Хороскоп
Хороскоп за денес (15 август) недела
ОВЕН
Премногу се потпирате на некој што не може да биде во чекор со вас, кога станува збор за работата. Погрешно сте процениле колега и тоа може скапо да ве чини. Пречувствителни сте и не дозволувате никој да ви пријде кога е во прашање љубовта. Отворено покажете ги своите чувства и нема да погрешите. Изберете тип на рекреација што ќе го практикувате почесто.
БИК
Нема да бидете расположени за дружење и разговор. Семејството ќе ви замери дури и без да се обиде да ги открие причините за вашето незадоволство. Слободното време посветете го на сопствените интереси, бидејќи на тој начин ќе го најдете мирот што ви треба. Нечија ненадејна посета може да ве расположи, но темите за разговор нема да ви бидат интересни.
БЛИЗНАЦИ
Ќе привлекувате со шарм, па ќе го добиете најдоброто од секоја ситуација. Спонтано ќе се приближите до личноста за која се грижите и ќе го направите вистинскиот потег. Може да се договорите да се сретнете на кафе и на тој начин да започнете позитивни романтични настани. Ако чувствувате дека се создава напната атмосфера, обидете се да ја ублажите со духовитост.
РАК
Покажете се на дело и мотивирајте ги другите во посакуваната насока. Бидете свесни за моќта што ве движи и со која можете да ги решите повеќето проблеми. Фокусирајте ја својата енергија на деловни и егзистенцијални прашања и верувајте во добар исход од разговорите и дискусиите. Можни се нови познанства преку соработници и луѓе со кои соработувате финансиски.
ЛАВ
Односот со вашиот партнер ќе биде поотворен така што ќе ги решите претходните нејаснотии. Некои во општеството ќе запознаат личност која ќе биде близу до нивниот начин на размислување. Од тоа познанство, може да се роди корисна соработка или љубовна врска. Вашиот бизнис се подобрува, а некои влијателни личности се подготвени да ве поддржат во остварувањето на вашите амбиции.
ДЕВИЦА
Бидете внимателни со сите од кои зависите – лесно можете да направите грешка или да кажете нешто погрешно. И покрај вашата несигурност и интровертност, вашиот партнер ќе открие што ве мачи и ќе ви го подигне расположението со својот шарм и забавен дух. Може да се грижите за некого, можеби болен роднина или милениче.
ВАГА
Можно е да склучите поволни зделки што ќе ја зајакнат вашата позиција. Слободните ќе поминуваат се повеќе време со пријателите, а преку нив би можеле да запознаете атрактивна личност. Пријателските односи ќе бидат двојно потенцирани; ќе се сложувате многу добро со некои, но ќе има и такви што ќе ве разочараат.
ШКОРПИЈА
Пред вас е викенд на поголеми деловни обврски и долгови. Ќе смените некого и ќе си ја завршите работата. Ќе бидете решени да побарате помош од вашето семејство во домашните работи. Ќе сфатите дека сте преоптоварени и дека има премногу на вас. Вечерта е погодна за доверливи разговори меѓу двајцата. Искажете ги своите желби на вашиот партнер.
СТРЕЛЕЦ
Ќе имате многу енергија, така што ќе ви треба помалку време за да ги извршувате рутинските задачи. Плановите поврзани со патување или водење бизнис во странство ќе бидат полесно остварливи отколку порано. Можно е да остварите интересни познанства на места каде што не го очекувавте. Лесно ќе воспоставите контакт, непогрешливо чувствувајќи што можете да очекувате од кого.
ЈАРЕЦ
Прифатете ја критиката на вашиот партнер без лутина. Отворено ќе ви каже што грешите, затоа сериозно сфатете ги неговите зборови. Ќе треба повеќе да соработувате со другите и нема да толерирате нечиј совет или мешање во вашиот бизнис. Кон вечерта, расположението ќе ве олесни, а одредени, добри, финансиски вести ќе придонесат за тоа.
ВОДОЛИЈА
Поради вашата преосетливост, ќе мислите дека сите се против вас и дека никој не ве разбира. Сепак, тоа е само минливо расположение. Во комуникацијата, ќе отидете во крајности, од тишина до прекумерна зборливост, така што ќе бидете неразбирливи за вашиот партнер. Може да се карате за различни ставови за воспитување деца.
РИБИ
Вашето работно место може да влијае на реорганизацијата. Колку сте поподготвени да прифатите нови деловни околности, толку полесен ќе биде товарот на почетната непријатност и неизвесност. Разговорот со партнерот ќе ве ослободи од некои сомнежи, бидејќи пообјективно ќе гледате на ситуациите што ве мачат. Малите здравствени проблеми ќе ги мачат хронично болните.
Хороскоп
Хороскоп за четврток (11 декември)
ОВЕН
Размислувате да започнете нова работа во која би ги уклучиле и некои од членовите на вашето семејство. Не ви е поволен ден за љубов, можно е да ве разочара саканата личност. Потребен ви е одмор.
БИК
Можно е да имате потешкотии на деловно поле и да не ви е лесно да донесете конечни одлуки по некои прашања. Вашите очекувања на љубовно поле сега не можат да бидат исполнети. Можни се проблеми со желудникот.
БЛИЗНАЦИ
Во текот на денешниот ден може да очекувате трошоци кои ќе ве загрижат. Ве очекува можност на љубовно поле да дојдете до промените кои ги сакате. Личноста која ви се допаѓа гаи емоции кон вас. Склони сте кон воспаленија.
РАК
Имате прилично големи очекувања од моменталната деловна ситуација, па може да ви се случи да бидете малку разочарани. Саканата личност се труди да ви удоволи и да направи да се чувствувате добро покрај неа. Помали проблеми со бубрезите.
ЛАВ
Ве очекуваат многу обврски денес, може да се каже дека ќе ви биде напорно но ќе остварите добри резултати. Засега сте пасивни и не покажувате интересирање кон личноста која ви се додворува веќе некое време. Можен е пад на имунитетот.
ДЕВИЦА
Доколку сте имале некоја кавга со деловните соработници, ќе успеете да ја разрешите во наредниот период. Поволен период за љубов, ве очекува фаза во која ќе имате многу убави моменти со саканата личност. Внимавајте на градниот кош.
ВАГА
Моментално не сте задоволни од деловните случувања и многу работи ве оптеретуваат на ова поле. Односот со саканата личност се менува. Ви се чини дека некогаш ја немате истата доза на емоции кон неа. Можни се проблеми со стомакот.
ШКОРПИЈА
Ќе донесете нова одлука на деловно поле. Ќе успеете да го остварите напредокот кој сте го посакувале. Ви се допаѓа личност која ќе покаже дека кон вас има искрени емоции и добри намери. Можни се проблеми со грлото.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува стабилност кога станува збор за работата. Судбината ви е наклонета и нема да имате поголеми проблеми. Немате причина да се сомневате во саканата личност која ви е сосема посветена. Посетете лекар поради редовна контрола.
ЈАРЕЦ
Не е поволен ден и може да направите грешки во работата. Можеби ќе се заљубите во личност која е поврзана со вашето деловно опкружување. Ве прати вртоглавица.
ВОДОЛИЈА
Имате впечаток дека доаѓате до многу препреки и поради таа причина тешко напредувате. Ве очекува интересна средба со симпатијата. Пред вас е поволен ден за љубов. Проблеми со циркулација.
РИБИ
Може да очекувате дека ќе успеете да остварите позитивни околности на деловно поле во наредниот период. Прилично сте задоволни со ситуацијата во која се наоѓате на љубовно поле. Здравствената состојба е добра.
Хороскоп
Хороскоп за среда (10 декември)
ОВЕН
Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за љубов, може да очекувате дека ќе имате добар однос со саканата личност. Болки во долниот дел на грбот.
БИК
Имате пред себе многу обврски и работа. Денешниот ден ќе ви биде на некој начин напорен на ова поле. Може да се надевате на многу позитивни промени и ново познанство. Можен е мал пад на имунитетот.
РАК
Имате шанса да напредувате и полека да остварите позитивни промени на деловно поле. На вашиот партнер му одговара вниманието кое му го посветувате. Задоволн сте бидејќи сте успеале да остварите еден квалитетен однос. Психосоматски проблеми.
ЛАВ
Немате добра комуникација со колегите и тоа за вас претставува голема кочница. Ве очекува ден во кој ќе бидете емотивно задоволни и исполнети. Пред вас е фаза во која ќе уживате. Кожата ви е осетлива.
ДЕВИЦА
Ќе дојде до некои промени во вашето деловно опкружување и нема да ви биде лесно да се прилагодите на нив. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена на компромиси. Помали срцеви проблеми.
ВАГА
Време е да се соочите со потешкотиите и проблемите на работа. Кога ќе ги решите, ќе успеете да остварите напредок. Имавте некои дилеми на љубовно поле. Не сте сигурни која личност е вистинската. Многу сте чувствителни денес.
ШКОРПИЈА
Не е премногу поволен ден за работа денес. Можеби ќе се појават некои нови проблеми и компликации. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и подготвени сте на сѐ за да го добиете нејзиното внимание. Избегнувајте алкохол.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува многу поволен период на деловно поле. Пред вас е фаза во која ќе имате некои нови деловни случувања. Ве очекува ново познанство и нови можности на љубовно поле. Се чувствувате сосема во ред.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате стабилизација на финансиите. генерално ќе бидете задоволни со случувањата на работа. Стабилната љубовна ситуација ви влева чувство на задоволство. Можни се проблеми со забите.
ВОДОЛИЈА
Денес не носете нови одлуки и потрудете се да бидете трпеливи со своите заклучоци. Важно е да го дефинирате односот со партнерот. Можеби сакате врската да премине на посериозно ниво. Поспаност и замор.
РИБИ
Пред вас е фаза која е поволна за започнување нови деловни случувања и промени во работата. Може да се надевате на ново познанство и флерт со личност која ќе покаже интересирање кон вас. Денес ви е нагласена интуицијата.
Хороскоп
Хороскоп за вторник (9 декември)
ОВЕН
Премногу очекувате од соработниците кои не размислуваат на ист начин како вас. Време е да ги земете работите во свои раце. Чувствувате дека партнерот не е искрен за некои работи. Време е да поразговарате со него. Избегнувајте алкохол.
БИК
Ве очекуваат помали недоразбирања со соработниците. Генерално овој ден не ви е особено поволен. Нема нови промени кај вас на љубовно поле. Ова е прилично статичен и здодевен ден. Болки во грбот.
БЛИЗНАЦИ
Не е поволен ден за нови случувања, за нови одлуки или било какви важни промени на работно поле. Посветени сте и на саканата личност и ќе направите сѐ што можете за да и докажете љубов и приврзаност. Склони сте кон алергии.
РАК
Ве очекуваат проблеми на деловно поле. Многу нешта ве оптеретуваат и не се чувствувате добро поради тоа. Срамежливи сте и тешко ви е да покажете што чувствувате кон личноста во која сте заљубени. Чувствителен урогенитален тракт.
ЛАВ
Организационите способности ви е најчесто силна страна но денес дури ни тоа не ви оди од рака. Имате грижа на совест бидејќи не сте сосема искрени кон партнерот. Можен е пад на имунитетот.
ДЕВИЦА
Ве очекуваат помали компликации, па затоа подгответе се за ден во кој ќе има стрес и тензии околу вас. Се двоумите околу нови одлуки. Саканата личност ќе покаже дека е подготвена да направи некои драстични промени. Кожата ви е склона кон иритации.
ВАГА
Успешно ги решавате сите дилеми. Одлуката која ќе ја донесете за вас може да биде од многу големо значење. Ве очекува можност да ја освоите личноста која ви се допаѓа веќе подолго време. Чувајте се од настинки.
ШКОРПИЈА
Може да очекувате дека ќе успеете да најдете решение за деловните проблеми околу вас. Ќе се смирите со личноста која ја сакате. Ако сте слободни, наскоро ќе имате ново познанство. Болки во грлото.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекуваат нови случувања на работно поле. Не сакате да зависите од другите, за вас контролата е многу важна. Партнерот покажува дека сака повеќе време за себе и поголема слобода, а вам тоа не ви се допаѓа. Помал пад на имунитетот.
ЈАРЕЦ
Не сте подготвени за драстични промени на деловно поле, а сѐ што правите оди постепено чекор по чекор. Саканата личност не е подготвена да ви покаже отворено што мисли, а вас тоа ве оддалечува и лади од неа. Потребен ви е сон.
ВОДОЛИЈА
Не сте подготвени за промени на работно поле туку сметате дека ќе ви биде подобро доколку ја задржите оваа работа. Сакате семејство но не сте го пронашле адекватниот партнер за тоа. Дајте си време. Намалете го стресот.
РИБИ
Успешно ќе ги завршите работните обврски. Може да се надевате на многу позитивен ден. Можеби ви се допаѓа некој кој кон вас сѐ уште не покажал симпатии. Немате проблеми со здравјето.
-
Хороскоп23 часаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (10 декември)
-
Македонија2 денаОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
-
Lifestyle1 денЗошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина
-
Временска прогноза13 часаСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Технологија1 ден„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг
-
Автомобили1 денГерманија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година
-
Магазин1 денSamsung Galaxy телефоните добиваат нов модерен „Liquid Glass“ редизајн на почетокот на следната година
