќе добиете добри резултати од некоја ваша неодамна завршена работа. Вашето здравје ќе биде одлично и ќе се чувствувате среќни и задоволни поради неочеуван прилив на финансии. Оние кои се во брак ги очекуваат мали турбуленции. Оние заљубените ги очекуваат романтични мигови. Вашиот сакан ќе се труди да ви угодува.

БИК
Денес ќе добиете среќни вести кои ќе ве расположат. Ви се подобрува економската состојба. Ви претстои патување на кое ќе имате можност да го проширите бизнисот. Ќе планирате мали поправки во домот.

БЛИЗНАЦИ
Денешниот ден за Близнаците ќе биде исполнет со предизвици. Ќе имате некои мали препреки на работното место. Ќе се грижите околу некоја работа. Грижете се за вашето здравје. Внимавајте на конкурентите. Можно е да се соочите со разочарување околу некоја личност на работното место. Во домот се ќе се одвива во одличен ред. Идилични мигови со саканиот.

РАК
Ќе бидете во можност да остварите некоја ваша долго замислена цел што ќе ја поттикне вашата самодоверба. Ќе запознаете влијателна личност а тоа ќе ја подобри вашата финансиска состојба. Одржувајте го вашето психичко здравје преку медитација.

ЛАВ
Денешниот ден ќе биде предизвик за вас. Ќе се впуштите во непланирани трошоци. Здравјето ќе ви биде добро но мали грижи може да ви го расипат расположението. Ќе бидете вознемирени околу некои препреки на кои ќе наидете при извршувањето на некоја работна задача. Некој ваш близок ќе ви пружи поддршка. Љубовниот живот се подобрува.

ДЕВИЦА
Ќе ви биде здосадено од вашата секојдневна рутина и ќе сакате да се посветите на активностите кои ви пружат задоволство. Ве очекува непланиран настан кој ќе ве расположи.
Држете се понастрана од политички активности, можно е да западнете во непосакуван конфликт. Избегнувајте странци. Ве очекува можност која ќе ви помогне да напредувате на работното место:

ВАГА
Денес ќе поминувате пријатни мигови со вашето семејство. Ќе бидете исполнети со енергија. Напорот кој го вложувате за да го подобрите односот со некоја драга личност ќе се исплати, чувствата се взаемни. Внимавајте на здравјето и движете се повеќе.

ШКОРПИЈА
Ќе размислувате за кратко патување кое во моментов може да ве впушти во непланирани трошоци. Ќе разговарате за имот или наследство. Некој се труди да ви остави впечаток но вие го игнорирате. Ве очекуваат среќни мигови.

СТРЕЛЕЦ
Правилно трошете го вашето време, тоа ќе ви биде од голема корист.Односот со некој ваш колега или надреден ќе се подобри. Некои непланирани трошоци ќе наштетат на вашиот буџет. Ќе имате недоразбирање со блиска личност но ќе биде решено за кратко време.

ЈАРЕЦ
Денес е поволен ден за Јарците. Ќе размислувате за сите полиња од вашиот живот и ќе планирате превземање на нови чекори. Оние кои имаат приватен бизнис ги очекуваат добри резултати.Еконоската состојба ви е одлична. И покрај тоа што не се впуштате во романси така лесно, ве очекува непланирана љубовна возбуда.

ВОДОЛИЈА
Денес сите во вашето семејство ќе имаат свои обврски кои ќе мораат да ги завршат ефективно. Немојте да бидете под стрес. Посветете се на работата. Ќе добиете можност да посетите место кое одамна сте посакувале да го видите. Љубовниот живот засега стагнира.

РИБИ
Ве очекува подобрување на финансиската состојба а тоа ќе доведе до мир и благосостојба во семејството. Можно е при крајот на денот да добиете позитивни вести. Вашиот труд ќе се исплати. Здравјето ви е одлично. Внимавајте на непланирани и нерационални трошоци.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle31 минута

Една недела вода со лимон: Придобивките што не ги очекувавте

Докторката Патриша Варакало од порталот Thehealthy.com одлучила да направи експеримент и да пие вода со лимон секој ден една недела....

Култура36 минути

Читателите одлучија: „Сам дома“ е најдобриот божиќен филм на сите времиња

Божиќните празници се идеално време за уживање во омилените филмски класици. Дури и ако сме ги гледале десетици пати, тие...

Lifestyle39 минути

Чаеви што го олеснуваат дишењето и ја зголемуваат виталноста

Неколку видови чаеви можат да го олеснат дишењето и да ги заштитат белите дробови од штетните ефекти на загадувањето. Овие...

Lifestyle41 минута

Кога е премногу ладно за прошетка со кучето?

Со доаѓањето на студените зимски денови, сопствениците на кучиња често се прашуваат колку ниски температури можат да издржат нивните крзнени...

Lifestyle42 минути

Пет работи во домот што можат да го загрозат здравјето

Иако домот го сметаме за безбедно место, постојат работи кои несвесно можат да му наштетат на нашето здравје. Д-р Џулија...

Lifestyle45 минути

Без валкани садови: Дали сте го пробале овој рецепт за палачинки со шише? (ВИДЕО)

Сакате палачинки, но се плашите од нередот и валканите садови што остануваат по подготовката? Имаме решение за вас – палачинки...

Lifestyle46 минути

Прочитајте ги декларациите: 10 состојки опасни по здравјето

Често не обрнуваме внимание на листата на состојки на прехранбените производи, а уште помалку знаеме што значат многу од имињата....

Lifestyle51 минута

Сите ја сакаме оваа храна, но таа е главен виновник за високиот крвен притисок

Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, не е само непријатност. Тој е сериозен здравствен проблем кој значително го зголемува...

Магазин52 минути

OpenAI размислува за производство на хуманоидни роботи: Револуција во роботиката?

Калифорниската компанија за развој на вештачка интелигенција OpenAI, позната по своите иновативни проекти како ChatGPT, размислува за проширување на своите...

Временска прогноза5 часа

Според најновите метео алатки, се очекува доста поладна зима во јануари и февруари

Ладната “Ла Ниња” веќе го донесе првиот озбилен снег во регионот и во Македонија, засега во Македонија најмногу снег има...

НАЈЧИТАНИ