Следете не

Хороскоп

Хороскоп за четврток (29 јуни)

Објавено пред

на

Овен
Внимавајте што зборувате бидејќи јазикот денес лесно може да ве доведе во неволја, но може и да ве извлече од непријатна ситуација. Се разбира, размислете добро пред да кажете нешто. Одличен ден за правење планови, држете се до него.

Бик
Денес лесно можете да постигнете се што сакате, само ако се фокусирате на иднината наместо на минатото. Полни сте со самодоверба и ги привлекувате луѓето како магнети, сите ви се восхитуваат, но не дозволувајте тоа да ве однесе предалеку. Не е добар ден за некои големи промени на работа.

Близнаци
Главата денес ви е во облаци, се препуштивте на мечтаењето. Само погрижете се некои грижи што ги имате да не ве одвлечат на другата страна, за да го поминете целиот ден грижејќи се за работи што не можете да ги промените. Направете нешто што ве релаксира, ќе ве задоволи денес.

Рак
Денес сте подготвени да ризикувате, но мали се шансите тоа да ви се исплати. Во претходниот период бевте многу посветени на работата, но сега ви треба одмор и повеќе сон. Грижете се повеќе за себе и вашето здравје.

Лав
Во љубовта ве очекуваат помали несогласувања, но внимавајте да не го претворите комарецот во магаре! Имате поддршка од пријателите во сè што правите, слушајте ги советите што ви ги даваат, дури и ако на крајот го правите тоа на свој начин. Можна е главоболка, пијте повеќе вода.

Девица
Ви се даваат можности за некои промени, а се чини дека новиот почеток е токму она што ви треба сега. Планирајте сè добро, така што резултатите од овие промени се онакви какви што сакате. Партнерот може да ви даде добар совет за ова, слушајте го.

Вага
Сонувате да одите на патување, а токму денес би можеле да имате ненадејна можност да го направите тоа. Размислете добро како да го остварите вашиот сон, можеби пријателите или партнерот би можеле да ви помогнат во тоа. Во врска ве очекуваат прекрасни моменти со партнерот.

Шкорпија
Размислувате за иднината и што сакате да постигнете во животот, можно е да ве инспирирала блиска личност. Добар ден за тоа, препуштете се на вашите мисли и планови. Поминете малку време во дружење со блиски луѓе, ќе уживате.

Стрелец
Врските меѓу луѓето во различни сфери од вашиот живот се испреплетуваат како што никогаш не сте мислеле дека е можно. За среќа, тоа е добра работа за вас. Многу сте мирни и конечно оставивте некои „драми“ зад себе, сега уживате.

Јарец
Поамбициозни сте од било кога и тоа ви помага да постигнете голем успех на работа. Покана за состанок добивате и од личност за која не се ни сомневавте дека има чувства кон вас. Одморете се и пијте повеќе вода.

Водолија
Уморни сте од некои сериозни настани во претходниот период и сè што сакате сега е да се опуштите и да се забавувате – повелете! Правете што сакате, без разлика дали тоа е излегување, читање книги, дружење со пријателите… После тоа, ќе бидете полни со енергија и подготвени за нови победи.

Риби
Односот со некои од пријателите е многу „растресен“ и ако не се обидете да го поправите, ќе зажалите. Бидете искрени, разговарајте отворено и ќе го решите проблемот многу полесно отколку што мислите. Побарајте совет од блиски луѓе доколку ви е потребен и бидете спремни да го слушате.

Хороскоп

Хороскоп за петок (25 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН
Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да биде ваш шеф, родител или некој кој поседува моќна позиција, а можно е да биде личност од друга држава или националност. Ќе ви биде драго што ќе имате удел во решавањето на некој важен проблем.

БИК
На некој ваш колега или пријател му е потребна помош во решавањето на некоја задача. Ќе имате силно чувство дека морате да превземете важен чекор, вашиот пат ќе биде отворен во исполнувањето на сите цели.

БЛИЗНАЦИ
Денес ќе оставате позитивен впечаток на сите кои ќе ги запознаете, од вас ќе зрачи светла енергија. Ќе бидете позитивно влијание на сите околу вас. Ќе бидете мотивирани да ја остварите вашата долго замислена цел. Сите ќе ве обожаваат.

РАК
Ќе ви се допадне идеата да правите нешто поразлично денес затоа што ќе сакате да воведете промена во вашето секојдневие. Ќе ви се допаѓаат разговорите со личности од различни култури. Ќе имате силни мислења кога е во прашање политиката денес.

ЛАВ
Ако денес сакате да направите некоја поделба, ќе имате доста строги идеи околу тоа. Ќе бидете дарежливи кон сите страни. За крај сето тоа ќе ви биде од одлична корист и на вам затоа што добрите нешта ќе се враќаат и кон вас.

ДЕВИЦА
Денес ќе уживате во разговорите со некој ваш драг пријател или партнер, ќе чувствувате пријатна атмосфера во нивно друштво. Ќе чувствувате инспирација и наплив на идеи при решавањето на некој важен проблем. Верувајте и на вашата интуиција, ќе успеете да надминете се што ви стои на патот.

ВАГА
Денес одлично ќе соработувате во групи што вклучува состаноци и тимска работа на вашето работно место. Ќе посакате да воведете некои реформи за да направите подобрување. Бидете внимателни со партнерот и блиските пријатели.

ШКОРПИЈА
Искористете ја поволната енергија да се социјализирате со другите и да се вклучите во некои забавни активности со деца денес. Исто така ќе сакате да уживате во некоја уметничка активност или да бидете дел од некој креативен проект. Спортските активности исто така денес ќе ви одат од рака, ќе имате доста енергија за дружење.

СТРЕЛЕЦ
Денес ќе уживате во друштвото со пријателите и најблиските. Можеби ќе посакате да направите некои промени во домот. Организирајте забава и пријатна дружба со вашите сакани.

ЈАРЕЦ
Денес ќе чувствувате ентузијазам за нешто и ќе посакате да ги споделите вашите идеи со сите околу вас. Ќе настојувате да ги убедувате сите да го делат вашето мислење со вас, и тоа ќе ви успева.

ВОДОЛИЈА
Ќе имате одлични идеи кога е во прашање зголемувањето на вашите финансии. Можно е да искористите нешто кое веќе го имате за да му помогнете некому. Ќе имате силно чувство да го направите светот подобро место.

РИБИ
Денес Месечината танцува во вашиот знак заедно со Јупитер. Ова ќе ве прави силни и ќе ја зголеми интензивноста на вашите емоции, ќе бидете пријателски расположени и отворени. Ќе ве загрижува некоја препирка со некој во вашата околина.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за четврток (24 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН

Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за љубов, може да очекувате дека ќе имате добар однос со саканата личност. Болки во долниот дел на грбот.

БИК

Имате пред себе многу обврски и работа. Денешниот ден ќе ви биде на некој начин напорен на ова поле. Може да се надевате на многу позитивни промени и ново познанство. Можен е мал пад на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ
Ќе бидете подготвени за нови деловни потези кои ќе внесат големи промени во вашиот живот. Имате чести несогласувања со личноста која ви се допаѓа и некое време ќе бидете на дистанца. Пад на енергија.

РАК

Имате шанса да напредувате и полека да остварите позитивни промени на деловно поле. На вашиот партнер му одговара вниманието кое му го посветувате. Задоволн сте бидејќи сте успеале да остварите еден квалитетен однос. Психосоматски проблеми.

ЛАВ

Немате добра комуникација со колегите и тоа за вас претставува голема кочница. Ве очекува ден во кој ќе бидете емотивно задоволни и исполнети. Пред вас е фаза во која ќе уживате. Кожата ви е осетлива.

ДЕВИЦА

Ќе дојде до некои промени во вашето деловно опкружување и нема да ви биде лесно да се прилагодите на нив. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена на компромиси. Помали срцеви проблеми.

ВАГА

Време е да се соочите со потешкотиите и проблемите на работа. Кога ќе ги решите, ќе успеете да остварите напредок. Имавте некои дилеми на љубовно поле. Не сте сигурни која личност е вистинската. Многу сте чувствителни денес.

ШКОРПИЈА

Не е премногу поволен ден за работа денес. Можеби ќе се појават некои нови проблеми и компликации. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и подготвени сте на сѐ за да го добиете нејзиното внимание. Избегнувајте алкохол.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува многу поволен период на деловно поле. Пред вас е фаза во која ќе имате некои нови деловни случувања. Ве очекува ново познанство и нови можности на љубовно поле. Се чувствувате сосема во ред.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате стабилизација на финансиите. генерално ќе бидете задоволни со случувањата на работа. Стабилната љубовна ситуација ви влева чувство на задоволство. Можни се проблеми со забите.

ВОДОЛИЈА

Денес не носете нови одлуки и потрудете се да бидете трпеливи со своите заклучоци. Важно е да го дефинирате односот со партнерот. Можеби сакате врската да премине на посериозно ниво. Поспаност и замор.

РИБИ

Пред вас е фаза која е поволна за започнување нови деловни случувања и промени во работата. Може да се надевате на ново познанство и флерт со личност која ќе покаже интересирање кон вас. Денес ви е нагласена интуицијата.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (23 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН

Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се вклучите во работата која за вас може да биде многу профитабилна. Имате проблем со некои Близнаци и не можете да најдете заеднички јазик со некоја Водолија. Трепението ќе ви биде повеќе од потребно.

БИК

Нема место за паника, ќе успеете да ги решите сите проблеми. Добрите односи со соработниците се исклучително важни за проектите, бидејќи сами ништо нема да постигнете. Се чувствувате одлично во друштво на некоја Риба, па затоа поминете повеќе време заедно.

БЛИЗНАЦИ

Некои пријатели ќе ве повикаат на заедничко патување, а вие ќе се двоумите. Не се откажувајте од можностите кои ви се нудат, можно е да ви се отворат нови врати за започнување на сопствен бизнис. Досадата лекувајте ја во друштво на саканите. Постапките од минатото ќе ве натераат повторно да размислите за вашите постапки.

РАК

Некој проблем од минатото ќе започне да ви ја разнишува сегашноста која едвај ја одржувате во нормално ниво. Можно е вашиот партнер да ве напушти поради ветените нешта кои никогаш не ги направивте. Имате проблем и со пријателите кои ве сметаат за несериозни. Некоја Девица ќе ви понуди помош, прифатете ја веднаш.

ЛАВ

Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои на вас ви биле многу драги. Ви претстои добра соработка со некој Стрелец или Близнаци. Ќе се залагате за некои важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте во иднина ќе постојат уште шанси.

ДЕВИЦА

Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Проблемите во љубовта ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските.

ВАГА

Иако се чувствувате добро во друштво со личноста која ги поттикнуа вашите амбиции, сепак прекумерното залагање можно е да ви пречи. Можни се некои поволни вести од некој кој живее и работи во странство. Ќе ви биде потребен некаков совет од некој Лав.

ШКОРПИЈА

Оптеретени сте со незавршените работи и она што се случило а не знаете како да го решите. Се плашите од загуба на контролата во ситуацијата во која можно е да загубите некој поради однесувањето. Можен е некаков договор со Стрелец или Риби.

СТРЕЛЕЦ

За да го поминете денот онака како што сакате потребно е да се вклучите во некои интересни проекти во кои ќе ви биде потребен странски јазик. Без оглед дали станува збор за краток или долг проект сепак работете максимално на него. Постои можност за голем профит.

ЈАРЕЦ

Премногу сте упорни иако помалку сте и несигурни и се обидувате на сите можни начини да му го наметнете на некој Бик вашиот план за заеднички проект. Бидете малку трпеливи во контактите со борбените знаци, особено со Бикот. Добро се чувствувате во друштво на лице кое е подеднакво амбициозно како и вие.

ВОДОЛИЈА

Еден од подобрите денови, особено за оние кои се подготвени за се да се договорат со соработниците и оние кои се како створени за разни деловни можности, вклучувајќи ја тука и можноста за премин на некое ново работно место или преземање на некои нови обврски. Добро се сложувате со некој Стрелец и со некој Рак кои во се ве поддржуваат.

РИБИ

Мечтаете за голем успех и поинаква работа од онаа која во моментов ја имате. Ова би можело да биде пријатен ден за вас. Енергијата на Марс и Меркур ве прави нервозни и нетрпеливи. Вашата амбиција е во прв план, не се согласувате со лица кој сакаат да доминираат во друштвото.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за петок (25 јули)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да...

Lifestyle14 часа

Поради една грешка, клима уредот троши трипати повеќе електрична енергија

Како правилно да се разладите без да ја зголемите сметката? Најголемата заблуда – вклучување само повременоМногумина мислат дека заштедуваат струја...

Lifestyle14 часа

Избркајте ги мувите со лимон: Природен трик што навистина делува

Досадните муви се вистинска напаст секое лето. Наместо да трошите пари на агресивни хемикалии и спрејови што мирисаат лошо и...

Магазин14 часа

Google го менува начинот на пребарување: пристигнуваат Gemini 2.5 Pro и Deep Search

Google воведува сериозни подобрувања во својот пребарувач преку вештачка интелигенција. Двата нови адути – Gemini 2.5 Pro и Deep Search...

Македонија15 часа

Исклучен од сообраќај тетовчанец, управувал автомобил под дејство на алкохол

На 24.07.2025 во 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (24 јули)

ОВЕН Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за...

Македонија1 ден

СВР Тетово спречи девојка да си го одземе животот, лишен од слобода маж поради сомнение за посредување на проституција

Полициски службеници од СВР Тетово спасија млада девојка која сакала да скокне од прозорец на мотел во Тетово и да...

Македонија2 дена

УЈП со важно соопштение за авто-такси превозниците

Управата за јавни приходи истакна важно соопштение, кое гласи:

Македонија2 дена

Страшен билансот на македонските патишта, за два дена 1293 сообраќајни прекршоци, 305 за брзо возење

Во текот на првите два работни дена од оваа недела (21 и 22 јули 2025г.) во рамки на засилените сообраќајни...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (23 јули)

ОВЕН Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се...

НАЈЧИТАНИ